Улогите ги толкуваат:
ТЕЗЕЈ : Атила КЛИНЧЕ
ХИПОЛИТА: Сузан АКБЕЛГЕ
ЕГЕЈ : Тамер ИБРАХИМ
ЛИСАНДЕР : Осман АЛИ
ДЕМЕТАР : Селпин КЕРИМ
ХЕРМИЈА : Несрин ТАИР/Филиз Ахмет
ЕЛЕНА : Слаѓана ВУЈОШЕВИЌ
ПЕТЕР КИНС: Аксел МЕХМЕТ
НИК БОТТОМ: Џенап САМЕТ
ФРАНЦИС ФЛУТ: Неат АЛИ
ТОМ СНОУТ : Ерман ШАБАН
СНАГ : Ријад ТАХИР
СТАРВЕЛИНГ : Тамер ИБРАХИМ
ОБЕРОН: Атила КЛИНЧЕ
ТИТАНИЈА: Сузан АКБЕЛГЕ
ПУК : Салаетин БИЛАЛ
ВИЛА: Росана СТЕФАНОВА
ВИЛА: Сара ЦВЕТКОВСКА
СОНУВАЊЕ НЕВОЗМОЖЕН СОН
Прашањето што денеска значи љубовта, сонот, илузијата, идеологијата не засега сите, а сонот е составен токму од овие елементи. Сонот во некој смисол е и радикален, бидејќи ние го напуштивме сонувањето, кое е дури и демоде. Денес соништата неможеме да ги најдеме на пазарот. Светот на фантазијата, митовите, потсвеста - за мене светот на убавината - е обвиткан со завеса, зад која ретко погледнуваме. Во оваа претстава не сакавме до крај да ги одвоиме стварноста и сонот; во целина претставата можеби е сон на еден стар човек, можеби на Пук, а можеби и на актерот кој го играл Пук. Јас оваа претстава ја гледам како една сфера, во која има уште една сфера и уште една... Сон во сонот сон... Овој сон продолжува се до крајот на монологот на Пук, кој го "позајмивме" од Просперо, бидејќи Просперо истовремено е и Пук, како што Сон на летната ноќ и Бура на места е истиот текст...
Александар ПОПОВСКИ