Глумците заминуваат...сире!....Тивко-бучно, тајно-јавно...случајно или намерно, ненадејно или правно, се откинуваат од магичниот театарски круг... исчезнуваат... остаруваат, па и „паметуваат“. А зошто да не? Учевме во најдобро училиште за смеа и солзи, радост и тага, среќа и мака, вистина и лага, добро и зло, љубов и омраза, за се она што доаѓа од срцето на сите луѓе. Учевме од театарот.Да, театарот подучува, твори слики невидени, раскажува, нахранува, охрабрува, создава јазик разбирлив за сите, создава трајно единство на автори, актери, гледачи, не‘ штити, не‘ засолнува, не’ сака...Генерации глумци заминуваат - театарот останува. Опстојува, пркоси на просторот и времето. Паѓа - се крева, се урнисува - се издигнува, се спротивставува – заздравува. Преживува се: беда, сиромаштија, конфликти, војни, делби, цензури...клучни кругови, чести кризи, смени на генерации – и секогаш истото прашање – „може ли театарот повеќе од ова долу-подолу?“ Театарот му пркоси и на филмот. Кој ќе надвладее? Филмот или театарот? Стравував од доминацијата на филмот. Тој не нуди одживување на туѓиот живот, тој можеби го ослободува гледачот од мака, но и го полни со агресија. Се обидува да создаде илузија кај човекот дека е надчовек. Театарот само го формира човека како човек.
Телевизијата пак го тера гледачот да ги заборави своите маки, порази, а да ги преживува туѓите.Телевизијата го прави гледачот мртов.Гледачот во кино сака да се скрие од светот, да превземе доживувања кои самиот ги нема. Гледачот во театар вистински ужива. Театарот овозможува „игра“, нуди неповторливо задоволство. Театарот го чинат живи луѓе. Филмот нуди одредена приказна, театарот нуди живот. Театарот е уметност на живи луѓе. Театарот е лековит. Ослободува од страв, а ослободен од страв човек живее, се радува, создава, задоволен е. Задоволен човек оди во театар.Човекот на нашево време живее во страв и се‘ прави за да го потисне. Глумецот е тој, кој треба со својата дарба да го растера стравот кај другите, но и кај него лежи тој пусти страв, страв од вчера, од денес, од новото утре, страв од неуспех, од успех... Јас, третиот чинител на трајното единство - автор, актер, гледач, стравувам од новата можна самоцензура кај уметникот. Стравувам и од новата битка на театарот со интернетот.
Театарот за нас е дијалог, интернетот е дијалог на поединецот со светот. Секој прави лажна претстава за себе. Секој има свој Фејсбук профил и секој сака да се презентира и да создаде свој имагинарен свет. Секој свесно или несвесно, става маска, игра своја „игра“, некоја улога во животот – па нели „целиот свет е театар“? А „светот е сцена“ (Шекспир). Најточно ќе прозвучи латинската изрека – Totus mundos agit histrionem! (светот цел во глумење се дал). Во театар, под режисерската рака, глумецот ја отфрла маската, се разоткрива себе си, секоја улога ја откинува од животот, за да биде веродостојна, за да му се верува безрезервно. Во театарот влегуваме како поединци, а твориме како колектив, најразлични претстави... добри, просечни, интересни, зачудни...потребен е долг период за да се појават врвни дела. Тоа е магичен круг...Новото време носи нови предизвици...или можеби се стари?... историските прилики можеби се менуваат, или се повторуваат? Повторно врамени во круг. И битката се повторува,постојано иста. Театарот сака да ја зачува својата моќ, за да може да твори, да креира нов свет, да ѕирка во забранетото, да ја открива вистината...убавината...да ја препорачува и поезијата, толку потребна на овој свет, а глумецот – ќе сака и ќе треба да ја дарува... тоа е и наша мисија – да им ја вратиме на луѓето вербата во соништата...
Снежана Коневски – Руси,
режисер, актер, Македонски народен театар, Скопје
Театарот како светилиште - Шахид Надим (драмски aвтор, новинар)
Ние понекогаш на шега ќе речеме : „лошите времиња се добро време за театар“. Тука не недостигаат предизвици за соочување со нив, контрадикции за изложување и status quo за поткопување. Аџока, мојата театарска група и јас, одевме по тоа тенко јаже скоро 36 години се досега. И тоа навистина беше тенко јаже: да се одржува рамнотежата меѓу забавата и образованието, меѓу истражувањето и учењето од минатото и подготвувањето за иднината, помеѓу слободниот креативен израз и авантуристичката пресметка со авторитетите, помеѓу социјално критичните и капацитетните театри, помеѓу досегот кон масите и тоа да се биде авангарден. Некои би можеле да речат дека оној што прави театар мора да биде маѓесник, волшебник.
Превод на македонски јазик: Сашо Огненовски
Напоредно со негувањето на народните театарски форми, како што се Караѓоз, Медох и Орта ојуну, во средината на XIX век во Турската Империја длабоко навлегле влијанијата на европската културна традиција и театар.
апорите на турската интелигенција да фати чекор со современиот европски, пред сè француски, театар биле најочигледни во политичкиот и во културниот центар на земјата – Истанбул. Откако тука биле направени првите обиди за создавање театар од европски тип, подоцна тие се прошириле и во другите краишта на Империјата, па и во Македонија.