Глумците заминуваат...сире!....Тивко-бучно, тајно-јавно...случајно или намерно, ненадејно или правно, се откинуваат од магичниот театарски круг... исчезнуваат... остаруваат, па и „паметуваат“. А зошто да не? Учевме во најдобро училиште за смеа и солзи, радост и тага, среќа и мака, вистина и лага, добро и зло, љубов и омраза, за се она што доаѓа од срцето на сите луѓе. Учевме од театарот.Да, театарот подучува, твори слики невидени, раскажува, нахранува, охрабрува, создава јазик разбирлив за сите, создава трајно единство на автори, актери, гледачи, не‘ штити, не‘ засолнува, не’ сака...Генерации глумци заминуваат - театарот останува. Опстојува, пркоси на просторот и времето. Паѓа - се крева, се урнисува - се издигнува, се спротивставува – заздравува. Преживува се: беда, сиромаштија, конфликти, војни, делби, цензури...клучни кругови, чести кризи, смени на генерации – и секогаш истото прашање – „може ли театарот повеќе од ова долу-подолу?“ Театарот му пркоси и на филмот. Кој ќе надвладее? Филмот или театарот? Стравував од доминацијата на филмот. Тој не нуди одживување на туѓиот живот, тој можеби го ослободува гледачот од мака, но и го полни со агресија. Се обидува да создаде илузија кај човекот дека е надчовек. Театарот само го формира човека како човек.
Телевизијата пак го тера гледачот да ги заборави своите маки, порази, а да ги преживува туѓите.Телевизијата го прави гледачот мртов.Гледачот во кино сака да се скрие од светот, да превземе доживувања кои самиот ги нема. Гледачот во театар вистински ужива. Театарот овозможува „игра“, нуди неповторливо задоволство. Театарот го чинат живи луѓе. Филмот нуди одредена приказна, театарот нуди живот. Театарот е уметност на живи луѓе. Театарот е лековит. Ослободува од страв, а ослободен од страв човек живее, се радува, создава, задоволен е. Задоволен човек оди во театар.Човекот на нашево време живее во страв и се‘ прави за да го потисне. Глумецот е тој, кој треба со својата дарба да го растера стравот кај другите, но и кај него лежи тој пусти страв, страв од вчера, од денес, од новото утре, страв од неуспех, од успех... Јас, третиот чинител на трајното единство - автор, актер, гледач, стравувам од новата можна самоцензура кај уметникот. Стравувам и од новата битка на театарот со интернетот.
Театарот за нас е дијалог, интернетот е дијалог на поединецот со светот. Секој прави лажна претстава за себе. Секој има свој Фејсбук профил и секој сака да се презентира и да создаде свој имагинарен свет. Секој свесно или несвесно, става маска, игра своја „игра“, некоја улога во животот – па нели „целиот свет е театар“? А „светот е сцена“ (Шекспир). Најточно ќе прозвучи латинската изрека – Totus mundos agit histrionem! (светот цел во глумење се дал). Во театар, под режисерската рака, глумецот ја отфрла маската, се разоткрива себе си, секоја улога ја откинува од животот, за да биде веродостојна, за да му се верува безрезервно. Во театарот влегуваме како поединци, а твориме како колектив, најразлични претстави... добри, просечни, интересни, зачудни...потребен е долг период за да се појават врвни дела. Тоа е магичен круг...Новото време носи нови предизвици...или можеби се стари?... историските прилики можеби се менуваат, или се повторуваат? Повторно врамени во круг. И битката се повторува,постојано иста. Театарот сака да ја зачува својата моќ, за да може да твори, да креира нов свет, да ѕирка во забранетото, да ја открива вистината...убавината...да ја препорачува и поезијата, толку потребна на овој свет, а глумецот – ќе сака и ќе треба да ја дарува... тоа е и наша мисија – да им ја вратиме на луѓето вербата во соништата...
Снежана Коневски – Руси,
режисер, актер, Македонски народен театар, Скопје
Театарот како светилиште - Шахид Надим (драмски aвтор, новинар)
Ние понекогаш ќе речеме на шега: „лошите времиња се добро време за театар“. Тука не недостигаат предизвици за соочување со нив, контрадикции за изложување и status quo за поткопување. Аџока, мојата театарска група и јас, одевме по тоа тенко јаже скоро 36 години се досега. И тоа навистина беше тенко јаже: да се одржува рамнотежата меѓу забавата и образованието, меѓу истражувањето и учењето од минатото и подготвувањето за иднината, помеѓу слободниот креативен израз и авантуристичката пресметка со авторитетите, помеѓу социјално критичните и капацитетните театри, помеѓу досегот кон масите и тоа да се биде авангарден. Некои би можеле да речат дека оној што прави театар мора да биде маѓесник, волшебник.
Превод на македонски јазик: Сашо Огненовски
KAMU BİLDİRİSİ
Hükümetin, Corona virüsü durumu nedeniyle aldığı yeni kararlardan dolayı,
M.K. Türk Tiyatrosu Üsküp repertoar oyunları iptal edecektir.
Anlayışla karşıladığınız için teşekkür ederiz.
Saygılarımızla Milli Kurum Türk Tiyatrosu - Üsküp
https://vlada.mk/node/20446?fbclid=IwAR0i-nJ-l54c9rLQcMQX6fbUvDoRR5wsk7D7kKQGc_fxZPnosFgfp-VtO6c
XIX. yüzyılın ortasında Türk Halk Tiyatro geleneği içinde başta gelen Meddah, Karagöz ve Ortaoyunuyla birlikte, Osmanlı İmparatorluğunda Avrupa tiyatro kültür geleneğinin de etkisi görülür.
Türk entelektüel kesim arasında olduğu gibi, çağdaş Avrupa tarzı tiyatrolar arasında herşeyden önce Fransız tiyatrosunun etkisi, daha çok İstanbul’da siyasi ve kültür merkezlerinde de belirgin bir şekilde hissedildiği görülür. Avrupa ve Batı tarzı tiyatroların, Türk tiyatro kültürüne aktarılması yönünde ilk adımlar atıldıktan sonra, zamanla bu tiyatro kültürü İmparatorluğun diğer bölgelerine de yansır, dolayısıyla Makedonya’da da etkisi görülür.