Турскиот ансамбл сезоната ја отворила со „некој друг“, претстава во која имаше неколку интересни актерски остварувања, од кои особено се издвоија оние на атила клинче и на перихан туна-ејупи. својот текст „некој друг“ авторот ергун сав го комплетирал со создавање три посебни драмски целини, меѓу себе поврзани во основната замисла. изведбата со седуммина актери беше од камерен вид, се играше на сцената заедно со публиката.
Во првата годинашна премиера „Хурем султан“ настапија Бедија Беговска, Мустафа јашар, атила клинче, перихан туна-ејупи, елјеса касо и други. својот зла- тен јубилеј, 50 години од основањето, турската драма го одбележа со одржување тркалезна маса на која учествуваа повеќемина театарски работници од колективот, но и проследувачи на театарскиот живот кај нас кои имаа свои излагања поврзани со работата на театарскиот колектив. турската драма, покрај континуираното следење на драматургијата на турски јазик, и` посветува нагласено внимание и на презентацијата на македонската драм- ска литература. Досега во репертоарот на ансамблот беа вклучени со по едно или повеќе дела коле Чашуле, томе арсовски, Горан стефановски, јордан плевнеш, славко јаневски, ристо Давчевски, владимир плавевски, Борис вишински. Годинава ним им се придружи и венко андоновски, со „Бунт во домот за старци“. Димитар станкоски, почест гостин во ансамблот, и овојпат реализирал мошне впе- чатлива претстава, со грижа текстот да прозвучи актуелно и инвентивно. придонес во претставата, пред сè, дале „одличниот елјеса касо“ (управник на затворот) со сигурниот партнер, Зиба радончиќ и со не помалку ефектните епизоди на Бедија Беговска, ердоан Максут и посебно Мустафа јашар, во придружба на студентите на ФДу несрин тахи и неџат али. според иван ивановски, изведбата можела да се оцени како уште „едно мошне успешно претставување на ансамблот пред својата пасионирана публика“. театарскиот критичар тодор кузмановски во својот осврт на радио скопје вели дека режисерот понудил претстава која „докрај не ги ефектуира можностите што ги нуди текстот. се сведува на просто репродуцирање на драмската предлошка“. наспроти групните сцени, паралелно тече и драмата. управителот на домот мину- ва низ разни расположенија, при што доминира незадоволството од себе, од око- лината, од судбината, но и низ фрустрациите од разновиден карактер кои се пре- точуваат во насилство. ова последново е „прилично застапено во креацијата на ликот на управителот од страна на елјеса касо, особено во неговите односи со сестрата ана (Зиба радончиќ). елјеса касо неоспорно покажува афинитет и слух за сложеноста на ликот во кој се прекршуваат основните пораки на лошо уредениот свет. ведрината во делото доаѓа од креациите на парот сестра Мери и рударот, при што актерката перихан туна „со сигурен и непосреден приод, со својата природ- ност и умешност, ја плени и ја разбранува публиката, предизвикувајќи живи реак- ции“. Групата старци која бессилно ќе се побуни, со што бунтот станува комичен, ги вклучува креациите на Мустафа јашар (Генералот), Џемаил Максут (касапот), ердоан Максут (Грофот), Бедија Беговска (академикот) и наџи Шабан (попот Милош). оваа година Драмата постави пет премиери. „искрените“ од Мариво првпат е поставена на професионалната сцена кај нас, во режија на владимир Милчин. претставата е реализирана во драматизација на реномираниот режисер од словачка владимир стрниска. тоа е доста „светла, прозрачна и миловидна извед- ба, која нè пренесе во сферите на ведрината, но истовремено и нè подзамисли за многуте човечки слабости, заблуди, лудории, изразени во неизбирањето средства во интегрирањето, безочноста, преправањето итн“. комедијата се одвива во рам- ките на водвиљски конципираното дејство. режисерот владимир Милчин настојувал да го следи оригиналот по секоја цена. карактерите на јунаците, иако произлегуваат од авторовото време, сепак имаат и заедничко и за сензибилитетот на современиот гледач. свежината во претставата Милчин ја овозможил со вклучување во проектот на тројца студенти од ФДу „означувајќи го на тој начин доаѓање- то на ’новата пролет“ на турската драма. инаку режисерот Милчин „ја води пре- тставата сигурно, разиграно, ненаметливо“. актерската екипа ја сочинуваа елјеса касо (ергаст) која беше стожер на претставата, ердоан Максут (Фронтен) со гриж- ливо „изработување на партитурата на улогата“ и Зиба радончиќ (лизета), која оствари „доста заокружен комичен карактер“. тројцата актери „ликовите ги издиг- наа до поцелосна концепција“. Другото трио го комплетираа студентите Филиз ахмет, Несрин Таир и ертан Шабан. тие беа на нивото на поставените задачи, изгра- дувајќи „мошне свежи и амбивалентни комедиографски ликови и покажувајќи го јасното значење на внатрешниот згуснат ритам при конципирањето на ликовите“. со симултаниот превод, што е редовна практика во турската драма, премиерата на „искрените“ предизвика максимално интересирање, заклучува на крајот од напи- сот иван ивановски. режисерот јуџел ертен како да не знае да направи лоша претстава. познат по антологиската претстава на турската драма „кавкаски круг со креда“, претставата „куќа на граница“ ја сместил под сцената на место кое често се користи за изведби од камерен вид. тој во претставата внел понов дух и фантазија, на убави сценски решенија и изненадувања од режисерот и од актерската екипа. со неопходната мерка и такт, ертен, кој е и автор на адаптацијата на текстот, ликовите и збиднува- њата во нив, ги извлекува од автентичното авторово милје и ги пренесува на наше поднебје, на наша почва, без да загуби пиесата од својот длабок сатиричен засек“. тројцата цариници говорат на турски, албански и македонски јазик, пиесата како да е пишувана за нас, со што добива повеќе во својата актуелност. претставата се одликува со хомогеност и прецизна уиграност, „динамична кондензираност и сценски континуитет, дотолку повеќе што режијата пројави чувство на голема одговорност за сите елементи на претставата.“ сето ова се остварило во соработ- ката на режисерот со изведувачкиот состав „во една динамично кондензирана, цврста, стегната изведба, која трае нешто помалку од еден час и не може да се игра поинаку освен инспиративно, полетно, свежо повеќеслојно. одличната креација на Бедија Беговска (свекрвата) „со својата кристално јасна и методолошка прецизност во играта, со својата неусиленост и мајсторство на говорната фраза, со чувство за стил, се чини, најмногу покажа и докажа како и со наједноставни средства може да се постигне максимумот во играта, да се извлечат повеќе слоеви во креацијата, да се стигне на патот до најпрефинета игра“. салаетин Билал и Мустафа јашар (цариниците) ги оствариле ликовите со „сочна и полнокрвна комика, прикажувајќи ја апсурдноста во која се затечени“. убаво и функционално се вклопиле во извед- бата тројцата делегати, потоа шверцерот и офицерот како и сите други. „куќа на граница“ е претстава, еден вид меѓник во историјата на турската драма која долго се памети. исто така кон крајот на годината е реализирана и претставата „Мачето и паљачото во режија на Мустафа јашар, улогите ги толкуваа Филиз ахмет и Џенап самет. праизведбата на „Малечката“ од младата актерка сема али фасцинира со искре- ност и емотивност во стилот и начинот на исцртувањето на најсуштествениот про- блем на генерацијата што зачекорува во реалниот свет на љубовта, искреноста и вистината, но огледалата исчезнуваат оставајќи искривени одрази и тајните, и ѕидови и зад нив повторно ѕидови, и зад нив уште ѕидови во недоглед, ја започну- ва рецензијата сандра титизова. како што сема али го бара малиот отвор на надеж- та, така режисерот Димитар станкоски ја отворил сценската димензија на овој крик во форма на илузична опредметеност. сема али создала карактер во кој невиноста и љубовта стануваат сатански грев, создавајќи личност осудена на прогонство меѓу небото и земјата... режисерот го гради ставот во безвоздушните простори каде што ги води актерите градејќи психолошки затвор во кој преку длабоко емотивна изведба Филиз ахмет ја оживотворува Малечката „како симбол на револт што енергично се престорува во протест на една генерација за правото на живот, за правото на љубов, за правото барем на уште една тајна“. во таа слепа улица се појавил роберто (сртан Шабан). и сите повторно трагаат по вистината, по љубовта. и сузан акбелге, и Зекир сипахи, и несрин таир, и Џена самет, и Мустафа јашар, и ердоан Максут, и неат али, „од сите нив избива исклучителна решеност да се истрае, несебично трошејќи ја својата младост и актерски талент, а притоа покажу- вајќи голема енергичност и способност на вистински начин да се насочи емоцијата, којашто преку усетот за приспособување и канализирање во зависност од емотив- ниот конфликт и ситуација во која запаѓа нивниот карактер, ја преминува рампата и на гледалиштето му ја открива нивната последна тајна – надежта“. и валентин светозарев, со затворот во кој нè внесува животот, и Благоја Ми цев - ски, со костимографските концепции со милитантни временски назнаки, извонред - но се вклопени во музичката подлога на венко серафимовски. Музиката ја следи актерската емоција, „градирајќи од суптилност до експлозивност слевајќи се од сцена во сцена и заокружувајќи го авторовиот, режисерскиот и актерскиот став. оставете го барем детето чисто, оставете му ја љубовта и надежта. тоа, како и сите ние, има потреба од барем уште една тајна“, вака на крајот крикнува со својот апел рецензентката титизова.
„Малечката“ ја комплетираат 11 кратки сцени, а режисерот ја сместува во голе- ма железна конструкција која асоцира затвор. авторката на текстот и поголемиот број учесници се студенти на ФДу од турската класа што ја води елјеса касо – Филис ахмет, Несрин Таир, ертан Шабан, Џенал самет и други. Забележлива беше улогата на Филис ахмет во насловната улога. охрабрувачко деби, мошне осмислена поста- новка, мошне хомоген изведувачки состав е глобалниот впечаток од претставата „Малечка“. едночинките „Мечка“ и „просидба“, од Чехов во режија на дебитантот војо цветановски кому ова му беше дипломска претстава, одел по широчина, трагал по послободно транспонирање на драмскиот материјал, вклучувајќи и десетина други ентузијасти за да добие текстот посовремено звучење, проекција во вид на спектакл. Дипломската претстава најави несомнено режисерско талентирано присуст во, со презентирање жива и разиграна претстава, која наиде на одличен прием кај публи- ката, која убаво се разонодуваше, а на крајот изведувачите ги награди со дол ги спон- тани аплаузи. во носителите на единствените три улоги ердоан Максут, Зиба Бекир- радончиќ и наџи Шабан, како и останатите учесници, режијата наишла на одлична соработка и на поддршка, од што резултатот е содржајна игра. акценти на комична вдахновеност и прецизност оствари наџи реџеп и со другите двајца прет ста вуваше мошне уиграно актерско трио, ја завршува рецензијата иван ивановски.
Режисерот коле ангеловски во постановката на најдолгата комедија на Фејдо „Дамата кај Максим“ се определил за сценската адаптација на Бедија Мухавир и ризу Забу од турција, верзија која ригорозно го крати текстот и ликовите и која го доближува амбиентот до менталитетот на турскиот човек... оттука и промената на насловот во „аман да не чуе жена ми“. ангеловски создал со фино чувство за рафинман и стил, изведба со убаво темпо, која се следи со интерес. полетната екипа: сузан акбелге, Фунда ибрахим, Зиба радончиќ, Филич ахмет, Мустафа јашар, ердоан Максут, наџи Шабан, Џенап самет, неат али и тамер ибрахим, оства- рила успешни креации и настапија мошне уиграно и свежо. посебна динамика и шарм внесоа акбелге и Фунда ибрахим, а двете заедно со извонредниот ердоан Максут и секогаш солидниот Мустафа јашар го сочинуваа „моторот“ на изведбата, вели иван ивановски.
Најстариот еп на светот, епот на Гилгамеш, возобновен во форма на голем сцен- ски спектакл, во режија на Дејан пројковски преку средствата на современиот сценски јазик, танцот и ритуалот, донесува мистична приказна за потрагата по бес- мртноста. пројковски тргнува од Гилгмаеш како лик, притоа следејќи го сижето на епот од почетокот до крајот. режисерот преку Гилгамеш проговара за есенцијал- ните проблеми на човекот, тој во себе носи универзална димензија. тоа е обемен сценски спектакл со околу 30 актери, а во насловната улога елјеса касо и покрај него атила клинче, Мустафа јашар, салаетин Билал, перихан туна, Бедија Беговска, Зиба радончиќ, сузан акбелге и други. визијата да ја прикаже раздвоеноста, поделеноста и скриеноста на човекот, режисерот александар поповски ја сместува меѓу јунаците од „Бура“, како и идејата за прецизна игра која за контекст ја има магијата. во неа е прецизно одбрана и мак- симално определена и реализирана играта на Бедија Беговска (просперо), елјеса касо (Фердинанд), сузан акбелге (Миранда), на Филиз ахмет (ариел) како и на салаетин Билал (алонсо), тамер ибрахим (себастијан), атила клинче (антонио), Мустафа јашар (Гонзало) несрин таир (калибан) и Џенап самет (тринкулио). на почетокот сите се кријат еден од друг, но постепено, некаде кон крајот на претставата се гледаат, се препознаваат. Дотогаш комуницираат само со очите. сè друго е непознаница – жените под црната мантија со фереџиња, мажите под црни мантили за дожд со ќулавки на главите. сите ги врзува младоста, љубовта меѓу Миранда и Фердинанд кои припаѓаат на семејства што не се сакаат. сред тој поде- лен свет, мачна, темна, полна со магија атмосфера, лебди духот на вилата ариел. претставата почнува со ариел што поповски го идентификува со прашокот за перење кој се сипа во машината за перење. почнува перењето на духот, на затво- рените светови, состојби, на возење во круг (Фердинанд со велосипед); на мисте- ријата во дебелата црвена книга „капитал“ од карл Маркс. на поповски коавтори му се Благој Мицевски, кој го изготвил дизајнот и кој точно комуницира со негова- та идеја, успешен дел од изведбата е и музиката на кирил Џајковски во која вока- листката вера Милошевска со прекрасната интерпретација на песните ја затвора квадратурата на кругот во кој сме ние, или, како што поповски резонира, Маке до - нија како оаза на мирот. режисерот Љупчо Ѓорѓиевски прави транскрипција на класичниот текст на „цар едип“ преточувајќи го на модерен сценски јазик близок на современиот гледач. новата реалност и современите алузии ќе бидат најавени во воведните сцени преку ефектната и драматична музика на Горан трајковски, преку монументалниот декор на валентин светозарев, што претставува рударско окно во кое се случуваат ужасните слики на светот. ваквиот пристап им придал на ликовите поширока смис- ла (така хорот и софокле најпрвин се појавуваат како рудари, па потоа како коман- доси и слично). Зрелоста Ѓорѓиевски „ја постигнува со филозофското осмислување на драмскиот материјал, со енергичната и јасно спроведена идеја за што, се разби- ра, е неопходен изведувачки состав, способен да реализира најсложени сценски дела“. елјеса касо (едип) „со динамична експлозија во злокобната градација при- качувајќи го ликот како модерен апсурден јунак, како една човечка бесмисла, како суштество што се наоѓа во бездна без дно. поради доминантноста на улогата и силината на нејзиниот интерпрет, во некои сцени се имаше впечаток како да при- суствуваме на возбудливо монодрамско остварување“. Бедија Беговска (јокаста) „беше проткаена со фина внатрешна мисловна проекција, без пошироки гестови, силни гласовни модулации“. Другите ролји на атила клинче, салаетин Билал, перихан туна, Мустафа јашар, секир сипахи и селпин керим, како и хорот беа одлично „отсвирени“ како на една жица, ја завршува рецензијата иван ивановски објавена во весникот „време“ на 25 јануари 2005 година.
театарот на народностите во 2004 година се пререгистрира и од него произле- гоа два одделни ентитета – турски театар и албански театар. Зградата му е доделена на албанскиот театар, додека турскиот ќе добие нова и ќе се дислоцира. До целосно реализирање на проектот за новиот турски театар, ансамблот продолжува да ги користи своите стари простории и да игра претстави на сцената на театарот на Бит-пазар. локацијата на новиот турски театар е добиена кај просторот до новата Железничка станица, на местото на поранешното балетско училиште, а проектот е во фаза на изработка на идејно решение за театарот. оваа година видовме три премиери: „азизнаме“ од азиз несин, во режија на јуџел ертен, „игра на слободата“ од адем атар и „тимон атињанин“ од Шекспир во режија на Бранко Брезовац, во копродукција со народниот театар од Битола и Laboratorio Nove, Firenca. *на 26 јуни во скопје почина Љутви сејфула, актер и режисер, кој за својот 40- годишен творечки пат играл во над стотина претстави од познати светски домаш- ни и светски автори, од кои најголем дел во неговата матична куќа театарот на народностите – турска драма, но и во многу други театарски куќи. роден е во 1926 година во Дуќанџик, маало во скопје, а првите сознанија и наклоности кон театар- ската уметност ги стекнал за време на рамазанските вечери во Деве-хан, каде што Фаик-ага приредувал Хаџиват, караѓоз игри. како професионален актер и режисер работел од 1951 година. играл на турски, македонски и албански јазик, автор е на повеќе драмски текстови и новели. Добитник е на повеќе награди.* претставата „азизнаме“ е со колажен карактер, работена според хумористичко- сатиричните текстови на авторот, во режија, адаптација, сценографија и кости- мографија на угледниот режисер од турција јуџел ертен. публиката ја прифатила претставата како кабаре со чести аплаузи и на отворена сцена. кога ваков текст, сатирично-хумористичен паноптикум, ќе се најде во рацете на режисер каков што е јуџел ертен, вели иван ивановски, тогаш доживувањето не може да биде неком- плетно, реализацијата да не биде поетична, да нема сила и цврстина, жар и твореч- ка инспирација. ертен не оставал ништо на случајот, сè било изработено со мину- циозност, објаснето и протолкувано и блиско до гледачот, постигнувајќи го тоа преку десетте различни „приказни“ и сонгови, адаптирани кон песните што се пеат и се омилени кај населението од турска националност во земјава. во проектот се вклучени осум актери од три различни генерации, што им овозможи да создадат амбиент за пријатна, непринудена атмосфера. тие, од еден во друг лик, од една во друга ситуација, со голема леснотија успеаја да и` дадат смисла и физиономија на претставата, вешти и во овој вид мотиви, сè што е човечко да прозвучи и комично. оваа задача со голем успех ја остварија водечките актери салаетин Билал, Мустафа јашар и елјеса Kасо, како и извонредните млади и талентирани актери. според критичарот ивановски, психолошката драма „игра на слободата“, може- би е најдобра постановка на јуџен ертен. Девет жени, затворенички, живеат во сонот за она што може и што сакаат да им се случи кога еден ден ќе излезат на сло- бода. сонот го претвораат во инфантилна игра. во претставата што се игра на сце- ната заедно со публиката, гледачите стануваат дел од тој голем сон за слобода – на едно место ќе се најдат интелектуалка, една брлива, избувлива, не баш контроли- рано суштество. вo судирот со реалноста прикажан низ чести, едноставни и јасни, но не буквални линии, „без трага од екстравагантност и формални егзибиции, со докрај осмисленa и прецизнa мизансценa, со сигурно водење на драмското дејст - во“, ертен го прикажал калеидоскопот на малочовечки радости но и na големи раз- очарувања. тој ја завршил претставата експресивно и возбудливо, со поетска визија за животот. Голема поткрепа режисерот имал во актерскиот тим кој претставувал убав спој на младоста и искуството, со внесување свежина и непосред- ност. перихан туна, Бедија Беговска, Мукерем Билал и Зиба радончиќ импонирале со зрелоста во играта, а помладите сузан акбелге, Филиз ахмет, несрин таир, наџие Хасан, Фунда ибрахим и Батухан инрахим внесувале свежина и непосред- ност во остварувањето на ликовите. според критичарот тодор кузманов, со претставата „тимон од атина“ во режија на Бранко Брезовац, конечно македонската театарска сцена прими трансфузија на нова крв. необичната и изненадувачки оригиналната инсценација на Шекспир, предизвика силни позитивни реакции. сместени во т.н. контејнери на тркалца, гле- дачите беа транспортирани од еден на друг крај на холот на Младинскиот културен центар, а секое поместување носешe ново доживување и изненадување. Блиските средби со актерите, можноста да се чуе шепот на увото, да се помириса потта, да се дојде во контакт со телото на артистите, ја прават претставата перформанс на живи тела и енергии. работена со три различни театри, актерите говореа и пееја на три различни јазици, со единствена смисла да се говори за мааните на човекот, да се потенцираат лакомоста, суетата, расипништвото, како фундамент на општествена- та реалност. колективноста, истрајноста, тешките физички задачи на артистите воодушевуваа. сето ова докажува дека имаме актерски кадар кој покрај научениот текст, има кондиција, ориентација во просторот и чувство за колективност. „тимон од атина“ е „извонреден начин и цврст поттик да се почне една нова ера во маке- донскиот театар, ера на смели, инвентивни театарски дејци отворени за експери- мент“. од турската драма, во претставата со голем успех настапија салаетин Билал, елјеса касо, селпин керим, атила клинче и несрин таир. оваа година имаше само две премиери, и тоа „евнух“ од теренциј во режија на коле ангеловски и „тартиф“ од Молиер во режија на Дејан пројковски. коле ангеловски е легитимиран со посебен афинитет кон комедиографскиот жанр, така што со комедијата „евнух“ е на „свој терен“. тој создава урнебесна пре- тстава чија основна цел е да ја забави и релаксира публиката што го постигнува со темпо-ритамот кој е динамичен, на моменти фуриозен, но сепак не прави пого- леми иновации, туку се задоволува со конвенционална и непретенциозна извед- ба. „евнух“ на ансамблот и на режисерот го оживува античкиот свет на хетери, слуги измамници, нескротливи синови, преубави девојки, војници, чиновници. тие градат најразлични односи кои неочекувано ги менуваат правецот и целта. Љубовта на браќата Федрија и Хајреа минува низ перипетии, но на крајот ќе заврши добро. Женските ликови ги толкуваат актери, и обратно, што ја зголему- ва провокацијата за актерски креации. претставата врие од енергија и преда- ност. Доминантната вербална комика наидува на убав прием кај публиката, која аплаудираше и на отворена сцена. актерите несрин таир (Федрија), Филиз ахмет (Хајреа), Фунда ибрахим (војникот Фалбаџија трасон) и Зиба радончиќ (Гнатон) креирале интересни и профилирани ликови, навестени и преку маските и кости- мите. селпин керим (куртизаната таида) и Џенап саме (питија) заокружуваат амбиент на заплети и забуни, а половата измешаност води до симпатични актер- ски проблесоци. комедија дел арте на брехтовски начин лежи во основата на најновото дело на режисерот Дејан пројковски. Молиер е еден од творечките текстови за секој режи- сер. Главната тема во „тартиф“ е лицемерството или избегнувањето да и` се погле- да на вистината в очи. тргнавме, вели пројковски, зошто тој лицемер успева меѓу нас? Дали во претставата „тартиф“ е најголемиот лицемер? втората тема низа пре- тставата е религијата, односно како таа станува средство за масовна манипулација на луѓето. правиот обид една комедија дел арте да се претстави на брехтовски начин. и оваа претстава ги има предзнаците на спектакл. во претставата можеа да се видат и видео-проекции, како и музика во живо. режијата на пројковски го следи текстот, го исфрла непотребното во текстот и неколку лика, во вакво време побитни му се хипокризијата, лицемерието, измами- те, манипулациите на и во средината. сцената е отворен простор со „платна“ од не - он ски светилки, метална конструкција со шест прегради, горна платформа и еден отвор на просцениумот од кој од подземјето доаѓа тартиф. елјеса касо (тар тиф), Мустафа јашар (оргон), Бедија Беговска (елмира), Џенет самет (Дамис), Филиз ах - мет (Маријана), тамер ибрахим (клеонт) и несрин таир (Дорина) преку силна дис- циплина и содржински кореографски движења на кренаре невзати, го следат кон- цептот на пројковски. резултатите во турскиот театар не се од вчера, туку од многу поодамна, а перио- дот за собирање на плодовите е константен. ансамблот го интересира успехот на претставата, не на поединецот и така сите добиваат. Човечките односи се на виси- на, меѓусебно се почитуваме и се радуваме на успехот на секој актер. За чувстви- телни работи, вели Мустафа јашар, знаеме да се консултираме, да го најдеме најдоброто решение. во оваа година подготвени се две премиери. „поблиску“ од патрик Марбер, во режија на Мартин кочовски, е реално шоу во кое низ интеракцијата на четирите лика се вивисекцира проблематиката на конфликтот меѓу вљубувањето и љубењето. се говори за зависноста од вљубу- вањето и неподносливата леснотија на љубењето. претставата не се игра на сце- ната, туку во друг простор, а публиката ја гледа проекцијата во живо. режисерот вели дека го открил совршениот баланс меѓу театарската игра и играта пред камера. целата претстава не се гледа на видео бим за да не се загуби ефектот на живата игра. текстот првин е игран во Драмски театар, во режија на слободан унковски, уште во 1999 година. „поблиску“ е трогателна приказна за љубовта, страста и сексот на современиот човек. текстот се сфаќа како метафора, вешта форма за изразување на отуѓеноста на луѓето и нивната оддалеченост. Близината останува желба, која сè потешко се постигнува, близина која добива виртуелна замена во интернет технологијата. овие карактеристики се содржани во сложените односи меѓу четири лика кои стапуваат во врски и односи кои зна- чат љубов но и прељуба, друштво и осама. на крајот остануваат очајот и трагич- ниот крај. ништо нема совршено, ниту цивилизацискиот дострел, бидејќи чове- кот останува жртва на сопствените производи и изуми. режисерот акцентот го става на деликатните односи на вљубувањето, па во постановката провејува поетичност која е контрапункт на разорувачката реалност. Филиз ахмет (алис) „е флуидна, заводлива, игрива“. несрин таир (ана) „е нешто поодмерена и кај неа ќе преовладее осамата“. неат али и селпин керим (Ден и лери) се две современи момчиња подложни на каприците на времето кои се впуштаат во разнообразието на љубовните перипетии, вели тодор кузманов во емисијата емитувана на радио скопје по повод премиерната изведба на „поблиску“. театарскиот чин како готов производ-претстава е еднаш засекогаш даден резултат на сцената и она што публиката како краен консумент и судија може да го види. но, отсекогаш љубопитноста е голема за она што се случува зад сцената. тоа љубопитно око во пиеса го претвори Мајкл Фрејн, кој ги слика збрките и тен- зијата што го прават најсветиот чин на актерот, режисерот, сценографот во претставата „Зад кулисите“ во режија на Драгана Милошевска-попова. актерите својата „невозможна мисија“ ја извршиле максимално добро. Бедија Беговска (Доти) уште еднаш покажала дека знае и надмено, но и суптилно, ненаметливо да владее со сцената. со енергичност се наметнал импулсивниот Џенап самет (лојд Даглас, режисер) како и режисер на сета збрка, а секако дека било потребно и искуството на Мустафа јашар (селсдон), пред сè поради сигурноста на неговите колеги. Многу интересна ролја остварил несрин таир (попи), фино дозирана и во хумореската и во „сериозната“ лутина. не помалку значајни биле Филиз ахмет (Брук) и Љуран ахмети (Гери), неат али (Фредерик), а особено интересна епизода остварил един јакуповиќ (тим). сценографијата на Беди ибрахим, иако оскудна, е функционална, а во целиот тој динамичен ролинг се вклопува и музиката на огнен атанасовски и речиси незабележливо, но успешно поставената кореогра- фија на васил Зафирчев. прва премиера во оваа година беше „Женички“ од тунџер Џуџеноглу, во режија на наташа поплавска. во оваа приказна има чувства, спомени, болки, наместени насмевки, изнудена љубов, но и простор за покајание, поглед кон желбите скрие- ни, сè додека не заболи „до коска“ и не умреш од љубов, за „животот“ слободен, раз- вратен, болен; тука се и сведоците, постојано присутни, „прислужниците“ апо и парлак. тие го следат светот на инши, нериман, Мехтал и Хајрие. Драмата е про- филирана како мјузикл, и тоа доста успешно, со експонирање на гласовните и пеач- ки, покрај солидните актерски способности. направен е интересен склоп на дра- мата, сонгот, музиката, играта, театарот и дејството. тука помогнал видео-бимот како поддршка на празната сцена. така, помалку низ драмски ефекти, а повеќе низ танц и музика, видео-ефекти и сонгови тече приказната за заробеничките на нару- шените морални норми. сè на сè, една симпатична заокружена, уедначена и стил- ски дотерана продукција на турскиот театар. по премиерата на „охридско лето“, одржана е и скопската премиера на „ромео и јулија“, вонредно театарско доживување кое на публиката во моменти сосема и` го одземала здивот „со својот препознатлив и веќе етаблиран режисерски рако- пис Дејан пројковски прави осовременето жестока драма, во која на површината излегуваат есенцијалната идеја и поттекст во кој се слави љубовта“. Дејството го редуцира, делумно го раскажува низ сонгови со соло-хорски изведби и го сведу- ва на игра на само шест ликови. Драма полна со енергија, страдање и со лиричност на кои им дава мера, ги денфува толку за да не се престорат во патос. претставата ве ежи, ве разгалува. антологиските сцени на балконот, на балот, на разделбата, сцената во која капулети ја убедува јулија да се откаже од ромео беа феноменал- но изведени. Горан трајковски направил драматична музика која самата по себе е дејство, создава оригинална подлога со дискретно цитирање на прокофјев, осо- бено со употребата на хорните, на моменти со призвук на ориентот, на моменти модерна. сценографијата – ултрамодерна. ретко видено. од сцената создал гео- метриски тела кои се движат во сите правци и ротираат, што е во функција на актерската игра. а тие се најубавиот дел од приказната. Младата талентирана актерска екипа правела чуда: „пее, игра, дуби и виси на глава, се качува и се сим- нува, се врти и врти и притоа глуми. Глуми одлично. накратко, се работи за фанта- стична актерска игра, особено на ударната тројка Зубејде селимовска (јулија), селпик керим (ромео) и Џенап самет (капулети). „’ромео и јулија’ е, се чини, еден од оние исклучоци во нашиот главно демоде и зачмаен театар, кој го следи она што е светски тренд: тотален театар без пардон. притоа облагороден со фина, наша, балканска емоција“ ја завршува рецензијата Даниела стојановиќ со наслов „светски модерно, (по) нашински емотивно“, објавена во веникот „вест“ на 21 октомври 2008 година. романтичната комедија „леонс и лена“ е убава лирска експозиција во бајковита форма насловена како „лирска лудост“, исполнета со иронија и цинизам, но и со фантазија и поезија, претставува убаво репертоарско освежување. режисерката Драгана Милошевска-попова не сакала да се идентификува со театарските конвенции „раководејќи се од желбата за ослободување од сцен- ските шаблони, со интенција на изведбата да и` обезбеди еден посовремен сценски сензибилитет“. поинаква од постановката не била ни играта на акте- рите – млака, рутинска, не многу амбициозна. улогите со различен успех ги толкувале Зубејде селимовска, един јакуповиќ и осман али во насловните улоги а и другите. во доста тешки просторни услови за работа, театарот жилаво се бори за одр жува- ње на репертоарот, како и за збогатување со проекти кои зрачат со своето значење. тоа се гледа и со новиот проект – праизведбата на трагикомичната фантазија „сијах калем“ („црниот молив“) од илхами емин и јордан плевнеш со стручниот соработник рифат емин и режисерот владо цветановски. сите тие конципирале драмска поема возбудлива за големиот турски сликар сијах калем (XV век), чиј идентитет не е познат. неговата филозофија, животна одисеја и сликарската магија на авторите нè воведу- ваат во светот на експлозија од бои и звуци, ритами, танци и друго. тие создале драм- ска структура која доби сценски облик во рацете на режисерот, особено експониран во доменот на визуелниот театар. цветановски инсистирал на поетските вредности кои живеат низ чувствата на ликовите, со звучно-ликовен запис на нашите соништа, за минатите вековни премрежија, постигнувајќи ја посакуваната поетска театралност и современост. претставата почнува во фоајето на театарот со сликарот сијах калем (елјеса касо), кој им ја доближува магијата и убавината на сликањето. претставата продолжува на сцената заедно со публиката. во претставата со дваесетина актери со вистинско задоволство ги следевме простудираните креации на постарите актери, предводени од елјеса касо, потоа Бедија Беговска, салаетин Билал и Мустафа јашар, кои толкуваа по неколку улоги, но и младите актери, кај кои „клокотеше голема тво- речка енергија“: сузан акбелге, несрин таир, Зубејде селимовска, ексел Мехмед и други. изведбата со несомнени вредности во сите нејзини компоненти апсолутно го заслужи долготрајниот аплауз. не се помни на сцената на турскиот театар толку долг, срдечен и спонтан апла- уз како јубилејната, би рекол антологиска, изведба на пиесата „куќа на граница“. аплаузите беа упатени на екипата што ја сочинуваа Бедија Беговска, атила клинче, салаетин Билал, Мустафа јашар, Фунда ибрахим, Филиз ахмет, елјеса касо, Зекир сипахи, наџи Шабан, тамер ибрахим и ријад тахир. аплаузот беше и за гостинот од турција, режисерот јуџел ертен. публиката уживаше во проектот, ја галеше мисла- та дека оваа претстава ја направил нејзиниот театар, со создавање славенички амбиент и атмосфера. турскиот театар да реализира 100 изведби во една иста постановка, со непроменета каст-листа од премиерата, е настан достоен за почит. ваков настан досега немало ниту во турскиот театар ниту во поранешниот театар на народностите. претставата континуирано се игра од 2002 година и неа ја гледа- ле и во Битола, ресен, велес, Штип, на Фестивалот на комедијата во куманово, на неколку интернационални фестивали во истанбул и во измир, кипар и косово. својата кулминација изведбата ја постигна на 38. фестивал „војдан Чернодрински“. Фестивалските признанија беа круна за театарот, награда за долготрајните напори, залагања, тетеравења и талкања по непроодени патишта кон саканата цел. „Будење на пролетта“, која спаѓа меѓу привлечните драми не само во герман- ската туку и во светската драматургија, е дело на Франк ведекин, драматичар и поет, кој творел кон крајот на XIX век. поставувањето на пиесата е потврда повеќе за константната грижа на театарот во негувањето квалитетен репертоар.
режисерот васил Христов се определил за посовремен третман на текстот, но тој не го менува ригорозно драмскиот материјал, ниту пак го дополнува, туку ги следи авторовите идеи. тој е целосно на страната на лирскиот исказ, со што се ослободил од авторовата патетика и од некои помрачни тонови. тоа не е отворена критика на општеството со интенција што поекспресивно да се навлече во внатрешните неми- ри, недоумици, потисната младешка енергија и слично. во актерската екипа наста- пуваат актери и од постарата и од помладата генерација, со надополнување на мла- доста и искуството. импонираа, пред сè, Филиз ахмет, селпин керим, осман али, сузан акбелге, Зубејде селимовска, неат али, аксет Мехмет и заедно со перихан туна, Мустафа јашар, Зекир сипахи, ердоан Максут, Мукерем Билал и други прават компактна претстава, откривајќи ги ликовите со интензивен ритам, изразност и широки стилизирани изрази. •Шеесет години на еден театар се доволен повод за да се пристапи кон разгле- дување и оцена на неговата работа, особено кога тој театар е дел на културната историја на турското население во република Македонија. Дотолку повеќе, тоа е и обврска да се обидеме неговата активност да стане и предмет на анализа и синте- за која без предрасуди ќе ја преземе задачата да ги осветли патиштата на неговиот развој и да го навести патот што треба да го изврви... од такви желби се јави и мислата за пишување на монографијава посветена на турскиот театар во Македонија во мигот на неговата шеесетгодишнина. Благодарение на зачуваните документи во архивите, кај поединци, во вес- ници и списанија, како и на мојата лична архива, беше можно во главните правци на развојот на општествената свест и атмосферата што се создаде во и околу теа- тарот, со придружните одзиви на културната јавност, да ја согледаме помалку или повеќе историската слика на животот на турскиот театар од неговите почетоци до денес. Монографијата на националната институција турски театар во скопје треба да биде сфатена како нов, досега единствен поттик за истражување кон поде- тални написи за резултатите на оние уметници кои денес со своите креации го одбележале театарот на нашето време. Монографијава не можеше да го има сето она што нејзините иницијатори го сакаа, остануваат не мал број уметници и заслуж- ни поединци за чие дело остануваме должници. ако во книгава не можеме да најде- ме монографија за мошне заслужните абдуш Хусеин, Шерафетин неби, Љутви сејфула, Џемаил Максут, кемал лила, Мирко стефановски, саша Маркус, салаетин Билал, Мушареф лозана, Бедија Беговска и многу други, не значи дека на сите ним, не само нив во оваа монографија не им е дадено место колку можеше, а и нивниот изоден пат од шеесет години е осветлен со факелот на нивниот дух. изминатите шеесет години се потврда на творештвото на ансамблот и негови- те можности да се одбележат сите оние што стојат во основата на сценската креа- ција, во актерството, режијата, сценографијата, костимографијата, но и шеесет години на драмската литература, уште повеќе, години во кои се будеше и вдахно- вуваше љубопитството на турските жители за сè што е драмска литература на дру- гите нации. евидентен е напорот да се изнајде мерата на ефемерноста на театарската пре- тстава, но не може да се избегне покачената температура на симпатија која, во крајна линија, уште еднаш ја подвлекува вистината дека во неговата суштина е топ- лината на контактот меѓу публиката и актерите. театарот растеше со својата средина и беше некаков барометар на културниот растеж, а во него се прекршуваа и сите противречности во сфаќањата и сите борби во него водени на планот на европеизацијата, како и за врските со македонската култура на народните од светот за да се доближи преку нив како преку некаков мост со културата на човештвото.
Монографијава е своевидна историја и секако дел од историјата на театарот во Македонија и пошироко на светските простори. Зборот во сценската уметност е само дел од средствата за искажување. Затоа со него во оваа книга просторот го делат многуте страници илустративен материјал – тој, нормално, доминира, зашто да не забораваме дека театарот е една слика која говори, дише и се движи. напишана е на едноставен јазик, достапна за секој читател, а за турскиот театар во република Македонија е достоинствен споменик. на најдобар начин, на генера- циите кои минале низ него, им возвраќа со потребната почит и љубов, самата пре- вреднувајќи, оти во неа учествувале само луѓе со немерлива љубов кон сцената. во тоа всушност се убавината и древноста, а зошто не и мудроста на театарот, меѓу другото, ќе напише рецензентот на монографијава, проф. д-р васил тоциновски.