Во текот на 1980 година турската драма прикажа 4 премиери: претставата за деца „аладиновата волшебна ламба“, „со тито пред лицето на светот“, „Љубовта на перлиплин“ и „Злосторство и казна“ од Достоевски во режија на Бранко ставрев, кому оваа претстава му е прво гостување во турскиот ансамбл. претставата ја сместува во празнината под главната сцена на театарот. според еднодушното мислење на македонската критика, а не само нејзиното, станува збор за изведба без слаби места, претстава за памтење со антологиско значење. изборот на местата за сценско преточување на драмата како да беше создадено за визијата на светот на Достоевски, приспособена со мали интервенции со кои се создал простор за автентично толкување на пиесата... режисерот скратил неколку сцени и ликови, „мошне прецизно откривајќи ги најскриените катчиња на човечката душа, компонира за ним лива, зрела и оригинална изведба, во која за нешто повеќе од два часа беше суб лимирано сето она што е најнеопходно, најесенцијално, најрелевантно“. со претставата турската драма зеде учество на Фестивалот на мали и експери- ментални сцени во сараево (Месс), каде што актерот Фирдауз неби за улогата на расколников доби грст најповолни критики, а имаше и блескави написи во печатот за него и за претставата. на театарските игри „војдан Чернодрински“ во прилеп во претставата „Злосторство и казна“ се истакнаа Фирдауз неби за актерско остварување. покрај по фалбите за актерската игра на Фирдауз неби, Љутви сејфула (порфириј), салаетин Билал (николај), Џемаил Максут (Мармаладов), Бедија Беговска (соња). Миго ви на силни уметнички доживувања и мошне пријатни мигови на публиката и` овозможија и перихан туна (Дуња), Зекир сипахи и атила клинче (николај), Муша - реф лозана (Госпоѓата), сузана Максут (катерина), јилдиз рифат (Дуња), Мукерем Билал (Дашенка) и други. Со изведба на премиерните претстави „Вучјак“ од М. Крлежа (Албанска дра - ма) и „Шест лица го бараат авторот“ од Пирандело (Турска драма), во есента на 1974 година Театарот се всели во својата нова зграда, прва од ваков вид изгра- дена по ослободувањето во Македонија. Новата зграда претставува сериозна основа за натамошен интензивен квалитетен развиток на Театарот. Во репер- тоарот се чувствува сè поголемо експериментирање, што уште повеќе го при- влекува вниманието на театарската јавност и на критиката. Последните пре- тстави со кои ја пречекува 30-годишнината, е јасна потврда дека Турската драма е на пат да изгради и да води солидна репертоарска политика за нејзиното ната- мошно уште попрецизно дефинирање и надградување, пишува долгогодиш- ниот режисер и раководител Мирко Стефановски.
Една од основните карактеристики на ансамблот на турската драма е профе- сионалниот и дисциплиниран однос во работата. таа особина е ретка во театрите. Може да биде и полоша или подобра претставата, но нивото на ансамблот или, поточно речено, мерата секогаш била почитувана. така е и во овогодишните 4 пре- миери. од „Ханка“ (поставувана и пред дваесетина години), со успешната соработка на режисерот, вредниот ансамбл и тројцата соработници гости – Чедо Христов како сценограф, Димитар Масевски како автор на музиката и Беба патрногиќ како костимограф – се добила претстава што публиката со задоволство ја гледала. убаво разработената и осмислена мизансцена успеала да го извлече најважното, воде- њето на ликовите и прикажувањето на внатрешната драма на Ханка и сејдо. За истакнување е креацијата на перихан туна (Ханка), која знаела да ја пронајде вистинската мера, како и на салаетин Билал (сејдо), кој играл инспиративно и со сигурност и и` бил одличен партнер на туна. Задоволително, иако во мали улоги, играле и незакет али и сузана Максут. според критичарите, претставата ќе се помни и по костимите на патрногиќ, кои претставувале значајна компонента во претставата. со „аргатот симан“ била понудена успешно изразена претстава како во поста- новката на режисерот, така и во играта на ансамблот, и особено на салаетин Билал и јилдис рифат во главните улоги. воопштено гледано, драматизацијата на андриќевата проза не била на нивото на делото.
Оваа година беа прикажани 6 премиери. режисерот на Шекспировото дело „веселите жени виндзорски“ коле анге - ловски со видливо настојување се обидел да ги замени времето во кое живее авто- рот и некои негови ликови, да ги приближи до менталитетот и амбиентот на тур- скиот човек, поточно се обидел да го „потурчи текстот“, да го доближи до отоман- ското време. тој првпат гостувал во турскиот театар и се потрудил да ја потврди генијалноста на Шекспировото дело, што се гледа во тоа што неговата комедија беспрекорно комуницира со современоста, вели режисерот. во претставата наста- пиле Мустафа јашар, наџи Шабан, Фехми Груби, Љутви сејфула, ријад тахир, абдурахман рахман, Зиба Бекир радончиќ, Мукерем Билал, енвер Бехџет, Шефкет Хасан, ирфан Бељур и други. праизведбата на пиесата „Мемет“ во режија на наум пановски беше изведена на театарските игри „војдан Чернодрински“ и оценета како забележлив успех на ансамблот, на авторот и на режисерот. „Беше тоа уште едно впечатливо присуство на млад и талентиран автор, кој очигледно има што да каже, кој добро ги познава законитостите на драматургијата и вешто владее со нив“, беше оцената на тркале- зната маса за изведбата во целина. Беше изнесен суд дека станува збор за „полно- крвна претстава“, за што свој несомнен придонес има режијата, која успеала „внат- решните односи да ги развие со едни нови релации. За најдобро одиграна улога беше насловната на атила клинче, кој имаше одлични соработници во своите коле- ги салаетин Билал, Феми Груби, јилдиз рифат, перихан туна, сузана Максут и други. театарот прикажа 4 премиери, од кои една за деца. тоа се: „Мачорот во чизми“ од воин Ѓорѓевиќ во режија на Димитар станкоски; „Дамоклов меч“ од назим Хикмет, во режија на Бранко ставрев; „папучар“ од Љутви сејфула, во режија на коле ангеловски; и „слуги“ од египетскиот писател јусуф идриз, инаку дипломска претстава на младиот режисер абдулазиз Буганми, студент на Факултетот за драмски уметности во Белград. претставата „слуги“ се игра- ла под сцената, простор каде што биле прикажани и „Злосторство и казна“ и „папучар“ од Љутви сејфула. назим Хикмет е чест гостин на сцената на турскиот театар, а „Дамоклов меч“ е седма постановка на оваа сцена. претставата била прикажувана и под друг наслов – „луѓе и кучиња“, а доаѓа да нè потсети на 20-годишнината од неговата смрт. Хикмет во пиесата нè потсетува на стравот и ужасот што го носи современиот суров свет. режисерот Бранко ставрев дејството го организира на два плана – првиот на аванс-сцената каде што се одвива животот на семејството, а вториот на големата сцена исполнета со буриња како метафора на вознемирувачкиот свет „за огнот, за кој малку е потребно да избувне, да однесе сè во воздух“. Хикмет отвора простор за надеж, за разумност и за поезија, „режијата ја воздигнува до степен на жива поетска имагинација, создавајќи претстава која од почетокот до крајот дише со длабока внатрешна растрепереност, со интензитет во кој се открива човекот во сета негова суштина“. во изведбата заслужиле посебно внимание носителите на главните улоги салаетин Билал (а) и Бедија Беговска (Б). раскошниот талент на двајцата актери дошле до израз во повеќе сцени, „станувајќи во вистинската смисла на зборот спод- вижници на драмското дејство. кога тие настапуваа, сцената ја доживуваше својата најзаокружена сценска рамка, својата целосна драмска поезија“ пишува критича- рот иван ивановски. со добро погодена нота на цинизам, надуеност на луѓе од мафијата, се истакнувале Мустафа јашар и наџи Шабан. по неколку бледи поста-новки, претставата била една од позабележливите блесоци, што заслужува внима- ние на пошироката јавност. современиот египетски писател јусуф идриз повеќе бил познат како раскажу- вач, но забележителни резултати постигнал и како драматичар. темата во „слуги“ е универзална, односите на господарот сеид и слугата Фарфур. на крајот, откако никако не можат да најдат еднаквост, се обесуваат во прегратка, за да бидат заедно и еднакви барем во смртта. но и во смртта сè останува по старо. режисерот значи- телно го надградил текстот, со завидна зрелост и солидна подготовка на студиите во Белград. постановката е оценета како мошне сигурен и охрабрувачки почеток со пројава на убава смисла за детаљ и за организација на сцената. Господарот и слу- гата „пластично, со неусилена игра и со прецизна актерска изразност“, ги толкува- ле Џемаил Максут и Љутви сејфула, кои и` дале тон и печат на претставата, „збога- тувајќи ја со мошне живописни карактери. еден од најголемите актерски пробле- соци беше подолгиот монолог на сејфула кон крајот на изведбата“. со сензибилна и богата артистичка интерпретација се претставиле и Мустафа јашар (писателот), перихан туна (прва жена на господарот), и особено наџи Шабан во улогата на Жена на слугата. актерот Љутви сејфула првите пројави во доменот на драматургијата ги имал во доменот на детското драмско творештво. најпрвин со пиесата „тројца другари“ (1975), а подоцна во 1979 година вниманието го привлекол со шармантниот текст „игра на гатанките“. премиерата на „папучар“ оваа година била прикажана како праизведба амбиентално во куршумли-ан, во режија на коле ангеловски, за која критиката вели дека поминала без некој забележителен успех. оваа година, во четирите премиери не се најде место за детска претстава. од годинашниов репертоар на турската драма се издвојува праизведбата на најновиот текст на честопати поставуваниот автор од турска националност кај нас Хасан Мерџан „Мост на честа“, не толку од драматуршки, колку од режи- серски аспект на режисерот наум пановски. Делото, лирски интонирано, гово- ри за луѓето кои во желба да ја заштитат својата власт и моќ, ги разградуваат мостовите на среќата и љубовта на младите, така што тоа можело да се прифа- ти, вели иван ивановски, како универзална метафора за судирот на новото и старото. режисерот го скратил текстот и се задржал на неговата примарна суштина компонирал доста впечатлива целина. успехот на режисерот наум па новски е дотолку позначаен што тој е остварен со млади актерски сили, некои од нив и почетници (студенти на ФДу: елјеса касо и ердоган Максут), потоа Зиба Бекир и други. Хасан Мерџан својата писателска кариера ја започнал во Македонија, а ја про- должил во приштина, каде што од поодамна живее и работи. негови драми се „цвеќарот али“, „јас, риза-ага“, а автор е и на пиесите за деца „весел свет – школски свет (1975) и „Мавиш и Мемиш“, која е поставувана двапати, во 1972 и 1974 година, и двете во многу различни верзии на режисерот кемал лила. и другите три пре- миери на овој изведувачки состав одразуваат солидно креативно ниво, пред сè поставувањето на пиесата од современиот турски автор васви учкан „лудата емина“ и на мелодрамата „алиш“, која доживеала повеќе верзии, а во режисерско видување на кемал лила и Љутви сејфула. покрај наум пановски, оваа година на сцената на турската драма гостувал уште еден млад режисер, Драган велјановски со постановката на драматизацијата на Милан Ѓурчинов и илија Зафировски на текстот според романот на владо Малески „она што беше небо“,игран под наслов „Богомилска балада“. според театарскиот критичар иван ивановски, претставата оставила „блед впечаток“.
На театарските игри „војдан Чернодрински“ театарот настапил со „слуги“ од јусуф идриз во режија на абделазиз Буганми од тунис. универзалноста на темата во осветлувањето на проблемот кој е слуга, а кој господар во животот и зошто е тоа така, релативно добрата постановка и убавата игра на ансамблот биле доволни предуслови на тркалезната маса да се констатира дека претставата донела „еден висок уметнички чин“.
Годината 1985 помина со 5 премиери, од кои една на детската сцена – „том соер“ од Марк твен во режија на Шерафедин неби. праизведба немаше, но имаше неколку мошне добри премиери, како што се „ревизор“ од Гогољ, во режија на Бранко ставрев, која по третпат премиерно е изведувана во скопје (првата во Мнт на 15.4.1956 и во Драмски на 31.3.1978 година). режијата на Бранко ставрев била „најрадикална и најосмислена“. новото во „ревизор“ тој го барал во она длабоко вткаеното во драмата на луѓето што ни дава за право и денес во класиката да тра- гаме по нејзините суштини. Бранко ставрев „со остро чувство за сценска форма, за подинамична мизансцена ќе покаже усет за посовремено звучење на текстот, постигнувајќи го тоа преку подлабоко осветлување на ликовите и нивното инди- видуализирање“, забележал иван ивановски. ансамблот ги следи барањата на режисерот и дава придонес за повисоко креа- тивно ниво. тон и печат на претставата и` даваат Љутви сејфула (Градоначалникот) и салаетин Билал (Хлестаков). сејфула ја зачувал мерата, не подлегнал на карикату- ра и изградил полнокрвен лик, сподвижник на дејството, додека Билал се изд во ју - вал со полежерна и понеусилена игра, „стилски определена, со посовремен однос кон актерската експресија. посебно во епизодите се истакнувале Мустафа јашар, незакет али, наџи Шабан, атила клинче, Феми Груби и други. најекспонираниот и најизразито индивидуалниот во македонската сценографија владимир Геор гиев - ски, на впечатлив и оригинален начин ја обликувал сцената, сместувајќи ја во голем шинел под кој ќе се најдат сите имало во тоа нешто метафорично, импресивно, дла- боко потресно“ пишува иван ивановски во „современост“ бр. 3 од 1985 година. турската драма прва ја отворила сезоната 1985/86 година со драматизацијата на „проклета авлија“ од иво андриќ како трето негово дело на сцената на театарот на народностите. режијата и драматизацијата се на Љубиша Георгиевски, кој реализи- рал камерна претстава, стегната и сфатена како потресна метафора за човековото живеење и постоење. Љубиша Георгиевски, создал „мошне интензивна претстава во која психолошките натрупаности им отстапуваат место на суптилно пронајдени- те детали и на поинаквата актерска интерпретација, која подразбира речиси заедничко дишење со публиката во салонот“. Љутви сејфула (караѓоз, шеф на затворот) сигурно и консеквентно успеал да се ослободи од физичката пренагла- сеност и моралната безобѕирност „за сметка на итрината, расипаноста и перфид- носта во иследничката тактика со затворениците. Беше тоа актерско остварување предадено со сета своја трагичност“. Мустафа јашар (петар) и салаетин Билал (камил) во меки линии, со поетски рафинман, ги толкувале ликовите, носејќи го тешкиот багаж на филозофијата на помирување на луѓето со Господ. Зекир силахи (Хаим) го остварил ликот мошне пластично, „со внатрешна тревога и со постојан страв од животот“. во „машката“ претстава Џемаил Максут, Феми Груби и наџи Шабан епизодните улоги ги толкува- ле мошне успешно. сценографијата и костимите на владимир Георгиевски одлич- но ја следеле режисерската интенција, создавајќи впечатлива атмосфера за мор- ничавиот живот на луѓето во „проклета авлија“ прикажана како голем затвор во животот и светот.
Шерафетин неби, еден од водечките актери и режисери на турската драма, е тесно врзан со почетоците на создавањето на драматургијата на турски јазик во Македонија. неговите драмски текстови како праизведби се реализирани во 1957 година („суртук“) и во 1964 година („Човек без лице“), и двата текста во негова режија со идентична содржина: пропаѓањето на беговскиот елемент до предвоено скопје, генерација која не можела да се снајде и да ја пронајде смислата на своето постоење. „рашела“, еден од првите текстови на неби, напишан и изведуван по ослободувањето и пред основањето на театарот на народностите, во 1985 година е прикажан во нова, мошне успешна варијанта, што ја подготвил режисерот наум пановски. во турската драма се појави уште една актерка, драмски писател чие творештво целосно е ориентирано на дела наменети за децата. Бедија Беговска, првенка на турската драма, дебитира со пиесата „Малите, големи љубови“ во режија на Дими - тар Христов, претстава со која театарот учествувал на најпрестижната летна умет- ничка манифестација за деца – Меѓународниот фестивал на детето во Шибеник. претставата е играна над 70 пати, а на репертоарот е повеќе од пет години. Другата праизведба „пипа-ритам“ од д-р владимир плавевски, во режија на рахим Бурхан, беше претставник на турската драма на игрите „војдан Черно - дрински“ во прилеп. според театарскиот критичар иван ивановски, претставата не го постигнала очекуваниот уметнички ефект. на разговорите на тркалезната маса во прилеп, оцените биле мошне лоши. Многумина проектот „пипа ритам“ го сме- тале за „драмско промашување“, а режијата на рахим Бурхан, како недоволно сту- диозна, непрочистена, нејасна итн. Македонските режисери Бранко ставрев и Богдан поп Ѓорчев беа гости во турската драма. тие ги поставија пиесите протекција“ од нушиќ, односно лирската драма на лорка „јерма“. првенецот на турската драма салаетин Билал, на Малата сцена ја постави пиесата „убиј ме, душичке“ од современиот драмски писател азиз несин, во која со голем успех настапиле незакет али, Мушареф лозана и Шерафетин неби. несин подолго време отсуствувал од сцената на турската драма, а ние го пом- ниме по драмите „насилникот од торос“ и „кралот на головите“. „убиј ме, душич- ке“ или „тра гич на смеа со горчлив вкус“, пиеса во два дела, е негово трето појавување. режисерот традиционално ја поставил пиесата, со истакнување на авторовиот сочен дијалог и сатира за потресните вистини на луѓето од перифе- ријата на животот. Драмското дејство го сместил под главната сцена, заедно со публиката, му обезбедил адекватна сценска рамка, бидејќи настанот се случувал во полувизбен стан. Глумата била вистинскиот бисер на претставата, а долгот- рајни аплаузи имало и на отворена сцена. Мушареф лозана (сиен) и незакет али (Дика) „уиграни и разиграни, што беше вистинско задоволство да се следат нив- ните креации. лозана и али најдоа заеднички јазик и успешно се надополнуваа во успешното обликување на своите ликови“. со содржајна и целосно заокру- жена креација им се придружил и Шера фе дин неби, „потресно, едноставно, со истенчена комика, со фини психолошки валери, со едно богато внатрешно гра- дирање на ликот. Беше тоа вечер на мошне инс пи ра тивна реалистичка игра на тројца стари, но млади по дух актери – Мушареф лозана, незакет али и Шерафетин неби“. Младиот актер елјеса касо, како млад инкасатор и водител на претставата, „задачата ја извршил со шарм и непосредност“, пишува во рецен- зијата иван ивановски во „современост“, бр 1–2 од 1987 година.
Турската драма подолг временски период во континуитет прикажуваше 4 до 5 премиери, од кои една беше за деца. истото се случи и оваа година односно беа прикажани 4 премиери. премиерата на пиесата „приказна што зборува за гостувањето“ била проект на турската драма, што во годинашната продукција се издвојувал со мошне впечатли- ва режисерско-актерска компонента. имало и други три премиери, кои имале значително поголем успех кај поширокиот круг гледачи отколку кај критиката. станувало збор за поновото режисерско видување на „коштана“од Бора станковиќ со Бедија Беговска во насловната улога, а во режија на кемал лила, и за пиесата „Хурмуз“ од современиот турски писател садик Шахдил, остварена со гостувањето на познатиот режисер од турција енгин улудак. на театарските игри „војдан Чернодрински“ театарот настапил со минатого- дишната премиера на „протекција“ од нушиќ во режија на Бранко ставрев, која за публиката била допадлива и интересна, пред сè поради обидот за ново и посовре- мено презентирање на нушиќ. редуцираниот хумор, скратената верзија на текстот, режиски збогатена со многу убави детали, „наидоа на одобрување, како што и на симпатии и убав прием наиде и играта на целиот ансамбл, посебно креацијата на Љутви сејфула. претставата „приказна што зборува за патувањето“ е прикажана на игрите „војдан Чернодрински“ во 1988 година. според оцената на критичарите, таа била превосходно поетична изведба, полна со продуховени режисерски и актерски решенија што заслужувале целосен респект (јилдиз рифат, перихан туна, Мукерем Билал, атила клинче, ердоган Максут, ријад тахир и други). Заслуга за убавата пре- тстава има и соработникот на режисерот Гнзафер Бајрам, кој ја обликувал сцената и ги дал решенијата за костимите. во 1988 година започнува нова фаза во работата на турската драма при теа та - рот на народностите , во која тој уште повеќе се отвора кон сите љубители на теа- тарската уметност. првпат, со претставата „Женички“ од современиот турски автор тунџер Џуџеноглу што на сцената ја постави Зекир сипахи, се оди со симултан пре- вод на македонски јазик. овој долгоочекуван потег на театарот, лимитиран од финансиските средства, отвора нова фаза во неговата работа, како куќа која негува театарски изрази. турската драма е поканета како единствен учесник од странство на уметничкиот фестивал во истанбул „Млади денови 88“. За вистинските уметнич- ки стандарди кои пред себе ги постави турската драма, а кои особено се нагласени во последните три години, бездруго голема заслуга има и првиот човек на овој ко - лектив Ѓунер исмаил. турската драма го комплетирала репертоарот за 1988 година со неколку при- лично квалитетни премиери што ги надминувале вообичаените сценски стандар- ди. За таква претстава се смета пиесата „Дневникот на стравот“ од Џевад карахасан, во режија на гостинката од приштина агим сопи. Заедничката драматизација на режисерот и Ѓунер исмаил се одликувала со „заокруженост и осмисленост, со целовитост и димензионираност“. таков печат носела и изведбата подготвена амбициозно и студиозно, со одговорност за секој елемент на претставата, со под- влекувањето на „мисловноста на авторовиот свет, тој мошне пластично ја градеше атмосферата. Добра страна на претставата беа и масовните сцени, како и грижата за рамнотежа меѓу мислата и играта“. салаетин Билал (Газван) „содржајно и сеоп- фатно го изрази карактерот што во претставата несомнено претставуваше негова најтрајна константа“. За одбележување биле остварувањата на „визуелно впечат-ливиот“ Џемаил Максут; на ердоган Максут, кој се истакнувал со „пластична игра“, потоа на Љутви сејфула, Мустафа јашар, Шабан наџи, елјеса касо и други, „на кои им беа туѓи евтините ефекти и самодокажувањето, импонирајќи со грижата секој да и` служи на целината“. театарскиот критичар иван ивановски има убави зборови и за техниката на чело со стојан Михајлов и на симултаниот превод на лејла Хаџалар, а Џенан али била на висина на задачата во вршењето на симултаниот превод.100 „Магбет“ од в. Шекспир била смела претстава и доста оригинална во толкува- њето, а во режисерско видување на рахим Бурхан. најплодниот и најпоставуваниот драмски писател од турска националност Хасан Мерџан, бил претставен со текст кој бил посластица за децата. тоа е претста- вата „насмевката да им ја подариме на децата“ во режија на кемал лила.
Своевидна пресвртница во работата на турската драма е Брехтовиот „кавкаски круг со креда“ во режија на јуџел ертен. на театарските игри „војдан Чер но - дрински“ во прилеп таа беше апсолутен победник. театарската критика беше едно- душна во мошне позитивните оцени за претставата, особено за режисерот од анкара. настапот на ансамблот ги надмина очекувањата со прикажување на оства- рување на ретко уметничко доживување, потврдувајќи ги со тоа многубројните освоени награди. ангажирањето на дуото Бедија Беговска и салаетин Билал, на кое рамноправно му се придружи извонредно одиграниот каплар на Мушареф лозана, на режисерот му ја олеснија работата во остварувањето на режисерските замисли „да го постигне саканиот уметнички ефект и успех кај публиката, во што, покрај спо- менатите тројца артисти, свој значаен удел имаше и целиот изведувачки состав кој импонираше со својата музикалност, изразност, полетност и темпераментност“, ќе запише иван ивановски во„културен живот“, бр. 34, 1989 година. „изведбата се наметна со своите високи квалитети на поширок план, претстава која спаѓа во самите врвови на театарот во Македонија, не само во 1989 година.“ политичкиот трактат за правдата и праведливоста, за моралните и природните закони, во одделни сцени одиграни и мошне емотивно, за режисерот и триесети- на та актери кои во време од два часа без пауза одиграа седумдесетина ликови, соз- дадоа историска фреска за човечките судбини и карактери, како и „современа сли - ка за неуништливата човекова желба за вистинските чувства“. визијата на светот во кој победува правдата и моралот беше одиграна низ тековите на паралелните при- казни во кои актерите, движејќи се и меѓу гледачите, докажаа дека создале пре- тстава на раскошна колоритна палета. претставата беше на Бедија Беговска (Груша) и салаетин Билал (скитникот и судијата аздак), на Мушареф лозана (полицаецот Шава) и на сите други учесници. но беше и претстава на Мустафа асим (сценограф и костимограф), во која актерите пред гледачот го отвораа светот на живи, емотив- ни луѓе, на луѓе-нелуѓе кои секогаш се вртат во својот животен круг. возбудлива сценска реализација, гостување на режисер од странство мајстор на својот занает, голем артистички резултат кој ги потврдува вредностите на турската драма. Младата режисерка александра ковачевиќ, студентка на ФДу, со помладите ак - тер ски сили и реализираната претстава „слугинки“ од Жан Жене, внесе значително ос вежување не само во репертоарот на турската драма. во последните остварува- ња на ансамблот спаѓа и реализацијата на „клементовиот пад“ од Драго јанчар, во режија на кемал лила. Младиот актер и режисер сухат Мустафа првин го режира- ше текстот на Горан стефановски „клинч“, а потоа настапи во „Дневникот на лу ди - от“ од Гогољ, во режисерско толкување на актерот ердуан Максут. ацо алексов ја пос тави драматизацијата на познатиот роман „Белото циганче“ од видое подгорец, на општо задоволство не само на децата туку и за возрасните. Годината помина со шест премиери.