Турската драма секоја сезона, веќе четири години, прикажува по една драма на назим Хикмет. овојпат, во почетокот на годината ја прикажала премиерно „легенда за љубовта“ („Ферхат и Ширин“), драматизација на познатата источничка сказна за силата на љубовта и за смислата на жртвувањето за друг. режисерот кемал лила „како да се заморил или се заситил од авторот и во својата режија внел онолку колку што знае и умее во својот занает“. претставата немала доволно ритам, вистинско темпо, доста развлечена, а и некои ликови не биле најсигурно конципирани. претставата се колебала меѓу сценска сказна и драмска изведба со ангажирана порака. во тоа се состоела причината за да не се согледа вистинската потреба на Хикмет да ја драматизира сказната. Мејди Бајрактари (Ферхат) и сузана Максут (Ширин) на убедлив начин ја откри- ле заемната љубов. Мушареф лозана (царицата) најмногу се колебала меѓу нејзи- ниот драмски фах и сценската сказна. рамадан Махмут (везирот), Љутви сејфула (непознатиот) и незакет али (Дадилката), како и Феми Груби, Шерефетин неби и енвер Бехчет „остварија коректни сценски ликови“.
Драмата „страв“ од турскиот писател орхан асена, во режија на кемал лила, сака да го отвори прашањето на односот меѓу човекот и масите кога тој е носител на некоја голема идеја и ги предводи. тој е смел додека и` верува на својата борба и додека таа трае. „страв“ претставува, главно, размислување на стравот во чове- кот, иако тоа размислување е поставено во цврсти и конкретни рамки во кои се содржани сите карактеристики на едно сценско дело. авторот не го интересира толку она што било, па и непосредната причина за состојбата, колку состојбата на ликот што ја разгледува херојот со тешка рана, но не смртоносна. него го снашле тешки маки во минатото, а и оние што ќе уследат од оние што го гонат. наполно ќе се разочара и од тие што биле и се бореле со него, па ќе се повлече како сосема друг човек. во таква состојба ќе биде убиен од жената која не можела да го задржи за себе, за да биде зачуван како митологизиран херој. претставата била играна повеќе со толкување на нештата, отколку да се размислува за нив. ликовите биле дадени „низ еден стремеж тие да бидат психолошки доловени, дури и доживеани, а не да бидат објаснети, за да се разбере полесно нивната состојба, а со тоа и теза- та на авторот. „страв“ е една од најсолидните и најгрижливо градени претстави во последно време на турската сцена“. кај Љутви сејфула (тој) имало најмногу стремеж за психолошко доживување. на сличен начин улогите ги играла Шерафетин неби (новинарот) и сузана Макуст (Жената). Мушареф лозана (старицата) настојувала преку смирена и достоинстве- на игра „да го дофати суштинското во човекот“. Џемаил Максут и Зекир сипахи (поручници), првиот стандардно, а вториот на начин „кој сè повеќе ги открива него- вите сценски можности“.62 комедијата „конкурс“ ги обиколувала театрите во Македонија веќе десетина години, а популарна била и во другите републики. причината за тоа била потреба- та од домашна комедија на современа тема и актуелна по содржина. на турската сцена дошла со задоцнување. режисерот саша Маркус се нашол пред загатката како да извлече смеа од пуб- ликата од текст што е застарен и со надминати литературни и театарски реквизити и што треба да направи за да добие претставата актуелно значење? тој направил две работи. Застарените реквизити ги заменил со нови и современи и ја подвлекол антибирократската потка. крајот го изменила сценографијата, таа била дадена во хиперболизиран вид. „најубави резултати се постигнати таму каде што комиката беше поцврсто заснована, а нејзиниот интензитет – најголем (бркотијата со докто- рот), како и во моментите кога артистите играа поспонтано, или кога правеа пого- леми и поосмислени напори за поизразита комичарска интерпретација на своите улоги (монолозите на незакет али во улогата на Милева)“. пиесата „цвеќарот али“ од Хасан Мерџан, новинар роден во призрен, веќе десет години живее и работи во скопје, носи ориентален печат, а со неа тој деби- тира на сцената на турската драма. тоа е „приказна за едно мало сокаче во едно мало гратче, некаде во светот“ вели авторот. али цвеќарот и молерот Баданџи, обични мали луѓе, кои животот го живеат на обичен, ориентално обоен начин, првиот со цвеќињата што ги произведува и продава по улиците, а вториот со ракијата што меѓу две бојосувања ја испива, наоѓајќи и двојцата утеха во неа. тие не се ниту навредени, ниту обесправени. опседнати се со минатото. Додека едниот се сеќава на покојната жена како и на залудниот мерак по вдовицата ајша, вториот живее со спомените од младоста, која никогаш нема да се врати. сличен на нив, погласен во својот копнеж по животот е коџа осман, херој на улицата и поранешен сопруг на ќерката на ајша, кој не може да ја прежали љубовта кон својата пора- нешна сопруга и наоѓа лек во пиењето. ајша и ќерка и` , желни за живот, но истовремено и преплашени од него, ги носат во себе грижите и стравот. Драмата е во луѓето и неа ја носи секој од нив пред загат- ката на животот. цвеќарот али „мислам дека ќе биде најблизок до вистината, пре- тставува пасажи или фрагменти за осаменоста на човекот, во кој се чувствува еден несомнен поетски пристап. Многу дијалози се изречени преку стихови“. режисерот кемал лила одел кон тоа „недоволната кохезиона поврзаност на дра- мата да ја спои во што поцврста сценска целина, а на ликовите, кои страдаат од недо- волна сценичност, да им даде што поуверлив сценски облик, запоставувајќи ги, се разбира, поетските пасажи во текстот и поетското во ликовите. во целина наспроти универзалното значење, претставата беше градена со помош на еден поизразит ориентален фон и во неа покрај присуството поезија можеа да се почувствуваат и неколку ликови, интересни, но сценски недоволно издвоени еден од друг“.
Рамадан Махмут (Баданџи) „гореше пред животот на најуверлив и најсуптилен начин“. Шерафедин неби (али) „беше обоен со една трогнувачка човечка добрина и несреќа“. Џемаил Максут (коџа осман), сузан Максут (Ќерката) и Мушареф лозана (ајша) успешно настапиле.
На 12 ноември претпладнето во скопје, претседателот на Главниот одбор на синдикатите павле Давков го поставил камен-темелникот на новата зграда на театарот на народностите. новата зграда е сместена веднаш зад Бит-пазар, речиси на истото место на стариот театар. изградбата треба да биде готова за една година, а обезбедени се 1 милијарда стари динари. „Земјотресот во 1963 година повторно ја доведува Турската драма во тешка положба. Зградата е урната и повторно се работи во провизориуми. Театарот е сместен во две бараки. Двата ансамбла почнуваат со проби на претставите „Крвави свадби“ од Лорка и „Вистината е мртва“од Емануел Раблес, а премиери- те беа прикажани на сцената на МНТ. Со овие претстави Театарот ги навести своите нови амбиции, сè повеќе се осамостојува, давајќи им предност на квали- тетните современи автори. Со влегувањето во салонот на Работничкиот дом, Театарот ја започнува сво - јата, во репертоарска смисла, најзрела етапа. Сè посмело се поставуваат домаш- ни автори (Муртеза Пеза, Илхами Емин, Адем Гајтани, Хасан Мерџан, Шаиќи Ај - ди ни, Н. Мустафа), а во репертоарот значајно место заземаат делата на Шекспир, Ибзен, Чехов, Горки, Островски, Милер, Брехт, Софокле, Еврипид, Олби, Сартр и други. Во овој период Турската драма му се оддолжува на Назим Хикмет со тос што секоја сезона поставува по едно негово дело. Згора на тоа, на репертоарот сè повеќе се присутни Ристо Крле, Васил Иљоски, Коле Чашуле, Томе Арсовски и редица други југословенски автори. Почнуваат сè почестите контакти со теат- рите од Албанија и од Турција, што ќе доведе до заемни гостувања и сè почесто поставување и гостување на турски режисери и пиеси. Исто така, станува редовна практика во репертоарот да бидат застапени детски пиеси.
И покрај големите тешкотии со кои се среќава театарот на народностите (несо- одветна сцена и сала, застарен мебел и реквизит) и понатаму настојува да презен- тира сè поразновидна програма. на ваквата макотрпност ќе се ставело крај во 1971 година, кога во употреба ќе им се предаде новата зграда. Градбата на театарот ја изведува Градежното претпријатие „илинден“. За неговата градба ќе се потрошат над милијарда и двесте милиони динари. сега доаѓало на ред техничкото опрему- вање на зградата, светлосниот парк на сцената, машинскиот дел и други технички угодности. Грабнувајќи го мечот од раката на еден од војниците, храбрата мајка се против- ставува на врбувањето на нејзините двајца синови да стапат во редовите на војска- та. Бертолд Брехт преку историскиот приказ на триесетгодишните војни од XVII век, во драмата „Мајка храброст“ ја изнесува вековната омраза на луѓето спрема суро- востите на војната. улогата на храбрата мајка ја толкувала Мушареф лозана. нека е проклета војната, е пораката на делото – вели режисерот сашо Маркус, кој е изненаден од ентузијазмот со кој работел колективот на турската драма, бидејќи единствено ваквиот начин на работа е условот нешто да се постигне. такво доближување имало и на изведбата на турската сцена. Маркус се послу- жил со својата некогашна адаптација, сведувајќи ја на половина “...и пишувајќи сè, по сила на околностите, од услугите на нејзините сонгови, така карактеристични за целокупното Брехтово драмско творештво...“ но, сепак тој останал верен на Брехт, што било и незначајно во овој сериозен и одговорен потфат на Маркус „...Многу елементи од етиката на Мајката и од борбата на човекот воопшто, беа донесени на сцената сосема уверливо, паѓање во некаков сентиментализам немаше во поочиг- леден облик...“. играта на актерите била насочена главно кон принципите на Брехтовиот театар. во играта на Мушереф лозана бил евидентен солиден резултат, „поизразит брехтовски лик донела себахат Хајрула (ивет), додека сузана Максут (катрин) на ликот му вдахнала сосема уверливи човечки особини. во другите улоги успешно настапиле: Љутви сејфула (ашчијата), рамадан Мамут (поштарот), Феми Груби (лајош), салаетин Билал (ајлиф), како и незакет али, Џемаил Максут, Шерафетин неби и Зекир сипахи.64 во средината на април била обновена драмата „налани“ од неџати Џемаил, во режија на кемал лила. Главните улоги ги толкувале: Мушареф лозана, салаетин Билал и сузана Максут. на 7 мај на сцената се очекувало да гостува турскиот држа- вен театар од анкара со две претстави. Гостувањето било резултат на заемната соработка со народниот театар од Мостар. на гостувањето во југославија, Државниот театар ќе гостувал во Мостар, призрен и скопје. по повод гостувањето, на 6 мај во салонот на театарот ќе се приреди поетска вечер на која млади поети ќе читаат поезија на турски јазик. на 7 мај премиерно е изведена пиесата „омер и Мерима“ од Мирослав Беловиќ и стеван пешиќ. приказната не била поврзана со времето. „...таа се случувала вчера, се случува денес, можеби и утре. оваа појдовна поставка ми овозможи на материјалот да му се приближам од повеќе гледишта. во мене тоа создаде низа раз- мислувања при градењето на концепцијата и за тоа која варијанта да ја усвојам...“ режисерот дефинитивно ќе се определи поетскиот збор да го презентира во чиста форма со прецизни патишта, зборот на авторите да дојде до сетилата на гледачите. темата на љубовта со времето ја менувала формата, но никогаш суштината... „се обидувам да презентирам уште една варијанта, на сето она што го носиме во себе како стремеж, како сон недосонуван“, вели режисерот Мирко стефановски. „треба да сме задоволни со играта, пред сè на сузана Максут и салаетин Билал, ...кои осо- бено во првиот дел на прилично лесен начин ја донесоа љубовта меѓу омер и Мерима. убава доза на искрена љубов прикажа и сабина ајрула...“ најголемо драм- ско оправдување имало во ликот на мајката исмета, што ја играла Мушареф лозана и успешно го дала. Од пред неколку месеци на чело на театарот на народностите, како вршител на должноста директор, бил назначен Џевдет Мустафа. во турската драмска група биле преземени чекори ученици турци со завршено средно образование да се испраќаат на академијата за филм, театар и телевизија. тоа би било полесно, со оглед на тоа што и во скопје се планирало да се отвори ваква академија. од пред две години, некои од артистите биле испраќани на спе- цијализација во турција. на 23 декември турскиот театар премиерно ја прикажал комедијата „свеќата изгасна“ од Џелал Музахипзаде. режисерот бил гостин од Градскиот театар од истанбул, сами ајаноглу, по чиј избор се поставило делото. овој автор кај нас не е преведуван. Делото обработува настан од пред три века. во сплет со хумор, човеч- ка слабост, верска заслепеност во расплетот се откриваат вистинските намери на „учениот“ дервиш. авторот го става на потсмев тогашното општество. авторот починал во 1953 година, во 91. година од својот живот. иницијативата што потекнала од скопје за воспоставување соработка меѓу тур- ската народност во југославија со матичната земја турција била за поздравување и треба и понатаму обострано да се негува. првото гостување од турција било тројно – автор, режисер и сценограф, кој бил и костимограф, со што соработката на културен план се поставила на повисоко ниво. Гостувањето дало убави и значајни резултати. Било презентирано оригинал-но дело во кое е извршен среќен спој меѓу традиционалниот турски театар караѓоз и орта-ојуни и европскиот од поново време. авторот бил артист кој добро ја позна- вал сцената и напишал пиеса податлива за неа. „... режисерот се потрудил да нè доведе во што почист турски театар, традиционалниот, со видливи настојувања играта на артистите да ја канализира во почист, подоследен вид“, од што произлег- ле сосем солидни резултати кои не само што пружиле „...увид во турскиот театар, туку и ни открија поинакви и поголеми можности кај одделни артисти на скопската турска драма, првпат во вакви размери...“ пред сè се мислело на незакет али и јилдиз рифат. незакет али „...никогаш досега не сме ја виделе во една таква сценска разиграност да донесе еден толку доследен ненаметлив комичен лик каква што беше нејзината Шетарет. со леснотија и ненаметливост се одликувала и играта на јилдиз рифат (небибе), во која покажала најголеми резултати откако е во театарот. се издвојувало и остварувањето на енвер Бехчет (Муштак) дадено преку стилизира- на импровизација. и во другите улоги биле постигнати солидни резултати, особено Љутви сејфула, околу кого се вртела целата комедија, потем Мушареф лозана (пембе), Џемаил Максут (нихани). сценографијата, како и режијата, успешно и наг- ледно воведувале во овој вид театар. успешно биле исполнети музичките пасажи од претставата, кои доловувале моменти од верски обреди на исламска секта, на која и` припаѓал обичајот со гас- нењето на свеќата врз кој е направен еден од главните заплети, што требало осо- бено да се истакне.
Пред крајот на 1971 година премиерно била изведена комедијата „насрадин- оџа“ од илхами емин, поет со лирски вкус, кој имал големи амбиции кога се зафа- тил со својот втор сценски текст. пишувал комедија што ќе нема за цел само да на - смее, туку и сериозно да проговори за животот и човекот воопшто, а за тоа му послужил материјал од дамнешното минато, сврзано за турската националност на која и` припаѓал – преданието за насрадин-оџа, како и ликовите на две историски личности од времето на турското навлегување на овие краишта, монголскиот заво - јувач тамерлан и шеикот Бедредин, непомирлив романтичарски бунтовник кој бил обесен јавно во серез во 1420 година. насрадин е неуништливоста на народната сила кога е во прашање завојувач, олицетворен преку тамерлан. силата на народ- нот ја претставува насрадин, додека Бедредин е противтежа меѓу нив. „понатаму емин своето дело го определува како мисловна комедија, со тажен поетски шти- мунг“. во „насрадин“, како и во неговата прва пиеса „отуѓени“, има поетски нотки, како и желбата сериозно да се проговори за човекот. комедијата е присутна напа- ти, главно кај насрадин-оџа кога се оттргнува од општата концепција на делото. така и кај некои споредни личности не придонесуваат многу во докажување на филозофските амбиции на авторот. Делото се одликува со конкретноста на лично- стите, а и во „поцврсто“ заснованата фабула во него, иако и ликовите, пред сè, оние на тамерлан и Бедредин, не се осмислени на најконсеквентен начин, а пред крајот дури и насредин“. на сцената „насрадин“ бил игран меѓу комедија и сериозна дра - ма со употреба на елементи на караѓоз; орта ојун и Медах. Љутви сејфула (насре - дин) „комични сокови влечеше најинтензивно во сцените кои не беа во најдирект- на врска со другите два главни лика на пиесата. Можност за „тажна комика“ може- би имаше најмногу кога на насредина му подвалуваат со двата слона“. рамадан Мамут (тамерлан) и салаетин Билал (Бедредин), како и сузана Максут (Фатима), „покажаа солидни артистички резултати“. Дебито на младата Бедија Бејолу „наве- сти интересна појава“. во другите улоги настапиле незакет али, јилдиз рифат, Шерафетин неби, енвер Бехчет, Џемаил Максут, Феми Груби, Зекир сипахи и Мус - тафа јашар, „кој исто така дебитираше на професионална сцена“. режисер на прет - ставата бил кемал лила, а сценографијата била на панче Минов.
„Мавиш и Мемиш“ е прво дело за деца напишано од автор на турската народ- ност, кој живее на овие наши простори, пишува иван Мазов. од нашите региони како дел од усно предание потекнува приказната. кај Хасан Мерџан се чувствувале првите чекори на автор за такви дела, особено во претераното медитирање, што се гледало во недоволното воспоставување контакти со децата... Добрата страна на авторот е што не сака да ја убива нивната фантазија и што не правел концесии во однос на својата поетска суштина. слични тенденции имало и кај режисерот кемал лила, со забелешка дека можел повеќе да го разигра текстот на сцената. од арти- стите најпријатно изненадување претставувала младата Бедија Бејолу, која како водител во претставата со вонреден шарм и убава смисла создавала контакт со гле- далиштето и сцената. и другите учесници – незакет али, Шерафедин неби, рабадан Мамут, сузан Максут и Зекир сипахи – вложувале напори текстот на Мерџан да го доближат што повеќе до децата.
За истата претстава, накратко се осврнува иван Мазов во „политика“ („пос - тојано полна сала“, 1.6.1972). Хасан Мерџан, кому по „цвеќарот алија“ ова му е втора пиеса, е млад поет кој пишува на турски јазик. пиесата е инспирирана од усните преданија на турците кои живеат во нашите региони. на сцената била прикажана и четвртата негова драма – „крава“, која е најпре- тенциозен текст од сите негови што досега се видени на сцената на турскиот театар во скопје. Мало семејство, мајка, ќерка и син се обидуваат животот да го преживе- ат на наједноставен начин, опфатено со мислата како да се преживее. надежта е во една крава која со голема мака ја набавиле. смртта на кравата ја пречекуваат со радост, а потоа животот ќе си земе првобитен тек со исчекување да се појави нова илузија и самозалажување. режисерот кемал лила како да не бил начисто за какво дело се работи – „за поетска драма или само за фарса“. во претставата имало од сè по малку. според критичарот, режисерот најдобро би направил ако овој текст го сфател како фарса. кравата како надеж и илузија за тоа давала шанса. со тоа би се избегнало мешањето на стиловите на кои одделни артисти ги толкувале улогите, како на пример Мушафер лозана (Мајката) и Џемаил Максут (учителот). првата „одеше исцело кон стилизирана игра, додека вториот се обидуваше преку реалис - тич ки третман ликот да го фати со една поблага иронија“. сценска леснотија се чув- ствуваше кај сузана Максут (Девојката), синот го играл енвер Бехчет, а свршеникот салаетин Билал. сценографијата на панче Минов со два елемента го назначувала амбиентот – голема црвена ружа која означувала градина и стилизиран таван во ориентален стил – знак дека делото потекнува од исток. и двата елемента беа мошне асо- цијативни.
Пред крајот на сезоната турската драма гостувала во истанбул на сцената на Шехир театар со комедијата „кога свеќите ќе се угасат“ од современиот турски писател а. Муџибхадзе. комедијата минатата година ја поставил сами ајаноглу. Гостувањето траело дваесет дена. претставата наишла на многу убав прием, како кај турските познавачи на сценската уметност, така и меѓу граѓаните на истанбул кои некогаш живееле во нашите краишта.
На скопската сцена албанската и турската драма, досега извеле околу 2500 пре- тстави, што ги виделе близу 670.800 гледачи. на традиционалните гостувања во внатрешноста на земјата, потоа во косово, Босна и Херцеговина и Белград, теа - тарот прикажал 850 претстави со 425.000 посетители. сликата на успесите ја допол- нувале многубројните гостувања во странство: Бугарија (Шумен и крџали), турција (анкара, измир и Бурса) и албанија (тирана, валона, Драч, скадар и Фијар). во 1971 година првпат на тв е снимена пиесата „отуѓени“ од илхами емин на турски јазик (со македонски превод). една година подоцна биле снимени „Згасна свеќата“ од М. целал (на турски) и „електра“ (на албански). периодот од 1956 до 1958 година „е најсудбоносен за театарот на народностите. најголемиот број кадри беа принудени да ја напуштат куќата, последици што и денес се чувствуваат. театарот на народностите претставува мерило за достигнатиот степен за слободно духовно и уметничко творештво. тој е сè повеќе жариште на културата на турската и албанската народност. неговата улога е мисионерска, со издигнувањето на теа- тарската култура и во подигањето на културното ниво на припадниците на албан- ската и турската народност“.
Режисерот Мирко стефановски, со остварувањето на Џемаил Максут (отело), сузана Максут (Дездемона), Мехди Бајрактари (јаго) и салаетин Билал, незакет али, Феми Груби, рамадан Махмуд, Шерафедин неби и други, се претставил пред скопс- ката театарска публика во првата постановка на Шекспировата трагедија „отело“. поставувањето на претставата „отело“ на сцената на театарот на народностите „по малку збунува, изгледа необично, се прима со мошне скриени сомневања и стра- вувања“. на вака поставеното прашање режисерот одговорил: „ослободени од комплексот ’Шекспир’, ослободени од нереалните амбиции да правиме претстава, спектакл, на трагедијата ’отело’ и` пристапивме како на секоја драмска материја, со цел од неа да правиме прифатлива претстава за нашиот современ гледач. сакаме претставата да произлезе од нашите сценско-технички и актерски можности и во својата основа да го носи респектот кон овој драмски великан“. „експериментирањето во театарот, и не само во него, стана речиси помодарст- во, а не творечки процес – вели стефановски. се користат најразлични, па дури и недозволени средства да се предизвика и да се шокира гледачот. Затоа многу нешта се жртвуваат и се газат во името на тој експеримент. јас би бил задоволен ако оваа верзија на ’отело’ не биде наредена во таквиот вид експеримент“.
Режисерот Мирко стефановски, имајќи ја предвид големината на сцената и малиот актерски состав, дошол до современо согледување на ликовите и нивната психолошка фактура. „оригиналното на овој план се состои во тоа што режисерот на предна позиција го исфрла јаго, не фиксирајќи го однапред како негативен, туку како човек со вонредна интелигенција и со таква амбиција што ќе доведе до неми- новен крај. со тоа трагедијата на јаго е животно мотивирана“. режисерската постапка била доследно спроведувана и успеала да остави претстава „со еден внат- решен интензитет на кој адекватно се надополнува и надворешната динамика, водењето на дејството“. јаго на Мехди Бајрактари, во сообразност со режисерското согледување на ликот, „сугестивно и со еден забележителен дијапазон од изразни средства го остварил. овој актер ја има можноста за непосредно трансформирање во ликот, а располага и со вонредна телесна пластика. по импресивното исполнување на оваа сложена актерска задача од Бајрактари може да се очекува и уште повеќе“. насловната улога, отело, ја толкувал Џемаил Максут и рецензентот е со впеча- ток дека актерот бил на пат да направи „едно исклучително автентично доживува- ње на овој лик. неговиот отело е целиот во внатрешен грч, во подводните водо- вртежи на психолошките текови што ќе бидат доведени до вистински пароксизам“. од женските улоги, се издвојувала сузана Максут (Дездемона). „Мошне дослед- но овој лик го сенчи со една непринудена лиричност што ја засилува финалната сцена на невината жртва“. Фин регистар од сценски изразни средства презентира- ле незакет али (емилија) и Бедија Бејоглус (Бјанка), последната е театарски под- младок која со оваа улога ги најавува своите претензии и убави можности“. За успе- хот на претставата придонеле интерпретациите на Феми Груби, рамадан Махмут, салаетин Билал, Мустафа јашар. само поради рецензентската форма, на крајот ќе ги спомне костимите на Беба патрногиќ, „во кои е внесена максимум инвенција, колорит и непогрешна смисла за психолошката структура на ликот што го носи костимот“. со оглед на можностите на сцената и нејзините димензии, „како мошне успешна ја оценуваме и сценографијата на панче Минов“.
Ансамблот на турската драма приредил своевиден подвиг со претставата „оте - ло“. јаго со својот фантастичен дух, со својата умешноста за заплеткување на ситуа- циите, човек на кого интригата му е мото за душевно спокојство и задоволство, почнува лесно и магично да го освојува вниманието. и токму тука е магичниот приод на режисерот Мирко стефановски кон ‘отело’! јаговиот лик во претставата е пред сè и над сè. неговите монолози, режисерот ги зел како основа на својата концепција, без јаго ништо не се случувало. со експо- нирање на јаго, режисерот ги ставил во сенка отело и Дездемона „ослободувајќи ја претставата од сите можни баласти и натрупаности и, се разбира, приспособу- вајќи ја на техничките можности на сценски простор“. интервенциите овозможиле гледање на мошне јасна и чиста претстава, која обилувала со оригинални сценски решенија. „рафинираноста и чувството за режи- серска чиста постапка уште повеќе доаѓа до израз при градењето на ликовите и при нивната сценска поставеност во просторот. стефановски не се впуштил во екс- перимент да прави претстава-спектакл или да прави некаква раздробена претста- ва. напротив, експериментот, ако воопшто во случајот така може да се нарече, е присутен дотолку што режисерот се осмелил на грандиозната и една од најзрели- те Шекспирови трагедии да и` пристапи на сопствена творечка моќ“. артистичката екипа се претставила со сосема подруг начин на игра. пред сè, се одделувало брилијантното играње на Мехди Бајрактари (јаго). неговиот јаго е спе- цифичен. од јаго лажливец, сплеткар, јаго лукав и подмолен, ова е јаго со растрга- ни чувства, незадоволен од својата жена, љубоморен на својот господар и над сè јаго со силен дух и интелигенција. Бајрактари направи лик кој во сите можни транс- формации влијае симпатично и ја освојува публиката. Бајрактари покажа голем артистички простор во себе, предодредувајќи ја играта до крајното чисто изнијан- сирано владеење со сите комплицираности на ликот“. Џемаил Максут (отело) во првиот дел е во сенка на јаго, „но колку отело сè повеќе се соочуваше со внатреш- ната душевна криза, колку што повеќе го опфаќаше чувство на свирепост и без- умие, спротивставени наспроти војничкото достоинство како основен карактер на ликот, Џемаил Максут заигра со некое чудно воздигнување кое за миг завладеа со сценскиот простор“. тој во вториот дел го покажал богатиот артистички сензиби- литет со една голема внатрешна сила за игра. сузан Максут остварила поинаква Дездемона, која не ја очекувале, или како таква не ја знаеле од делото...
Турскиот театар направил вредно остварување, претстава со силен впечаток. на моменти дури ни јазичната бариера не претставувала пречка претставата да ја следат и оние гледачи кои не го познавале турскиот јазик. како втора премиера во календарската 1973 година, турската драма ја прикажа - ла претставата „вејка на ветрот“ од коле Чашуле, во режија на Мирко стефановски. режисерот својата концепција ја градел според насловот на пиесата. според него, трите главни ликови – Магда, велко и Џими се три вејки изложени на ударите на ветрот и бурите. тие на крајот ја доживуваат неминовната судбина на вејката, паѓаат. „се обидов просторно и визуелно на сцената да доловам еден вид златен кафез и судбината на затворената птица во него, која знае и да запее, па сепак е оса- мена и несреќна. во рамките на една стилизирана, повеќе условна постановка, преку реалистичка игра, на површина треба да излезе трагедијата на поголемиот број луѓе кои стануваат конечно жртви на сопствените противречности и на внат- решните кризи во крајна линија, трагедијата на печалбарот, преку јасната порака- на главната личност во делото: ’а кој, кога нас ќе нè разбере’“.74 режисерот Мирко стефановски на публиката и` презентирал некои нови аспек- ти и согледувања на делото на Чашуле „изострениот критички однос на режисерот кон текстот што како последица ја има не малата редукција на дијалози што ги разводнуваат односите помеѓу ликовите и кои во извесна смисла, во добар дел фраг- менти драмата ја сведуваат на сентиментална сказна“. тој редуцирањето го извршил со вкус, а во поголемиот дел ликовите ги приземјил, водејќи сметка тоа да не е во манирот на сувиот сценски реализам и натуралистичко прикажување. Малата актерска екипа мошне амбициозно се фатила во костец со задачите кои стоеле пред нив. Младата артистка јалдаз рифат настојувала да се ослободи од форсираниот емоционален набој во Што и успеала, особено во сцените во кои по средбата со Џими го доживува велко како туѓинец во својот живот. во улогите на велко и Мејбл артистите рамадан Махмут у Мушареф прека настапиле со изразита сценска рутинираност и сигурност. особено успешен фрагмент бил кога велко го доживува својот тотален емоционален пресврт и однос кон животот. критичарот посебно го одбележува младиот актер Мустафа јашар кој во улогата влегол со сигурност што импонирала. во целата интерпретација имало нешто на модерен и млад човек. „покрај тоа, јашар покажува и една убава грижа кон сценскиот говор и непосредноста на телесните движења“.
Ансамблот на турската драма ја прикажал премиерата на „Медеја“, трагедија во два дела од еврипид, во режија на кемал лила. насловната улога ја играла сузан Максут. во неа прв пат во историјата на човековиот дух е кажано дека борбата на чове- кот за среќа во животот не може да се бара надвор од човекот, туку во него самиот. критичарот смета дека со ваквата крупна задача се зафатил еден релативно мал театарски колектив. „лила внимавал да го зачува античкиот стил, применувајќи притоа една блага стилизација ликовите да ги оживее во нивните современи пори- ви, а тоа е она што оваа литература ја прави секоја современост интересна. лила направил една претстава на најжестоката страсност, во која согорува сè, па и сама- та страст. оваа страсност кај него е очовечена во најубавата смисла на оваа одред- ба, таа е од човечка крв и месо, нејзе мора да и` се верува, па дури и во она поента кога останува само пеплиште“. сузан Макуст ги покажала максималните можности. нејзината инспирација била човечкото, а не демонското, страсното, но не и пате- тичното во ликот. нејзиното доживување на пеколот на животот, најнепосредно се одразувале на гледачот. од другите актери најсигурен впечаток оставила гувер- нантата незакет али. сите учесници сериозно и одговорно и` пристапиле на задача- та, а Зекир сипахи (Гласникот) од епизодата направил вистинско мало доживување, „полно со атрактивност и со непосредност во исто време. на крајот, и во оваа при- года да ја истакнеме вонредната естетичност, функционалност и неоптовареност со визуелно дескриптивни елементи на сценографијата и на костимите“.
Новиот театар на Бит-пазар, на местото каде што бил театарот пред земјотресот, првото ѕидано здание од овој вид во нашата република, располага со околу 4.500 мет ри квадратни корисна површина. се потврди на дело уште еднаш исправната по литика кон народностите за нивни слободен и непречен творечки развој. теа та - рот со албанската драма, единствена во нашата република, со турска драма, един- ствена во југославија, има посебно место и улога за раздвижувањето на културниот и на уметничкиот живот кај турската и албанската народност во републиката. Додека го чека вселувањето во новата зграда, турската драма премиерно ќе ја прикаже комедијата „слуга на двајца господари“ од карло Голдони. режисерот саша Маркус играта им ја доверил на млади артисти, така што претставата е во зна- кот на младите. во претставата дебитирал студентот на одделот за драмски актери при вишата Музичка школа Фирдауз неби. претставата е значајна што во двете клучни улоги трифулдино и Беатриче нас - та пиле во алтернација млади артисти. ова се однесувало пред сè на перихан туна и јилдз рифат, како и на Фирдауз неби. перихан туна била нешто „поуверлива во својата трансформација“ додека јилдз рифат за нијанса „беше поразиграна и внесе поголем шарм на сцената“. Фирдауз неби со мошне интересна артистичка појава можел да биде послободен во толкувањето на ликот. салаетин Билал (труфалдино) „сосема солидно се снајде во улогата“. интересен, можеби најинтересен бил Зекир сипахи во истата улога, кој ликот го остварил со помош на несекојдневна импро- визација, постигната со помош на една специфична техника и извесно „оддалечу- вање“ од ликот. и другите двајца од „помладиот дел“ во пиесата – Бедија Беговска (клариче) и Мустафа јашар (силвио), како и сузан Максут оствариле добри улоги. извесна живост внеле енвер Бекчет и Феми Груби (носачите), со преголем натура- листичен белег.
Ансамблите на турската и на албанската драма сè повеќе зачудувале со својот зачудувачки ентузијазам. колективот се зафаќал последниве години со обемни проекти, и покрај евидентните просторни и сценски тешкотии. „слуга на двајца гос- подари“ „нè увери дека ансамблот е исполнет со полет и голема желба за макси- мална артистичка игра“. комедијата е сместена во рамките на ’комедија дел арте’, меѓутоа нејзе и` ги препишуваат механизмите да ги заврти негаторските стрелки кон тој театар. ваквото гледање на комедијата е присутно и кај режисерот саша Маркус. тој успеал „да ни прикаже претстава која блика во полетност и убавина. режисерската инвентивност ја употребил докрај, богато и облагородено. Динамичните ситуации ги решил со вешти режисерски формули воздигнувајќи ја претставата во допадлива динамичност“. во претставата немало пукнатини, или пак лик кој не е докрај осмислен и функционален. пиесата „Шест лица го бараат авторот“ ја задржала творечката привлечност, сè уште била повод за посовремено сценско прикажување. пирандело е несекнат вруток кој ги поминал границите на своето време и трае во новите режисерски видувања. тој вака го објаснувал своето сознание „сè што живее, со самото тоа што живее, има форма, а поради тоа пак мора да умре; со исклучок на уметничкото дело кое секогаш живее токму затоа што е форма“. него не го интересира буквалната сцена и затоа неговата приказна почнува на отворена сцена. Додека се подготвува неговото дело, на сцената доаѓаат шест лица облечени во црно кои бараат од акте- рите да го играат нивниот живот. тој „не се обидува да го раскаже нивниот живот, туку во сета таа двојбеност ги испреплетува сценските расправи за животот и за реалноста. пирандело отвора два фронта: меѓу лицата и артистите. „сите се борат да ја разјаснат приказната, но сите истовремено и ја присвојуваат на свој начин. илузиите течат во две насоки кои се сретнуваат во конкретните простори на живо- тот. смртта на двете деца ги прави замислените карактери повистинити од арти- стите“. сцената е отворена без рампи, со многу реалности, но до нив треба да се дојде. пирандело доаѓа, ги открива и отвора нова ера во сценската уметност. режисерот алексов ја следи имагинацијата на авторот, навестува широк простор за откривање на ликовите, „играта на артистите ја пушта да тече во зазбивтан ритам, а преку шесте лица во некоја смисла конфронтира и со гледалиштето. претставата ја исполнува со атмосфера, онаа таинствена во која допрва ќе откриваме што е што, кој е кој, каква е приказната, каде е крајот до што треба да дојдеме... остриот кон- фликт е постигнат, шесте лица ги воздигнува до авторовата илузија, но и ги спушта до вистинитоста. рамнотежата е чиста, без дилеми“. алексов понудил „убаво сцен- ско решение, во кое обилувале убави остварувања. ја одделува играта на: сузан Макуст (пасторка), рамадан Махмут (татко), незакет али (Мајка) Џемаил Максут (режисер) и Бедија Беговска (Главната артистка).
Критичарот иван Мазов пишува дека претставата била збогатена со трикови од сцената и за сцената, „во која имаше и глума со однос спрема текстот и ликовите, но и со идентификување со нив“. таму каде што тој однос бил видлив, претставата имала повисоки дострели и била поблиску до пирандело, а таму каде што се играл реалниот живот вистинскиот пирандело бегал од сцената. трик била и употребата на фрази на македонски, албански и арапски, покрај турскиот, како и решението на Мадам паче преку куклата што била спуштена одозгора. „сè на сè, претстава која поставува многу проблеми и поткрева интересни прашања“.
Во режија на првенецот на турската драма, артистот Љутви сејфула, била при- кажана пиесата „алиш“ од Хусеин сулејман. песната што ја пеела Зејнеп „го видовте ли мојот алиш, крај Дунав на пат за серез?“ му послужила на Хусеин сулејман, автор од турска народност во Македонија, кој умрел во 1963 година, како мотив за неговото дело. откако не му ја дале за жена, алиш го напушта малото место лом паланки и оди во серез. таму, во него се вљубува ќерката на судијата, но алиш со копнежот по Зејнеп бега во истанбул каде што се вработува како келнер. Зејнет тргнува во потрага по алиш, доаѓа во серез, а оттаму во истанбул. по тримесечно залудно барање, драмата среќно завршува откако случајно се сретнале во хотелот во кој била сместена Зејнеп. истата драма, сејфула ја поставил пред 20 години. очекувањата дека режи- серот ќе направи понови и поактуелни преточувања не се исполниле. тој буквално го следел текстот, со што и го умртвил драмскиот конфликт. од многуте преземени дејства претставата била здодевна, развлечена. актерската екипа не успеала дело- то да го воздигне. најубав лик со осмислена реалистична игра, надградена со многу детали и многу уверливост, остварила незакет али во ликот на назли.
Љутви сејфула сакал да нè увери во животната вистинитост на настаните што се прикажувале на сцената како последица на ваквиот став се добила претстава што личела на гола илустрација во којашто имало и мошне дискутабилни детали. така, на сцената во XVII век се пали цигара со кибрит, се веселат девојчиња и момчиња без фереџиња, а сиромавиот рибар бил со везирски скапоцен костим. и нему најдо- бар впечаток му оставила незакет али. Мошне допадливи биле сузан Максут, јил - диз рифат и Љутви сејфула. посебно се истакнала убавата епизода на Шерафетин неби како налбат.
По долги години колективот на театарот на народности доби своја модерна сала. ова е прв современ објект за театарски активности изграден по ослободува- њето во скопје. театарската зграда е од цврста градба, дело на архитектите Љубин - ка Малинкова и вера Ќосева, а свечено е отворен во октомври 1974 година. теата - рот е изграден во близина на архитектонски објекти од минатото и е завршок на атрактивниот аглометар – старата скопска чаршија. на 18 јануари турската драма премиерно ја извела драмата „убавината чекори сама“ од томе арсовски, во режија на Бранко Гапо. и овој текст се надоврзува на неговите преокупации со настојување да се открие поетскиот елемент на „секој - днев ното сивило...“, да се скрши лушпата што го обвиткува таканаречениот мал човек и зад тенката корка да се наѕре во пулсациите на неговото постоење, него- вите проблеми, немири, страхувања, а сето тоа треба да ја даде поетската слика на едно постоење што само навидум е безначајно ...“ но ни во ... „убавината чекори сама“ авторот не направил покрупен чекор на своето животно видување, неговите опсервации се исти како во другите негови текстови. Бранко Гапо во својот нов проект не се открива како дебитант, туку се презентира дури како професионалец со оформени ставови кон театарската сцена. тој, свесен за некои недоречености на авторот, настојувал да ги надгради со стилски елементи, со ризик претставата да подејствува хетерогено, но да добие во „...содржинската јадрост и во нејзиното животна уверливост...“ тој дејството го прави динамично и прави спектакл, низ разигран паноктикум во кој најмалку има статичен приказ. Дејството го лоцирал на повеќе места, во кои паралелно се одвивало во неколку нишки, кои не се пресеку- ваат, и не си пречат една на друга. таму каде што има наративност, режисерот од лирски третман преминува во гротеска..., од неа пак во реалистички приказ и треба да се рече во поголемиот дел на претставата, меѓу овие стилски контроверзи, тој соумува да изнајде рамнотежа и да го зачува нужното чувство за мера...“ треба да се рече дека Бранко Гапо „не го решил најуспешно проблемот на сцената...“ од една страна, имало ликовно условена сценографија, а од друга импресивни реалистич- ни костими, како и пренатрупана сцена со предмети, чија функција секогаш не се гледала. ансамблот во претставата влегол мошне амбициозно и дисциплинирано. на прво место била Бедија Беговска (јанка), млада артистка ...„таа соумева на ликот да му вдахне животност и да нè увери во неа со својот непосреден третман...“ впе - чатливи ролји оствариле салаетин Билал, Љутви сејфула, Фирдауз неби, рамадан Махмуд, Мустафа јашар, сузан и Џемаил Максут – епизодите на енвер Бехчат и Мушареф лозана ја „претставуваат онаа малечка, но мошне сјајна точка во режи- серскиот паноптикум на Бранко Гапо...“
„Убавината чекори сама“ е прва претстава со која театарот на народностите се пријавил за учество на годинашните југословенски театарски игри во нови сад. режисерот ја отворил сцената, салонот и фоајето ги претворил во сцена, така што претставата започнувала на влезот во театарската сала. Бранко Гапо направил пре- тстава-спектакл со ревијален карактер, што содржело и нешто наше, повеќе меди- теранско, за што придонеле и костимите на јелена патрногиќ, раскошната сцено- графија на Менде ивановски, ненаметливата музика на Љубомир Бранѓолица и успешната кореографија на александар стојановиќ. со разбивањето на сцената Бранко Гапо „внел само една надворешна динамика, што во значителна мера при- донесуваше да се загуби концентрацијата на гледачот, текстот непосредно да се расцепка, губејќи го најчесто својот континуитет, својата целовитост...“
Најновиот текст на Хасан Мерџан „Школски свет, весел свет“ бил посветен на деца- та. неговиот третман на темата, подразбирајќи ја поетската постапка, средба на две деца пред да појдат на училиште, ја трансформира во чудо во кое оживуваат и обич- ните предмети – книгата, кантата, моливот, гумата, тетратката – сите предмети со кои децата се во постојан допир. авторот тоа го прави со чувство за мерка „и со авторска интелигенција, која умее да ја избегне декоративната дидактика, за сметка на тоа да ги распне сите едра на фантазијата...“ тој во неговата авантура низ светот на фантас - тиката не поаѓа од фикција, туку од конкретната функција на предметите што ги ожи- вува. режисерот Шерафетин неби настојувал во прв ред да го почитува поетското видување на Мерџан, а потоа да го интензивира со динамично водење на дејството, во кое е доминантно вештото користење на сценскиот прос тор... ликовите играле поетично, бидејќи режисерот не отишол во нивна априори идеализација. нивната трансформација, колку и да е невозможна, тие сепак се вис тинити, оти биле прика- жани и нивните функции. За успешната реализација на сценографијата свој придонес дал панче Минов, а за музиката исмаил Хоџа. панче Ми нов не ја оптоварил сцената со непотребни елементи од фантастиката. со решени јата негови се сугерира амби- ентот на секоја секвенција, посебно оставајќи прос тор што овозможи брза динамич- на мизансцена. исмаил Хоџа песничките ги компонирал едноставно и живо, така што лесно се помнеле. во претставата носители биле седум актери, кои со воедначена игра соумеле непосредно да му се доближат на младиот гледач. азиз несин пишува раскази, романи и драми, од кои повеќето му се преведени на други јазици. Драмата „кралот на головите“ настанала како драматизација на роман. во турската драма во скопје досега не бил изведуван. За своето дело, азиз несин вели дека сите ликови биле негативни, но сепак омилени, меѓутоа и опасни. ако натежнела нивната омиленост, потоа постоела опасност да ја заборавиме нив- ната негативност. Знаејќи дека нивната судбина е трагична, ќе стане уште потра- гична, ние уште повеќе ги сожалуваме. она што гледачот го спасувало од оваа ста- пица е што нивните негативности се изложувале на показ. тие биле плодови на ненормален систем, и поради нивното оддалечување од вистинските цели на стартот уште повеќе станувал негативен. режисерот тахир Барлос бил постојан режи- сер при градскиот театар во истанбул. Дошол, како што вели, во пријателска југославија, каде што неговите сонародници турци се сплотени со југословенските народи. Би бил среќен ако неговото доаѓање во скопје даде и најмал придонес во уметничкото и културното зближување на двете земји кои имале многу слични предци и обичаи. „кралот на головите“ е музичка игра во два дела, како драмски колаж од над дваесет скици, кои во извесна смисла можеле да постојат и самостојно. азиз незин не се ограничувал на фабулните елементи на темата во кои имало и битови еле- менти „...туку оди многу подалеку, се подбива со карактерите на ликовите, со поли- тичките и општествените услови во земјата, притоа демонстрирајќи една нависти- на брилијантна стручна опсервација...“ квалитетите на делото не требало да се бараат во формалните текови на дејството „...туку во моралните димензии на авто- ровиот критички поглед, кон животната материја, што послужила како предмет на неговото дело. режијата презентирала „...импресивна сценска култура, всушност онаква каква што ретко може да се види на сцената...“, започнувала со незаборавна сцена во која на спортскиот ринг еден политичар нашол свои слушатели, вербал- ниот со прозна фразеологија, со нагласено чувствување на дистанцијата. на 25 мај била одржана претставата „кралот на головите“ од азизнесин. на пре- тставата бил авторот, како и голем број културни и јавни работници. режисерот Мирко стефановски во правењето на претставата „Доживувањата на николетина Бурсаќ“ тргнал од убедувањето дека ќе прави драма во која е важна само централната личност – николетина. нешто позначајно место му дал и на јовица јеж.. стефановски ги потиснал партизаните на заден план, во некоја смисла тие му служеле како бран на кој ја одвива ведрата приказна за доживувањата на николетина „...токму затоа својата претстава ја осиромашил од општата атмосфера во која е најден николетина ... претставата изгледаше мошне ладно...“ и покрај вид- ливиот напор, Џемаил Максут во својата игра одел на „пресметани ефекти и енвер Бехчет не ги искористил докрај можностите за да го воздигне ликот со поголема креација. најубавите можности ги искористил Марк Морку, кој го предал ликот „навистина оригинално и уверливо“.
Комиката извира од ликот на николетина, неговата природа, често несмасна, но и шеретска, како и од неговата сенка – јовица јеж, вели критичарот Мазов. успеш нос та на претставата зависи од тоа како тие ситуации да се поврзат во една поврзаност и во што потечно сценско кажување. и второ, како ликот на николетина сценски да се обои во согласност на бојата што му ја дава Ќопиќ. на овие две прашања претставата одговорила делумно. на претставата и` пречеле – „пренагласената желба времето и местата во кои таа се случува да бидат што поверно набележани преку соодветна музика составена од маршеви и други песни од времето на ноБ и преку сценографија изведена со помош на проекции. првото на извесен начин го задушуваше, а второто го забавуваше и дејството...“ ликот на николетина бил предаден прилично еднострано и еднобојно. енвер Бехчет (јовица јеж) со својата артистичка подготвеност внесол поголема ведри- на во претставата. најефектен бил Марк Марку (италијанецот), додека во позабе- лежливи улоги настапиле Феми Груби, салаетин Билал, Мустафа јашар, Фирдауз неби, незакет али, сузан Максут, Љутви сејфула, Шерафетин неби и други... премиерата на „Моралист“ (семејна драма) била изведена во Домот на култура- та во тетово. првото дело на Мицев „лиза, лиза...“ праизведба имало во Драмскиот театар. пред премиерата, Миодраг Мицев изјавил: „одењето по патиштата на соп- ственото искуство создава во нас некои облици на протестни чувства, кои, не ретко, бараат катарзично празнење. во мене одамна се собираше агресивност кон сè она што е крадење и газење на човековата интимна слобода и среќа во името на мало- граѓанскиот морал и родителската љубов. а токму тие, честопати, се немилосрдни во својата егоистична, еднострана настојчивост“. Драмата ја доживеал една вечер во едно семејство да биде некаков судија, помирител на судирот на олга со нејзиниот сопруг. почувствувал потреба да застане на страната на жената и да се обиде нејзи- ната трагедија сценски да ја оживее. суштината на драмата е во тоа што сите ја кажу- ваат и ја слушаат својата вистина. последица е трагичниот крај на човекот што се поигрувал со психата на своите најблиски. авторот се обидел тоа да го открие. се имало работа со текст „поорганизиран во својот сценски распоред и чув- ствително продлабочен во однос на психата на ликовите и нивната заснованост, која овој пат е поширока и поразнострана“. авторот и режисерот претставувале среќен спој во патот.
„Моралист“ е драма „на психичкото распаѓање на едно семејство, што во својата основа, во својот корен, е израстено по погрешни патишта“. режијата на кемал лила е „насочена кон разоткривањето на психичките состојби на јунаци- те. атмосферата е згустена, напната, доведена до границата на усвитеност, до експлозија“. сите ли ко ви биле внимателно извајани и изнијансирани. најсилен впечаток оставила Бе ди ја Беговска (олга) „со широк дијапазон за игра, талент за сценска трансформаци ја, внимателност и прецизност во психолошкото обојува- ње на ликот, Беговска и овој пат нè увери дека е артистка која умее да понесува мошне сложени актерски задачи“. сабина ајрула (ана) е лик кој преку студиозна игра „беше максимално и мош не уверливо изнијансирана“. Џемаил Максут (строгов) предал „една интересна и студиозна игра“. и Мушареф лозана (страч - кова), „на оригинален и на нејзе свој ст вен начин го обои ликот“. во другите улоги настапиле јилдиз рифат (Марија), Ше рафетин неби (петров), Мустафа јашар, Фирдауз неби, перихан туна и енвер Беџет.
Веќе неколку години на сцената на турската драма настапувала младата артист- ка Бедија Беговска, која ги освоила симпатиите на публиката. во „Моралист“ од Миодраг Мицев остварила вистинска креација која може да ја презентира само длабоко чувствителен актер кој со себе носи многу талент и смисла за актерска пси- холошка сугестивност“. актерка станала сосема случајно, но искрено признава дека во театарот останала намерно. театарскиот критичар иван Мазов вели дека е мошне тешко изразито фило- зофски и дескриптивен роман, каков што е „Дервишот и смртта“ да се преточи во драма. сцената бара подиректно соопштување, поотворени судири, поразго- лени ситуации. судирот што континуирано трае во романот се води во него самиот, кај нуредин, и е потежок за експликација. Драмата е во една личност. Борислав Михај ловиќ-Михиз не можел да избегне како двете приказни да се поврзат во едно и како на приказната да и` се даде повеќе сценско ткиво и да се направи поатрактивна и погледлива претстава. Душко наумовски се обидел претставата, особено во вториот дел, да ја разигра со поатрактивни потези за сцената, како и сценографот од ниш велизар србљановиќ со своите решенија, мошне чисти и провокативни за окото како симболика и како простор за одви- вање на многубројните слики со претставата“. јелена патрногиќ со раскошни „замислени и вкусно изведени костими, што на изведбата и` даваат посебна при- влечност која ниту во еден момент не е цел за себе“, како и музиката на андреј Бељан „за задоволување на потребниот штимунг и амбиент“. критичарот пре- тставата ја видел на театарските игри во прилеп. Била тоа една „од најсолидно изградените претстави на овие наши игри. салаетин Билал (нуредин), со игра што целосно се потпира „на внатрешните вокации на артистот, без какви и да е надворешни ефекти и дотолку потешка за исполнување“. со таква смиреност се одликувала и играта на Фирдауз неби (Мула јусуф). До овие две улоги требало веднаш да се стави и онаа на Љутви сејфула (Хаџи синанудин). во другите поза- бележливи улоги настапиле Бедија Беговска (кадијката), Џемаил Максут (Муселимот) и енвер Беџет (Шпионот).
Театарот на народностите официјално сезоната ја започнал со премиерната изведба на турската драма со пиесата „планета на дембелите“ од ристо Давчевски, во режија на кемал лила. поради топлиот прием на албанската сцена, нешто изме- нета сценски ќе ја гледаат децата во изведба на турската драма. учествуваат арти- стите Шерафетин неби, сузан Максут, Шефкет наум, ирфан Бељур, Зекир сипахи, Бедија Беговска, енвер Беџет, Феми Груби и Мустафа јашар. пиесата е предадена со јазикот на детето, со мотиви од неговата фантазија, преку поучен дијалог, комични ситуации и забава. Дејството се случува на Зелената планета. лошиот волшебник сипиндатор ќе ја претвори во земја на дембелите. тој со својот помошник Железниот Заб ја окупирал меморијата на царот немтур, кој освен на играњето со конзерви за ништо друго не се сеќавал, дури не ги познавал ни сопствените деца Дандара и Мандара. пријателите на царот атомски и биологот, успеале да ги спа- сат и него и неговите поданици од лошото влијание и од мрзливоста, а го преобра- тиле и маѓесникот. Децата веруваат дека доброто секогаш победува, па така и пие- сата завршила со песна. на 15 октомври турската драма заминала на десетдневно гостување во турција, и тоа во истанбул, анкара, измир и Бурса. во рамките на културната соработка меѓу двете земји, скопскиот театар ќе се претстави со „омер и Мерима“ од авторите Бе - ловиќ и пешиќ. претставата ја режирал Мирко стефановски, а учествувале сузана Максут (Мерима), салаетин Билал (омер) и рамадан Махмут, лозана Мушареф, саби на ајрула и незакет али. од први до десетти ноември како гостин на турската драма ќе престојува во скопје театарот „кентер“ од истанбул, кој посетата ќе ја врати со прет ставата „стапчињата на микадо“ од Мелих Џевдет андај. Детската сцена на театарот на народностите пo еднаш во годината прикажу- вала детска премиера, порано давала две. За жал, тоа било така поради немање- то фи нансиски средства. на средствата се штедело кога се работело за детска претстава повеќе од педесет отсто во однос на претставите за возрасни. а би требало да биде обратно. режисерот Мирко стефановски повторно се опреде- лил за еден многу познат текст и читан роман од децата на сите меридијани, поради неговата топлина и хуманост. пред десет години одѕивот кај детската публика бил огромен за прет ставата „Хајди“ и сега во нова постановка им пону- дил нова претстава. во улогата на Хајди повторно настапила сузана Максут. таа вели дека ја познава детската психологија. Досега настапувала во „волшебникот од оз“, „Мачорот во чизми“, во разни принцези. од децата често слушала како од Хајди сега станала мачор. премирата на „јас, риза-ага“ била прикажана во Домот на културата во тетово. Делото било „создадено по мотиви од животот на јуруците кои живеат во источна Македонија. Материјата била земена само како рамка во која се сместени ликови- те чии карактери можат да се сретнат и денес во некои средини, а особено ликот на риза-ага, кој имал конзервативни обележја. од постапките на риза-ага биле засег- нати неговите најблиски, а особено неговиот посинет син, салих, за чии желби, волја и гордост воопшто не водел грижа. конфликтот во делото доаѓа од недораз- бирањето меѓу агата и неговиот посинок. таквата атмосфера го задушува младиот салих, кој се обидува да најде излез од ваквите стеги. стариот ага сакал да му ја наметне својата волја, своите конзервативни ставови за љубовта на салих, која била загрозена од наметнатата свршувачка. недоразбирањата доведуваат до кон- фликтни состојби, при што доаѓаат до сознанија за разликите во сфаќањата.
Иван Ивановски во монографијата за театарските игри „војдан Чернодрински“ пишува дека авторот ги разочарал гледачите, „зашто тоа беше една од најслабите ако не и најслаба претстава на фестивалот“. „јас, риза-ага“ недвосмислена беше оцената (на разговорите на тркалезната маса) дека не нуди ништо ново, дека и како текст, и како постановка, и како изведба, била под можностите на ансамблот, кој е способен за многу посложени, поквалитетни сценски презентации. тешко било да се поверува дека се немало подобра претстава, а ако навистина немале, подобро ќе било да не доаѓаат на игрите, како што тоа го направил театарот од Штип. на 26 декември во театарот на народностите свечено е одбележан јубилејот – 35 години присуство на театрите во скопје на идриз емин. на седницата на која присуствувале голем број општествено-политички и културни работници, за него- вите бројни резултати говорел режисерот Мирко стефановски. претседателот на собранието на скопје, Методи антов, му го врачил на славеникот високото одлику - вање – орденот заслуги за народ со златна ѕвезда, со кој го одликувал претседа - телот на сФрј, јосип Броз тито. идриз емин, организатор, перикер, актер, техничар и општественик триесет и пет години нераскинливо бил врзан за сценската уметност во скопје. кон крајот на 1938 година, стапил на работа во тогашното народно позориште во скопје како ученик за театарски фризер-перикер-шминкер. по ослободувањето работел во Мнт како перикер. во театарот на народностите работел и како артист во епизод- ни улоги, и како општественик, и како технички раководител. роден е во 1923 годи- на во скопје. на сцената на турската драма на 17 април била одржана педесеттата претстава на пиесата „алиш“ во режија на Љутви сејфула. пиесата ја напишал Хусеин сулеј - ман. во претставата учествувале сузан Максут, незакет али, Љутви сејфула, Шера - фетин неби и Мустафа јашар. со претставата „вообразен болен“ од Молиер, во режија на ацо алексов, турската драма настапила на театарските игри во прилеп. како последна премиера во 1977 година, турската драма, заедно со албанската, ја прикажале „Човекот на епохата“ од томе арсовски, а во режија на Душан нау мовски. Драмско-документарната хроника претходно била изведена на годинашните театарски игри „в. Чернодрински“. во неа учествувале артисти од сите професионал- ни театри. За претставата во турската драма „слободно може да се оцени како мошне успешна...“ и да се додаде дека била „убав и значаен прилог на спомнатиот театарски колектив во одбележувањето на титовите и наши јубилеи...“. проек тот заеднички го подготвиле артистите на албанската и на турската драма, „а за да се покаже и докаже на дело заедништвото на нашите народи и народности, тие овој драмски текст на арсовски го говореле на три јазици – на македонски, албански и турски...“.88 театарот се наоѓал пред фаза на подготовки за одбележување на својот 30-годи- шен јубилеј, во период на престројување, професионално зајакнување и квалитет- но збогатување на програмата на сцената. со скорашното отворање на детска мла- динска експериментална сцена, програмата ќе се збогатела со нови, пред сè камер- ни претстави. интенција на театарот била на оваа импровизирана сцена, која иако постои пет години и не се користи поради недостиг на материјални средства, да настапуваат млади артисти, режисери и драмски автори од народностите. важен чекор била подготвеноста за гостување не само во Македонија и на косово, туку и за афирмација на професионалното ниво на куќата. театарот планирал средба на театарската активност на народностите (малцинствата) од целиот свет. присутна била и потребата за афирмација на општојугословенски план. Гостувањето на „ателје 212“ обезбедило уште неколку гостувања во други центри. се планирало воведување на симултан превод, што конечно би ја симнал јазичната бариера од дневен ред. своевидно отворање била и веќе договорената разлика на гостувања со претстави со Драмскиот театар. веќе биле организирани и две трибини: „претставата на обвинителна клупа“ и трибина за актуелни моменти од дејноста на други театарски куќи. секоја нова претстава требало да доживее „судење“, на кое критичарите и публиката, како и творците, би ја анализирале нејзината успешност. низ таква „анализа“ веќе поминале „јас, риза-ага“, „Големата вода“ и „Човекот на епохата“. на втората трибина настапиле со воведни излагања и разговори со при- сутните Мира траиловиќ, директор на „ателје 212“ и Џунет Ѓокчер, режисер, артист и директор на Државниот театар од анкара, како гостин на театарот престојувал на 22 и 23 февруари. Главниот проблем на театарот бил кадарот, чие решение барало вонредни напори. според директорот илхами емин, во иднина кадрите главно ќе се обезбедувале од Факултетот за драмска и музичка уметност во скопје преку сти- пендирање. најавите биле крупни и сложени, а настојувањата биле достојни за почит, но да се надеваме дека тие и ќе се реализираат.
Со Џунет Ѓокчер се воделе разговори околу претстојното гостување на театарот од анкара, што би било враќање на посетата од 1976 година, кога ансамблот на театарот на народностите гостувал во неколку градови во турција. планирано било гостувањето да се реализира оваа есен. исто така, било договорено режисе- рот Ѓокчер во текот на идната сезона како гостин, да постави дело од современ автор од турција, во кое главната улога би ја играла турската артистка од анкара ајтен Ѓокчер. се разговарало за размена на драмски текстови, режисери, сцено- графи, артисти... на 23 февруари директорот Ѓокчер на трибината во театарот гово- рел на тема „турскиот театар денес“, по што започнала интересна дискусија меѓу него и бројните учесници во разговорот. најновата премиера на турската драма, комедијата „војникот фалбаџија“ од плаут, режисерот Димитрие османли ја сместил во класични рамки (сцената потсе- тувала на стариот рим), а дејството се одвивало по линија на нагласена шега, од која одвреме-навреме ќе допрела и по некоја сатирична боцка. плаут вешто ги заплет- кува и уште повешто ги отплеткува непредвидливите ситуации, во мешаница, атмо- сфера на живот кој вешто го исконструира, за тој живот потоа да изгледа весел, забавен и интересен. Што би било со животот ако во него не би имало сплетки, порачува плаут, оние обични, секојдневни, во односите меѓу луѓето, за кои за да се одмрсат, треба вистинско и драматуршко мајсторство. и тука, некој ќе биде итрец, некој насамарен, некој ќе се смее, некому ќе му се смеат. Меѓу тие и такви пункто- ви османли ќе настојува „да ја полни претставата со разиграна атмосфера во која не треба многу да се бараат нијансите на чувствувањето, нијансите на продлабоче- ното и нијансите на некои психолошки разглабања на ликовите зашто, помалку или повеќе, сите ликови ја носат во себе препознатливата конвенционалност на коме- диографски типови, во кои карактерот сепак е потиснат во втор план...“. првиот дел од изведбата минал попритаено, но вториот дел со поголемо темпо, со поголема отпуштеност на ансамблот и со понагласена разиграност – приредил нешто поголемо задоволство. во актерскиот ансамбл со подинамична и повитална игра доминирал салаетин Билал.
На Фестивалот „војдан Чернодрински“ во прилеп, турската драма настапила со претставата „јас, риза-ага“од Хасан Мерџан, во режија на кемал лила, сценографија на Гинтер кубе и костимографија на јелена патрногиќ. Членовите на турската драма новата театарска сезона ја започнале со мошне амбициозни планови и програми, и покрај тоа што во сезоната влегле со низа ненадминати проблеми. веќе подолго време режисерот владимир Милчин ја под- готвувал „Хасанагиница“ од Љубомир симовиќ, а наскоро се очекувало гостување на Љубиша Георгиевски, кој ќе ја поставел драмата „угурсуз“ од неџат ибраиши - мовиќ. До крајот на сезоната очекувале да гостуваат и други познати македонски и југословенски режисери. најсуштествено било кадровското прашање. Турската драма со години се обидувала да го решат овој проблем, но тешко се наоѓале реше- нија. Била зацртана програма за стипендирање студенти на Факултетот за драмски уметности во скопје. понекогаш насоченоста на репертоарот оди и на компромис, посебно во поста- вувањето популарни пиеси за пошироката јавност, но со инсистирање секогаш за репертоар кој ќе биде прифатен од страна на сите гледачи, со познати имиња на домашната и на светската драматургија. тешко се доаѓало до добро домашно дело. кемал лила смета дека една од поголемите причини е локацијата на театарот – тешко луѓето се решиле да дојдат во нивниот театар. приодите се задушени од про- давачи и автомобили, ја немало комуникативноста што ја имале во салонот во работничкиот дом. на почетокот од година, на сцената на турската драма поставена е претставата „угурсуз“ од неџат ибрашимовиќ, а во режија на Љубиша Георгиевски. „Драмата на семејството ихтар-бег, Георгиевски ја пренесува на сцена со мошне сугестивен сценски јазик... во драмата нема жестоки драмски конфликти и пресврти „туку драма на расветлување на човечките судбини, таму некаде во втората половина на минатиот век во Босна... во тивок ритам, во бавно изнесување на судбината на јуна- ците, Георгиевски ја прави претставата“ во која „поаѓањето и распаѓањето на чове- кот е несопирливо...“. режисерот, преку чисти сценски решенија, создавајќи драматична атмосфера на ликовите, секој посебно успеал да ги развие. на тој начин доаѓало до силен израз и сугестивното актерство на секој посебно и над сите несомнено најуспешното оства- рување на енвер Бехчет како угурсузот, кои „предадоа претстава која се наредува меѓу уметничките врвови на овој ансамбл“.
Последната премиера на тур ска та драма „угурсуз“ е секако „едно од најдобрите сценски остварувања на овој ан самбл од вре- мето на неговото постоење...“. со истенчено чувство за докрај прочистени сценски решенија и со сценографија што самиот ја направил оставајќи ја сцената празна меѓу двете платна на просторот и времето на настаните, Љубиша Геор гиевски изградил „дејство што претставува висок театарски чин во секој поглед.....“. важна придобивка на претставата е глумата на целиот ансамбл, кој се носел со сите изразни средства. Љутви сејфула (ихтар-бег), салаетин Билал, Фирдауз неби и Мус тафа јашар (синови- те на бегот), како и Џемаил Максут, донесувале игра со елементи на исламскиот дух со исконска вечна борба за совладување на судбината. енвер Бехчет (угурсузот) во текот на целата претстава „само со гег, тивок крик и прецизен израз на ликот, е зна- чаен и моќен израз на витална енергија, иако ’угурсузот’ никогаш не е личност која освен во последната сцена, може во целост да го сврти вниманието. тој е речиси постојано на сцената, но со едно чувство на одмереност и ненаметливост...“92 првото гостување на Љубиша Георгиевски на сцената на театарот на народно- стите со претставата „угурсуз“ го „прероди“ ансамблот на турската драма со откри- вањето на досега неоткриени креативни потенцијали, со фасцинантен, математич- ки разработен простор, со симетрија која не била цел самата за себе, уште помалку сценски формализам, туку суштински дел на еден мошне згусната, динамична мизансцена. енвер Бехчет насловната улога ја толкувал без текст, успеал на ликот да му даде целосна животна одреденост, ќе напише иван ивановски. „угурсуз“ е прва премиера во сезоната 1978/79 година на турската драма. авторот на „Хасанагиница“ Љубомир симовиќ ја користи старата легенда за не - среќната љубов во својот текст што говори за уништувањето на едно суштество на едната страна во борбата за власт на пинтеровиќ-бег, а од друга страна е Хасан-бег, сопругот, кој е војник и единствено верува во оружјето и силата. Хасанагиница е смачкана во тој животен судир, рекол владимир Милчин во претпремиерниот разговор со новинарите. Хасанагиница верува во некаков морал, што за неа е над сè. таа се бори и кога оди во смрт со чувство дека ништо не може да направи, па спо- ред тоа и да живее. осовременувањето го нудел симовиќ. неговите херои говорат со денешна терминологија, со зборови на денешнината: инсинуација, политика, консеквенции... Хасанагиница е препознатлива со трагичната димензија за која се нема „слух“. Граѓанскиот живот не признава хероизам со предупредување дека денес моралот е изрелативизиран, а човековото достоинство сведено на минимум е погубно. со вчудовидување дознава дека кадијата е умрен пред седум години, и тоа „тој умрел од љубов“, што е соопштено како нешто невозможно. симовиќ, пре- мостувајќи го времето од кое доаѓа легендата, го исфрла „на површина судирот на половите, недоразбирањата, измешаните чувства. така судбината на Хасанагиница, нејзиниот сопруг и нивната животна вистинитост за нереализираноста во сексуал- ните сфери, чувството на вина на еден кон друг и стравот на мажот да не ја загуби својата доминација, стануваат вистини кои како Дамоклов меч се надвиснуваат над нашето време...“, вели лилјана Мазова. владимир Милчин гради слика „на социјален пејзаж, на класни судири, брутални насилства, во кои секогаш се поаѓа од сопствените сметки и во кои судбината на човекот е ставена во туѓи раце. За неа се одлучува во темница...“. со чисти форми и јасна концепција прави претстава со нешто позабавено темпо, постојано расте, за да заврши и да се надгради на една реплика во која човекот верува дека е од челик, а испаѓа дека меѓу некој палец и показалец челикот станува восок. артистите „на кои секако треба да им забележи- ме за речиси исклучивото држење за она што од нив го барал режисерот, што ги оневозможува да се препуштат на сопствените можности за креација, со доза на спонтана лежерност, донесуваат игра која лесно се прима...“. Бедија Беговска (Ха - сан агиница) ја донела улогата „спонтано и мирно, со сценски осет...“.
Владимир Милчин направил вонредно театарско остварување, „режирајќи чисто, со голема режисерска инвентивност и со творечка смисла за најавување на по ет ските валери на драмата „Хасанагиница“. посебна пофалба на разговорите во прилеп била искажана за „вдахновената игра на артистката перихан туна, која во толкувањето на ликот на Хасанагиница приреди вистинско фестивалско изненадување“.
На 18 мај во театарот гостувала турската драма при културниот дом во призрен со претставата „Чудак“ од назим Хикмет, во режија на Зекир сипохи. сценограф на претставата бил Февзи туфекчи, а музиката била на етхем казас. на 6 јуни, пре- тпладне, во 10 часот на Детската сцена при турската драма била прикажана пре- тставата „игра на гатанките“ од Љутви сејфула, во режија на саша Маркус. режисерот вели дека ги употребил сите изразни средства: текстот, играта, песната, музиката, пантомимата, балетот и куклите за да заиграат најмладите гледачи со актерите во една непретенциозна форма. во играта се бараат одговори на низа гатанки кои се блиски до нив. но, како и да е, сценскиот приказ ја враќа вербата дека детската сцена треба исклучително да им припаѓа на децата, бидејќи најдиректно ги вклучува во пре- тставата, при што тие се чувствувале како дел од актерската екипа. такви биле настојувањата и на режисерот. Маркус прави шармантен дијалог во кој се одгатну- ваат значењето на гатанките. во ова му помагаат шестемина артисти кои и` припа- ѓаат на најмладата генерација. се открива убав детски свет, при што и суфлерот е ставен во улога на сподвижувач на претставата, а артистите од сцена во сцена на подиумот го менуваат костимот. во одгатнување на гатанките учествува и публика- та. Љутви сејфула во неколку наврати влегувал во гледалиштето и од децата изну- дувал одговори и ги наградувал. лесната и функционална сценографија, разигра- ните костими и музиката биле убави надополнувања на заедничкиот труд, кој на извесен начин го одбележал и 25-годишното работење на саша Маркус во театар- ската уметност. саша Маркус својата прва театарска режија ја имал на сцената на овој театар.
На 1 август, во просторот пред капан-ан, ансамблот на турската драма ја прика- жал премиерата на „Зона Замфирова“ по текст на стеван сремац. „се обидовме да направиме претстава во неискористениот амбиент на старата чаршија“, вели режисерот Димитар станкоски. сценскиот простор е адекватен на времето кога е пишувана пиесата. на про- сторот се остварува убав контакт со публиката што, од друга страна, е основен момент што побудувал интерес за театарот. потфатот на театарот на народности и на Драмскиот театар е за почит, зашто конечно се нашол начин во текот на мај и јуни да се излезе од прегреаните театар- ски салони и да се дојде до публиката. покрај откривањето на двата простора кои и` припаѓаат на старата скопска чаршија, се остварила и најширока комуникација со гледачите. неколку ликови биле донесени, „и тоа исклучиво како артистички оства- рувања со шарм, а напати и со доза на лежерност. разиграност и чувство за поне- сена игра можеше да се забележи речиси кај целиот ансамбл.
Гапо настојувал драмата за рацин, по текст на Борис вишински, да ја преточи во нејзините внатрешни врутоци, да ја открие драматичната атмосфера во лико- вите, да проникне во уверливоста на механизмот на полицијата, „што, чинам, го прави на своевиден мошне оригинален начин. ликовите се заокружени и сцен- ски осмислени во еден драматичен тек на претставата, па наспроти суптилната и поетска душа на рацин и непоколебливата борба на илегалците, тој ќе ја спро- тивстави немоќта на еден џелатски полициски механизам...“. ансамблот се пока- жал во својата „нај убава актерска сценска светлина...“. салаетин Билал (рацин) презентирал уште една од своите успешни актерски остварувања. Фирдауз неби (Шеф на полицијата), „брилијираше како актер кој ликовите ги носи со еден своевиден сензибилитет...“. неџи Шабан (агент), улогата ја воздигнал до вистин- ско креативно ниво.
Дејството на драмата, распоредено во пет слики, донесува живи и автентични настани, кои останале такви и во преточувањето на сцената. Гапо се „користи со еден поизразен манир, една динамика својствена на камерата...“. сцената е поде- лена на шест простори што, во зависност со текстот што овозможува динамиката да се развие, секавично реагира во однос на дејството...“. ансамблот на театарот во сталожена, обмислена игра, во која е скриена мудроста на авторовиот зафат, го прави крајниот резултат. најмногу и одново на површина ќе излезат салаетин Билал и Фердауз неби. првиот во донесувањето на ликот на рацин ќе прозвучи мошне автентично, вториот го покажал „својот автентичен сензибилитет на артист со чувство за модерна сценска игра...“.
Во претставата настапиле салаетин Билал (кочо рацин), Шерафетин неби (трајан, геолог), незакет али (Марија, жена на трајан), Зекир сипахи (никола, писа- тел), Џемаил Максут (Филип, млад сликар), сузан Максут (нада, трајанова девојка), Фирдаус неби (Шефот на полицијата), перихан туна ејупи (Билјана, свршеница на Филип) и други.