Во салонот на реонскиот одбор на Четвртиот реон во скопје, вечерта на 20 јануари 1950 година, на свечен начин се одбележа денот по повод започнувањето со работа на народниот театар на албанското и турското национално малцинство. На свеченоста присуствуваа Наум Наумовски – член на Политбирото на ЦК КПМ Реис Шакири – министер во владата на НРМ; Кемал Сејфула – член на извршниот одбор на НОФ во Македонија и други. Беше најавено дека на оваа сцена ќе се при- кажуваат драмски творби од странски и домашни автори, преведени на албански и турски јазик, како и пиеси на млади писатели.1 Малцинскиот народен театар, всушност, е формиран во есента на 1949 година, од кадар од културно-уметничките друштва „јени јол“ и „емин Дураку“. За директор бил назначен абдуш Хусеин. најважниот проблем, поточно проблеми со кои се судирал театарот во измина- тиот период е кадровскиот, репертоарскиот, како и просторниот и техничкиот. се почнало од ништо. За квалификување на кадрите веднаш по формирањето биле одржани кратки курсеви и кружоци. така се изучувале литературниот турски и ал -бан ски јазик, театарското искуство итн. во развојот на театарот помогнале и луѓе од надвор. со нивна помош и со помошта на уште некои личности од скопје, во Малцинскиот народен театар беше формиран едногодишен студиски курс, кој при- донесе младите неопитни артисти да се здобијат со знаења не само од теоријата на глумата, туку и со практично сценско мајсторство... во сезоната 1950/51 година во турската група била изведена „Мечка“ од Чехов, а со „сомнително лице“ гостувале во Битола, охрид, прилеп, радовиш, ресен, титов велес и Штип. ансамблот ги под-готвувал пиесите на Молиер „вообразен болен“, и „тартиф“, и двете во режија на абдуш Хусеин. Малцинскиот народен театар од 1.1. до 31.12.1950 година се наоѓал на ул. 192 бр. 1 и во тоа време имал вработено 25 лица – од нив 19 биле уметници, 3 технички персонал и 3 администрација. ансамблот на овој театар од 9 јули 1950 до 10 февруари 1951 година гостувал со 20 претстави низ Македонија, кои ги виде- ле 4.790 посетители. турската драма во овој период ги прикажала и едночинките „аналфабет“ од нушиќ и „просидба“ од Чехов. во 1951 година турската група ги прикажувала пиесите „сомнително лице“, „аналфабет“, „Мува“, „светска војна“ и „Школски надзорник“. Меѓу артистите особено се истакнувале Шефки наум и Шерафетин неби. За сите актери се одржувале часови по музика (бил формиран и хор од 20 членови), часови по албански и турски јазик, курс за гримирање, за мечување, за сценски движења, за актерско мајсторство и др. турската драма на 24 ноември 1951 година ја прикажала премиерата на „по кон - дирена тиква“ од ј. с. поповиќ, во превод на турски од каим Дами. претставата била прикажана во салонот на поранешното Медицинско училиште кај иса-беговата џамија.
Во 1952 година турскиот ансамбл работел на „вообразен болен“ од Молиер и на „народен пратеник“ од нушиќ, како и на „коштана“ од Бора станковиќ. сите пиеси ги режирал директорот абдуш Хусеин. во овој тригодишен период, во двете драми биле прикажани 13 едночинки и три целовечерни претстави: „сомнително лице“, „покондирена тиква“ и „Женидба“. Бројот на посетители не бил поголем од 5.000. театарот преживувал „породилни болки“ и водел борба со „незрелоста и недо-волноста на уметничкиот персонал, со недостигот на сала со бина и реквизити, со костими и други материјали. на 8 март 1952 година премиерно била прикажана драмата „вообразен болен“ од Молиер, во салонот на народен фронт на третиот реон.
Новата зграда на Малцинскиот народен театар свечено е отворена на 8 јануари 1953 година. во театарот биле вработени 30 луѓе, а од основањето се прикажани 10 пре миери. салата на театарот во својата архитектура спаѓа во редот на најубавите театарски сали во Македонија. во неа има 650 седишта. ансамблот прикажува нај мал- ку 2 претстави седмично, а во другите денови се одржуваат друг вид приредби. во чест на отворањето на новата зграда, по многу напори, во неа биле прикажани две „солидно подготвени премиери“ – „Зулумќар“ (15.1.1953) и „Хасанагиница“ на албан- ски јазик, двете во режија на тодор николовски, „кој извонредно придонесувал во воспитувањето на младите артистички кадри во Малцинскиот народен театар“. последниве две претстави, прикажани во новата зграда на театарот, со сите пот - ребни технички можности, претставувале огромен чекор напред во уметничкото издигнување на овој колектив. тоа биле солидно подготвени претстави, во кои со квалитетна глума се истакнале Муса Халим, Шерафедин неби, Љутви сејфула, Ангелина Џони, викторија Широка, Мухарем Шахиши, Махмуд Думани и други. са лонот на двете претстави бил преполн. публиката барала билет повеќе. на теа тарот му било сугерирано во својот совет да вклучи поголем број членови од над вор, за да му помогнат во градењето на репертоарската политика. „иднината на овој наш прв Мал - цински театар се покажа светла. во блиски денови ние ќе бидеме сведоци на нови постигања на ансамблите на театарот, на ’коштана’ од Б. станковиќ на албански и на ’ајша’ од Ќоровиќ на турски, обете во режија на тодор николовски“. Меѓутоа, на премиерата на „ајша“ очекувањата на гледачите не биле докрај исполнети. „Длабочината, топлината, уверливата наративност, потребната живост, динамика, како и тонот и глаткоста во пиесата не го нашле своето место во извед- бата“. Љутви сејфула како слуга на рашид бег, немал тешкотии, затоа што слична ролја играл и во „Зулумќар“. Бинас како другарка на ајша била еднолична. сабахат циноли како циганката „даде добра игра“; надире кемал како Хатиџа Ханум не можела да се ослободи од „шаблонската игра“; садулах Бехиќ како ибрахим „не беше оригинален и вистинит“.критиката не била задоволна од режијата. на сцена- та не се гледал секогаш единствен естетски и уметнички вкус, како да не ја водела една иста рака докрај.
на 3 јуни 1953 година била прикажана премиерата на „Женидба“ од Гогољ, во режија на абдуш Хусеин. режијата успеала „да ја почувствува и да ја потенцира фината иронија на Гогољ, држејќи се притоа до духот на текстот и извлекувајќи го од пиесата она што е битно, така што публиката доби една претстава што го има тонот и карактерот на една солидно студирана Гоголева комедија“. Многу добро биле обработени и прикажани сцените кога поткаљосин изјавува љубов, или кога настанува бркотницата пред доаѓањето на стројниците. сабахат Џиноглу (агафја) успеала коректно да го претстави ликот. „нејзините психолошки расположби, онака како што се менуваа во текот на претставата, беа целисходни“. абдуш Хусеин ја толкувал улогата на поткаљосин со „сигурна, уверлива и рутинирана глума“. Шерафедин неби (кочкарјов) реализирал улога „токму спрема концепцијата на режисерот“. наџија Хусеин (Фјокла) и Бинас сулејман (арина), „стегната и умерена секоја за себе, дадоа во улогите што од нив било барано“. Љутви сејфула (анучкин), „со фин хумор ни го претстави ликот, благодарение на неговата силна интерпрета- ција и сигурните движења и мимика“. Бехиќ (кајгана), екрем Зекирија (Жевакин) и Муса Халим (стариков), „покрај тоа што имаа зрели остварувања, се движеа под очекувањата“. во споредните улоги треба да се одбележи глумата на реџеп Зекирија, која била едноставна и со вклопени движења.
Театарот заминал на турнеја со претставите „Хасанагиница“, „Зулумќар“, „Женидба“ и „коштана“ на 8 јуни. Биле прикажани претстави во Гостивар, Дебар, стру га, охрид, прилеп, титов велес, Штип, кочани и радовиш.
Во ноември се случила и премиерата на „со сила лекар“ од Молиер, во режија на абдуш Хусеин, кој ја почувствувал „онаа фина Молиерова иронија спрема ништож носта на сите оние што не се трудат во животот да остават посветла трага. ре жисерот, особено во третиот чин, многу внимателно ги обработил моментите суштински врзани за развојот на комедијата. абдуш Хусеин (Зганарел) „со при- лично хумор, а и многу прецизно ни пружи впечатлива студија на човекот кој по силата на околностите станува лекар. треба да се одбележат и неговите хармо- нични движења, мимика и дикција“. Бинас сулејман (Мартина) дала лик на жена која се обидува во секоја ситуација да се снајде“. Шерафедин неби (валер) дал „успешна креација, благодарение на своето пластично изнесување на битните моменти во улогата“. илдис Хасанага (Жаклин), Фахри незир (лукас) ја исполниле успешно својата задача. екрем Зекирија, Љубомир Бумбиќ и Љутви сејфула „задо- волија, а особено во целисходноста на движењето и говорот, во кој имаше при- лично иронија“.најуспешното остварување во премиерата на „коштана“ од Бора станковиќ во режија на абдуш Хусеин била улогата на арсо, која ја толкувал Шерафедин неби. улогата на Митке ја толкувал Муса Халим „без подлабока психолошка продлабоче- ност. незакет јашар (коштана) со појавата одговарала на ликот. режисерот Хусеин не успеал да ја почувствува „интимната и топла атмосфера на врање“. во останати- те улоги настапиле екрем Зекирија, идриз емин, Бајрами таип, Љутви сејфула, Бедри лака, Љубиша Бумбиќ и други. сценографските решенија на тома владимирски, во основа, задоволиле.
На 3 април 1954 година, на сцената на Малцинскиот народен театар во скопје, премиерно е прикажан, на турски јазик „Жорж Данден“ од Молиер, во режија на абдуш Хусеин. со својата режија тој „неоспорно докажа видна прецизност и се - риоз на режисерска упорност“. тој лесно ги водел артистите, природно, и „успеа да ги изедначи нивните толкувања“. како Жорж Данден настапил екрем Зекирија, кој „вонредно и импресивно влијаеше толкувајќи ја насловната улога“. во другите уло - ги настапиле: Бинас сулејман, реџаи Зекирија, надире Хусеин, Бехиџе пакаштица, Бедри лама, кемал Љаша и абдуш Хусеин. „како вонредно успешна сцена го сме- там почетокот на вториот чин, разговорот меѓу слугинката клодина, која ја толку- ваше Бехиџе пакаштица, и либе, кого го толкуваше абдуш Хусеин. оваа сцена беше жива и интересна и таа кај публиката предизвика живо интересирање за развојот на дејството. Бехиџе пакаштица одигра и претстави лик на едно весело и безгриж- но девојче, кое низ животот оди секогаш насмеано и весело“. турската група на Малцинскиот народен театар во скопје ја прикажала пиесата „Големите срца“ од а. рамзи, во режија на Шерафедин неби. премиерата „се одли- кува со искрен и длабок хуманизам, третира едно интересно прашање од турското оп штество во истанбул во воена ситуација. пред нас се одвива една потресна соци - јална драма во велеградски амбиент, изградена врз проблемот: положбата на же - на та во капиталистичкото општество, кое ја присилува дури и покрај чесноста, на аморални односи со човек што е во состојба да и` го обезбеди опстанокот – инаку во прашање“.
Талентираниот актер Шерафедин неби дал „една солидна реализација и и` ос та- на верен на драмата“. рецензентот го поставува прашањето дали може да се вне-сува музика во драматичен момент. ја потенцира успешноста на изведбата на Мухлис во исполнение на Муса Халим – „пред себе имавме еден бескруполозен човек што ја подведува жената на својот пријател. низ сите ситуации Муса Халим остана доследен на својата улога, која беше изградена пластично“; за д-р регик на Ш. неби – „во неговата игра провеваше и човечко опходување и добрината и еруп- цијата на еден начин“. но, сепак, на мислење е дека тешко се успева, истовремено како режисер и актер. Муфид на екрем Зекирија бил сигурен. тој како актер ветува. Гелила на Хаџер Фетах, на места на висина, но имало моменти и на декламаторст- во. Мелика на незакет јашар „беше сугестивна“. Младата актерка покажала тенден- ција „на постепено движење напред“. ведокт на Љутви сејфула бил „богат и само- уверен младич, беше во својот елемент“. себахат Џинголу како Мис Давидсон и Мустафа рамиз, како али ефенди, слуга, „главно успеаја во својата задача“.
На 14 јануари 1955 година, турската група ја прикажала премиерата на „Белиот елен“ од в. назор, во драматизација на Ѓукиќ. ова бил прв обид во театарот да се при- каже сказна за најмладата публика. успехот на претставата го поздравиле над 900 деца, кои до крајот ја следеле премиерата со посебен интерес. пиесата била успех на целиот артистички ансамбл и на режисерот саша Маркус. „сите пет чина се успешни. преовладуваше една компактна целина. еден континуитет. ликовите на животните беа извајани интересно и прилично вешто. успешната декорација на Тома владимирски овозможи оживување на амбиентот, а со тоа се создаде и еден ретко динамичен патос на целата игра“. последните два чина биле највисоко достигање. на 19 април 1955 година, турската група ја прикажала својата втора премиера, комедијата „Заеднички стан“ од Драгутин Добричанин. не се очекувал поголем успех, ако се имал предвид малиот број актери. вистинско изненадување бил успе- хот на премиерата, која „е пишувана само за сцена, која живо влијае на гледачите, кои сакаат да видат драма која ќе ги прикаже и нивните секојдневни претставници и проблеми во животот, како што е случајот со станбеното прашање... режисерот створил вешта комбинација на претставата која предизвикува смев, а во исто време наведува на размислување, врз поодделни добро искристализирани ликови во пиесата“. посебно бил успешен последниот чин, во кој публиката пред себе гле-дала „мал, но амбициозен ансамбл, кој заеднички бара пат кон подобри остварува- ња“. рецензентот ги издвојува улогите на Муса Халим, „кој извонредно се претста- ви со улогата на Дедо Боге. За него треба да се каже дека низ целата претстава пока-жа еден свој автентичен хумористички патос“; Шерафетин неби (Драгиша) „успеал да се најде сам себеси“; Хаџер Фета (лула) „го потврди својот талент“; себахат јашар (ната) „покажа вештина во барањето подлабоко да вникне во ликот“; Биназ салих (тетка пола) „во значителна мерка задоволи“; Џихат јашар (пепи) „со својата над-ворешност успеал да проникне во ликот“; Љутви сејфула (Миша) „не го дал очеку-ваниот резултат“. во епизодни ролји настапиле идриз емин, Мустафа рамиз, Фарук огражден и рамадан Махмут.6 пред полн салон, турската група со „Џафербеговица“ постигнала „завиден успех“. пиесата била преплавена од вметнати песни и ора кои драмата ја направи- ле премногу забавна. успешна сценографија; смела режија која ја спасила претста-вата од кич. Мошне успешен Љутви сејфула, кој ја пленил публиката, потоа незакет јашар во насловната улога, и саит саити.
На самиот крај од сезоната, турската група ја прикажала премиерата на „квеј лон“, според романот на перл Бак „источен ветар – западен ветар“, во драматиза-ција на војмил рабадан. Драматизацијата успешно го пренела на сцена судирот на исток и Запад, меѓу традицијата и современоста. режисерот саша Маркус „сериоз- но пристапи кон оваа кинеска средина, а притоа не заборави драмата да ја добли- жи колку што може повеќе до нашиот гледач“. насловната улога ја играла ајтен салих „на убава актерска височина“. Шерафетин неби, како лекарот ванг кунг, „ја разбрал психологијата на оваа личност“. Хаџер јакуп, како американката Мери – „најубаво остварување во оваа претстава. оваа надарена аартистка даде сè од себе и создаде вистински тип американска жена со модерни сваќања, но чувствителна“. сценограф бил тома владимирски, а сценската музика била на кирил спировски.
Од своето формирање, Малцинскиот народен театар постигнал добри резулта-ти. создал млад способен артистички кадар, па и режисери, уметнички раководи-тели за одделни пиеси. тој, борејќи се со сите тешкотии, успеал да им ги скрши копјата на сите оние кои сакале да создадат самоволие и несогласие во колективот. веќе можело да се издвојат одделни успешно поставени и одиграни претстави, како „квеј лон“, „Монсерат“ и „Џафербеговица“. по конкурсот за прием на нови артисти, бројот на актерите изнесувал 38 члена, со желба да се зголеми на 40 за двата ансамбла. За наредната сезона се планирал курс за артистичкиот кадар, кој би ги пополнил своите знаења за театарска умет- ност, а професори би биле истакнати културни и театарски работници. За публика- та ќе се организирале разни литературни драмски вечери со избрана програма, низа весели вечери, разговори во вид на драматуршки предавања пред секоја пре- миера, разни изложби, „викенд претстави“ и слично. За драматург и режисер во театарот бил назначен саша Маркус.
Тодор николовски успешно ја драматизирал и ја режирал необјавената новела на Мустафа карахасан „сузана“. публиката со долги аплаузи ги поздравила текстот, режијата и актерската игра. премиерата на „сузана“ била изведена успешно, првин поради добро третираната и успешно разјаснетата идеја, и второ – поради колек- тивното залагање на драмскиот ансамбл за поуспешно реализирање на пиесата. артистите Шерафетин неби (ахмет-ага), Љутви сејфула (Халим-ага), Џахит јашар (аслан-бег), незакет јашар (сузана), Хаџер јакуп (Фатима) и себахет јашар „се пре- тставија со одлични креации, со што дадоа гаранција дека ’сузана’ може да при-влече публика секогаш, само ако се игра како на премиерата.10 премиерата била на 1 октомври 1955 година.
Со премиерната изведба на „расиминиот севдах“ од ахмет Муратбеговиќ, при-кажана на 18 декември 1955 година, режисерот од турската група во Малцинскиот народен театар Шерафетин неби „првпат така компактно успеал да ги реши сите сцени. инаку, досега овој талентиран артист како режисер немаше некои нарочни успеси. како и обично, на репертоарот на овој театар се поставуваат полесни пиеси, кои би привлекле што повеќе публика со просечен театарски вкус“. се истак- нуваат актерите Хусеин ахмет, Љутви сејфула, Хаџер Фетах и Џахит јашар. Младиот Хусеин ахмет, во улогата на речко, дал и повеќе од она што може да се очекува од млад актер. Љутви сејфула „ја потврди својата наклонетост за играње комични ролји“. Хаџер Фетах, како расима, прикажала обмислен лик, како што и во други улоги успевала да долови лик „на сентиментална и пргава девојка, готова да го жртвува и животот само да не го загуби својот сакан“. Џахит јашар, во улогата на расим, го потврдил правилото дека е добар во секоја улога. на крајот, рецензентот, не се согласувал со вака избраниот репертоар. „Малцинскиот народен театар веќе треба на некој начин да ја преориентира својата досегашна репертоарска полити- ка и да бара пиеси со повисок уметнички квалитет“.
Веќе наредната драма „празна лулка“, пиеса во 5 слики од современиот турски поет и драмски писател неџати Џумали, „бара“ критичарот да му оддаде призна- ние на театарот. имено, турската група со „празна лулка“ го забележала „својот најсолиден настап пред не малобројната публика од турското малцинство во скопје“. како проблем, во пиесата се третираат јуручките племиња-номади кои сè повеќе се откажуваат од селењето од едно на друго место, како и проблемот на мајката по за гу бата на единствениот син. во улогата на мајката настапила Хаџер јакуп (Фа ти ма) и постигнала голем успех: „таа од првата до последната слика на пиесата знаеше да ја доживее судбината на несреќната Фатима. психолошки најсилно доживеана беше нејзината креација во петата слика. со ова Хаџер јакуп го потврди својот не сом нен талент како артистка“. успех постигнале и Шерафетин неби и Бинас салих. Љутви сејфула со „своето симпатично присуство, најдобар успех постигна во кулминационата последна слика, кога сочувствуваше со болка-та на несреќниот али“. посебно внимание заслужуваат режијата на саша Маркус, како и сценографијата на тома владимирски и музичката обработка на јуручките песни од Живко Фирфов.
пред крајот на сезоната, турската драма при Малцинскиот народен театар пре-миерно ја извел пиесата „пат кон злосторот“ од Мишко крањец, што, според рецензентот, е „една од најслабите премиери на оваа група во последно време. Што ни покажа таа премиера? секако една расцепканост на артистичкиот колек-тив што ја загубил почвата под нозете и не можел да се најде себеси, и покрај усил-бите вложени од одделни артисти“. покрај донекаде и на места успешните креа-ции на Ше ра федин неби и Џахид јашар, „единствениот лик што на сцената успе-ваше да се одржи со својата животна верност е оној на Хаџер јакуп (ева). Другите ликови, како и костимите што не можеа да нè потсетат на времето“, го потврдиле неуспехот на сценската творба. „Мислам дека во иднина колективот на Малцинскиот народен театар треба навреме да застане пред изведбите на слаби-те премиери, и овој последен, неуспешен настап да биде добра лекција, како за режисерите, така и за артистите и управата на театарот“.
Во Малцинскиот народен театар бил намален бројот на актерите, со што се стре- мело театарот да добие физиономија на аматерски и со помал број премиери, но квалитетни изведби, да ја добие довербата на публиката. во таква ситуација, прва-та премиера на албанската (тогаш Шиптарската) група, со помош на актери од турската група, „влева надеж дека во идните остварувања на оваа сцена го отргну- ва гледачот од оној лош впечаток што го има понесено од претставите на колекти-вот во текот на изминатата сезона, што помина како најлоша“. Малцинскиот народен театар отпуштил неколцина артисти, но и поголем дел, главно талентирани актери, го напуштиле театарот. сè повеќе се заговарало театарот да прерасне во аматерски. причините, пред сè, биле од политички карак-тер, а во овој период голем број турско население емигрирало во турција. театарот останал без најверната публика и навлегол во сериозна криза. „Бисерни солзи“ е првата премиера во сезоната што се одржала пред полупра-зен салон. темата била од сказните на „1001 ноќ“ и рецензентот заклучува дека „ми се чини, турската група при Малцинскиот народен театар, сосем згрешила при изборот на оваа мошне слаба ’комедија’, подобро речено бурлеска“. Благодарение на актерите на главните улоги, „кои на секој начин гледаа да ја потенцираат пози- тивната страна на оваа пиеска-шега, се постигна некаков успех“. Хаџер јакуп, рама - дан Махмут, Мушареф прека и Бинас салих со својата актерска игра донекаде ја спа силе претставата од целосно фијаско. актерот Шерафетин неби се појавил во трикратна ролја – носител на главната улога, сценограф и режисер.
Режисерот на Молиеровите „интригите на скапен“, саша Маркус, го зачувал скапен како човек, а сите негови „измами ги зема како пат за задоволување инте- ресите на другите, а никако и на своите интереси. така, добро е решен и финишот на комедијата, кога скапен, и покрај тоа што е хуман во однос на другите, не е при- фатен ниту од оние на кои тој им помагал од сè срце, а останува сам и поаѓа да се слее со публиката“. позитивно е и оправдано поставувањето на „интригите на скапен“ на сцената на Малцинскиот народен театар. Љутви сејфула (скапен) „заслу- жува да биде истакнат како лик кој навистина животворно играше на сцената – сè до последниот миг кога скапен останува сам и напуштен од секого. Љутви сејфула даде една од своите досега најуспешни улоги на оваа сцена, со што тој одново нè увери во тоа дека е артист, и тоа талентиран, кому му лежат на срце карактерис - тични комични улоги“. во рамките на своите можности, задоволиле и рамадан Мах - мут, идриз емин, Шерафетин неби, Бинас сали, Хаџер јакуп како и Хасан Билал, де - битант на оваа сцена. „За радување е исто така настапот на Мухарем нијази (леандр), кој во иднина може да даде и повеќе од она што го даде на премиерата на ’интригите на скапен’, се разбира, со поголемо и поенергично заложување“. по повод најновата премиера, би требало да се каже дека Малцинскиот наро-ден театар почнал да покажува напредок „и раздвижување во репертоарот, и во иднина само уште еднаш можеме и на двете групи при овој колектив – турската и албанската (тогашна Шиптарска) – да им ги честитаме првите успеси со ’интригите на скапен’ и ’уличните музиканти’“.
На 17 април 1957 година управата на Малцинскиот народен театар организирала јавна дискусија за работата на театарот во следната сезона, во присуство на голем број јавни и културни работници. по краткиот извештај на директорот на театарот, Шуко авдовиќ, во кој навел дека театарот од 1950 година па до денес прикажал преку 1.200 претстави што ги посетиле повеќе од 100 000 гледачи, биле прикажани фраг-мен ти од пиесите „сопружници“, „пат кон злосторот“ и „коштана“. повеќето од дискутантите се изјасниле Малцинскиот народен театар повторно да работи како про-фесионален, а не на полуаматерска основа, а бројот на актерите од вкупно 12 врабо- тени во двете групи, да се зголеми по можност за уште толку. на прашањето дали теата рот и понатаму ќе биде финансиран од локалните органи на власта, било пред- ложено да биде финансиран од републичкиот совет за просвета и култура на нрМ, бидејќи Малцинскиот народен театар бил единствен театар од овој вид во Македонија. За изнесениот репертоар за наредната сезона, повеќето од дискутантите биле на мислење за овој важен и сериозен проблем да се организира посебна јавна дис-кусија, на која би било дискутирано за секоја пиеса одделно од предложените дела за двете групи за наредната сезона.
Малцинскиот народен театар работел со мал ансамбл. Затоа управата, имајќи го предвид тој факт, ги подготвувал едночинките „Честитам“ од трифковиќ и „про - сидба“ од Чехов. и двете пиеси биле работени „грижливо“, како од режисерот така и од актерите. општата оценка е дека „Честитам“ не е квалитетна едночинка, па би можела да се замени со некоја едночинка на нушиќ или некој друг. Двете едночин-ки траат мошне кратко, што требало да значи да им се приклучи уште една едно-чинка. режисерот Шерафетин неби во обете пиеси ги нашол „најкарактеристичните особености на ликовите“ и успеал да ги потенцира вистинските места, а особено во „просидба“ актерите оделе „по логичен пат да ги бараат своите ликови, не запаѓајќи во беспаќе и не заборавајќи дека едночинките бараат големо артистичко искуство, исто онака како и секоја нормална добра драма“. и додека во режисерската работа покажувал „сигурност и доследност“, во интерпретацијата на своите ликови степан степанович („просидба“) и спиро Гробиќ („Честитам“) бил „поблед и понесигурен“. Љутви сејфула (иван василевич) посебно се истакнал „со сета обоеност на прекрас-ниот текст и со сите нијанси на една мошне жива личност од една изминатост на русија“. Бинас сали (наталија степанова) со својата игра задоволила. незакет али (софка), слугинката, во „Честитам“, „најмногу се истакнува“. скромно но ветувачки, настапил непостојаниот член на Малцинскиот народен театар Џемаил Максут (стево Гробиќ). „во својата стандардност“ настапиле Љутви сејфула (јоаким) и Бинас сали (Мара).
Драмата „луѓе“, пред сè, го третирала проблемот на уништувањето на евреите за време на втората светска војна. режисерот предраг Дишленковиќ го направил она што го дозволувале конкретните услови на колективот и тој успеал да извлече сè што можел. покрај режисерот, за успехот на премиерата секако биле заслужни и двајцата носители на главните улоги – незакет али и Љутви сејфула. незакет, во улогата на Мајката, покажал дека и по подолгото отсуство од сцената „сè уште има вонредни артистички можности што во иднина можат да се развијат и повеќе од она што таа ги создаде во ликот на смиљка“... Љутви сејфула (Митар) со успех ја исполнил улогата, покажувајќи способност за толкување „како на комични така и на трагични драмски текстови“ и, за да го поткрепи овој свој став, критичарот ја навел неговата игра во „луѓе“ и во „скапен“. Шерафетин неби (саша) бил „симпа-тично остварување“. Бинас сали (симона) „покажа рутинерство во предавањето на ликот на девојката“. Џемаил Максут (Филип) бил „пријатно доживување и само можеме да очекуваме подобро од овој млад артист“. Мушареф прека (цаца) при- кажала мошне интересна епизода. во улогата на стефан настапил идриз емин.
Турската драма при Малцинскиот народен театар ја завршила сезоната со чет- вртата премиера „алиш“, мелодрама од Хусеин сулејман, познат по написите за историските паметници и настани. оваа драма му бил прв обид на полето на теата-рот и се покажала како мошне успешна и претставувала освежување во репертоарската политика на театарот. пиесата била градена врз „сладникава реторика“, љубовен исечок од ХIV век со богатство фолклор, народни поетски текстови, умо- творби и „особено со чист сценски говор, кој инаку во оваа куќа ретко се слуша“. настанот се случува во градот лом (Бугарија). Зејнепа е заљубена во алиш, но нејзи-ниот татко не сака да ја даде за сиромашен рибар. немоќен да се бори, алиш го напушта градот. по три години, откако и` умираат родителите, Зејнепа, во придруж -ба на својата гатачка, го бара во серез и таму дознава дека е во истанбул. кога веќе се загубени сите надежи, по игра на случајот, се среќаваат. Дебитантите во режија - та, Љутви сејфула и идриз емин, се држеле „за духот на пиесата, поставувајќи ја реа-листички, и на повеќе места со зрела сигурност“. ваквата постановка дошла најмно-гу до израз во втората слика на првиот чин и во првата слика на вториот чин, кога тие особено покажале „инвентивност и умешност во масовните сцени“. Бинас салих (Зејнепа) својата улога ја предала со „извесна“ несигурност, но во монолози- те и „психолошките контрасти“ била добра. се помнат монолозите со везената шамија и дијалогот со гатачката дека „човекот живее додека верува“ и „човекот го одржуваат страстите“ и други места. Љутви сејфула (Ќајата али-ага) и Мушереф лозана-прекиќ (дадилката назли), како носители на пиесата, успеале да ги одржат хуморот и сатирата; сејфула ги потврдил своите „творечки квалитети и убедливиот
сценски говор“, а и неговата партнерка Мушареф не заостанала зад него. Џемаил Максут (алиш) бил „доста добар и со една прецизност формиран“, но останал и „блед“ само со „единствената импозантност што улогата во себе ја носи“. стиховите што ги говорел имале повеќе „декламаторски карактер“, а понекогаш биле и „безбојни“. рецензентот посебно го истакнува настапот на ајтен салих, во две улоги, најблиската пријателка на Зејнепа и ќерката на кадијата од серез. таа и по три годи-ни отсуство од сцената, и двата лика ги оформила „со вонредна емотивност и сцен-ска сигурност“.
Шерафетин неби (налбат) бил „навистина силен и убедлив, додека настапот на Фех - ми Груби (Мехмет ага), а особено на рамадан Махмут (ашчија), бил „доста симпатичен“.19 посебен проблем за театарот претставувал салонот на киното „Братство“, во кој ги прикажувал своите претстави, така што поради кино-претставите останувале мош не малку термини за претставите на театарот. Затоа сè повеќе се говорeло и за отворање на мала сцена во која театарот непречено би ги одржувал своите прет стави.
Турскиот ансамбл на Малцинскиот народен театар ја прикажал својата втора пре миера во 1958 година – „Зона Замфирова“ од стеван сремац. режисерот Шера - фетин неби, откако успешно ја направил поделбата на улогите со мали исклучоци, „ја доловува атмосферата на делото“. Мушареф прека (Дока) со оваа улога го „беле- жи можеби својот досега највидлив успех на сцената“. Љутви сејфула, како и секо- гаш во ликовите кои носат темперамент и хумор, ги „покажува сите свои креативни можности“. незакет али (васка) улогата „ја предаде доста воздржано, но во це лост успешно“. рамадан Махмуд (Мане) го предал ликот „со сесрдно залагање“ и со сем очебијни биле позитивните одлики... Шерафетин неби (Замфир), освен како ре жи - сер, настапил и во ролја, а истовремено негова била и сценографијата. За неговата улога рецензентот пишува дека ја предал „со прилично погодени акценти“. како сце- нограф, „со сосем скромни решенија, привлечно ни го доловува бараниот амбиент“. кај ајтен салих (Зона) во почетокот се чувствува „извесна статичност“, додека во вто- риот дел нејзината улога „доаѓа до израз“. во другите улоги, со помал или поголем успех, настапиле: Бинас салих (таска), Фехми Груби (Манулач), идриз емин (коте) и други, додека општиот впечаток од претставата бил позитивен.
Турската драма на Малцинскиот народен театар, пред преполна сала, премиер-но ја прикажала втората премиера во оваа сезона, „Дали помина оттука млад човек“ од чехословачкиот писател павел Хануш, а во режија и сценографија на саша Маркус. публиката имала можност да се сретне со претстава која се разликувала од дотогашните мелодрами и битови претстави. За да ја заинтересира публи-ката, режијата ја затапила сатиричната страна на текстот, а повеќе ја потенцирала „комичната, што ја раѓаат одделни сатирични сцени. саша Маркус успеал да созда- де инвентивно решени слики во сите три чина.
Шерафетин неби се соочил со најкомплексната и најодговорна улога. „тој мора-ше да прави брзи скокови од еден до друг тип луѓе, притоа доживувајќи најразлич-ни пресврти во доживувањата на своите повеќекратни ликови, за да успее да ни ги долови наивните и чудни мечтаења на девојката Божана. Шерафетин неби слобод-но можеме да кажеме оти во оваа изведба го доживеа својот најголем успех на сце-ната. сулејман Бинас ја толкувала главната женска улога и била „мошне убедлива во предавањето на ликовите на потемпераментните девојки со кои во овие сатирич-ни сцени се сретнуваше главниот јунак на делото“ и постигнала завиден успех, што е гаранција за потенцијалните можности на оваа уметничка. комичарот Љутви сејфула во улогите на критичарите се покажа на нивото на она што го познаваме од неговите подобри настапи... Четвртата и последна улога на авторот ја предал идриз емин „воздржано и со нескриен шарм“.
Илхами Емин во првите редови на својата рецензија пишува дека премиерата на „Женачка и мажачка“ била една од послабите изведби на турската група и дека актерите не можеле да ја доловат атмосферата, да ги откријат особеностите на јази- кот на сатиричарот и хуморист јован стерија поповиќ. во последната, петта слика со вистински пресврт во дејството „публиката можеше да присуствува на уметнич- ка изведба“. режисерот тодор николовски, и покрај своето искуство, не можел да постигне подобар резултат поради „расположливиот артистички кадар, за што досега не еднаш и не на едно место е спомнато, кој не дава можност за реализира-ње на ништо повеќе“. лошата подготвеност на актерите, несовладаниот текст, неси- гурното движење на сцената, како и неупотребливиот превод, не дозволиле да се направи ништо повеќе. незакет али (Момата) „ја спасила претставата од целосно пропаѓање. таа покажала таква сигурност, што заслужила секаков респект. Шерафетин неби бил втората светла точка од оваа претстава. и тој во улогата на Младоженецот бил на завидно ниво, особено успешно маневрирајќи со пантомим- ските сцени“. Љутви сејфула (стројникот), „немаше потешка задача“, а идриз емин (нејзиниот татко) „првпат покажа смисла за нијансирање на изразот“. „стандардни“ биле Бинас салих и Мушареф лозана во две помали улоги. критичарот препорачу-ва да се отстранат „барем“ оние слабости што барале „сесрдна заложба“, за да се биде на нивото на кое публиката била свикната да ги гледа.
До воведување на киното, секоја недела двата ансамбла прикажувале по три претстави, а сега им биле одземени неколку термини. Наскоро и тој проблем се очекувало да биде решен со преуредување на новата сала во Театарот, за која Околискиот народен одбор одобрил 5.000.000 динари. и покрај фактот што во Малцинскиот народен театар во обете групи имало само 11 актери, работната атмосфера била на висина. Четворица актери од турската група и седуммина од албанската (тогашна Шиптарска) требало да подготвуваат по пет премиери годишно на обата јазика. премиерите редовно ги посетувале по околу 400 посетители. со нешто помалку публика биле посетувани и подоцнежни- те претстави. пиесата „улични музиканти“ се одржала две години на репертоарот. „самопрегорност и работливост, тоа било достаточна гаранција за натамошното движење високо горе на факелот на културата – симбол на оваа куќа што уште оддалеку се забележувал на зградата“.
Во изминатите сезони биле прикажани вкупно 32 претстави пред околу 10.000 гледачи. на турнејата по Македонија биле прикажани 16 претстави пред околу 5.000 гледачи, а на турнејата во космет – 9 претстави со преку 5.000 гледачи. според искажувањето на директорот на театарот Шуко авдовиќ, за наредната година се очекувлаа преродба, бидејќи околискиот народен одбор одобрил 5.000.000 дина-ри за адаптација на Малата сала, која би служела исклучително за прикажување теа-тарски претстави и за одржување репетиции. За во иднина наместо по една пре-тстава неделно, како што било дотогаш, ќе се прикажувале по 3–4 претстави недел-но, со што би биле задоволени барањата на публиката. репертоарот за наредната сезона сè уште не бил готов, затоа што тој бил условен со поголем број актери, а кој ќе се зголемел за десетина. се очекувало да се решат финансиските проблеми, со што би се подобрила техничката опременост на претставите, би се решил пробле-мот за преводи на драмските дела, за гостување на режисери и друго.