Автор: Антон Павлович Чехов
Режија: Нела Витошевиќ
Драматургија: Викторија Рангелова
Сценографија: Костантин Трпеноски
Костимографија: Роза Трајчевска Ристоска
Дизајн на светло: Васил Христов
Дизајн на плакат: Дамјан Момировски
Фотографија: Кире Галевски
Улогите ги толкуваат:
Ирина Николаевна Аркадина Трепљова: Несрин Таир
Константин Гаврилович Трепљов: Хакан Даци / Осман Али
Петар Николајевич Сорин: Џенап Самет
Нина Михајловна Заречна: Стефанија Начевска / Сузан Акбелге
Маша: Ебру Мусли
Борис Алексеевич Тригорин: Селпин Керим
Евгениј Сергеевич Дорн: Метин Ибрахим
Семјон Семјонович Медведенко: Неат Али
Инспициент: Ердинч Рушид
Суфлер: Нериман Шенгулер
Организатор: Мухамед Бакиовски
Директор: Несрин Таир
Шеф на сцена: Зекирија Абди
Сценска техника: Мехмет Исмаил, Суат Рахман, Џенгиз Халил,
Изудин Беговиќ, Булент Хасан
Cветло : Орхан Мехмет
Инженер на светло: Беќир Кубур
Тон: Емрах Џемаили
Реквизита: Танкут Ибрахим
Гардероба: Муаља Салихи
Шминка: Севим Ќерим
„Галеб“ е драма која зборува за театарот и љубовта. Во ова култно дело, Чехов на траги-комичен начин ни ја пренесува атмосферата за минливоста на животот, во која се испреплетува ланец на ликови со промашени животи, со несреќни судбини, невозвратени љубови, ставени во животни околности со кои не можат или не знаат да се справат. Во претставата ние се обидовме да навлеземе длабоко во тие ликови и да направиме едно современо видување на „Галеб“, каде отворивме две важни теми: конфликтот помеѓу две генерации (постара и помлада) и последиците од невозвратена љубов. Ставивме акцент и на проблемот како постарите генерации играат улога во кршење на соништата на помладите и како го убиваат детето во нас.
Оваа драма ја сакам уште од моите студенски денови и сите заедно ја сработевме со голем мерак.
Нела Витошевиќ
режисер
„Замислете пишувам драма. Пишувам со задоволство, иако многу се судирам со барањата и потребите од страна на театарот. Започнав форте, а завршив со пианисимо, спротивно на правилата на драмската уметност.“ (А.П. Чехов за „Галеб“ во писмо до неговиот пријател Суворин, 1895 година)
Прашањето кое се поставува за делата на Чехов не е – зошто во драмите нема класична драмска приказна, туку зошто таа драмска приказна не им е потребна? Чехов не го интересира ни драматичното само за себе, ниту пак безначајното само за себе, него пред се го интересира односот помеѓу тие две врсти на случувања и што се добива со нивното постојано судирање, испреплетување, среќавање.
И заради тоа што Чехов повеќе го интересираат односите меѓу ликовите и односот помеѓу ликовите и околината, стварноста во која живеат, повеќе отколку што го интересираат последиците, не може да се сложиме со првичната слика за неговите дела дека ништо не се случува, напротив во Чехов се случува и повеќе од што е потребно.
Крајот во драмите на Чехов не е ни конечна дефиниција, ни конечна пресуда, крајот е тајна која останува да лебди во воздухот додека светлата не се изгасат во гледалиште.
Викторија Рангелова
Драматург
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Р.С.Македонија
Продукција – НУ Турски Театар, 07 мај 2022