Претставата за младинци
Режија и адаптација: Драгана ГУНИН
Сценографија: Беди ИБРАХИМ
Костимографија: Елена ВАНГЕЛОВСКА
Музика: Ади ИМЕРИ
Кореографија: Александра КОЧОВСКА НАЧЕВА
Улогите ги толкуваат:
АНА ФРАНК - Емине ХАЛИЛ
ХАНА - Жале ОСМАНЛИ
ХИРА - Инес РАДОНЧИЌ
ПЕТЕР – Хакан ДАЦИ
г-ѓа ФРАНК - Фунда ИБРАХИМ
г-дин ФРАНК (Пим) - Един ЈАКУПОВИЌ
г-ѓа ВАН ДАН - Зиба РАДОНЧИЌ
г-дин ВАН ДАН - Ријад ТАХИР
ПОЛИЦАЕЦ - Наџије КЕЧ
Испициент: Ердинч РУШИД
Суфлер: Нериман ШЕНЃУЛЕР
Организатор: Мухамед БАКИОВСКИ, Шенхан ЗЕКИР
Директор: м-р Ердоан МАКСУТ
Шеф на сцена: Зекирја АБДИ
Декоратери: Изудин БЕГОВИЌ, Булент ХАСАН
Тон: Левент ИБРАХИМ
Cветло: Орхан МЕХМЕД, Бекир КУБУР
Реквизита: Танкут ИБРАХИМ
Гардероба: Муаља САЛИХИ, Аднан РЕЏЕП
Шминка: Авди БИЛАЛ, Нора ПИТАРКА
Изработка на костими: Раде ВАСИЛЕВ, Верка ЃУРОВСКА
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Р. Македонија
Продукција – НУ Турски Театар, 08 ноември, 2018
Sevgili Anna, / Драга Ана,
Многу се радувам што се сретнавме. Немам одговор на многу твои прашања само се надевам дека бар во еден момент допревме до твојата приказна.
Знам дека е тешко да се замисли ама фашизмот сè уште трае. Човештвото е во постојан пораз од себеси и оние на власт. Во еден момент се чини дека светот се распаѓа. Уште има војни, уште има кафези што бараат птици ама и птици што се борат за својата слобода.
Постојат луѓе како тебе што го спасуваат и го прават поубав, потопол и похуман. Иако е сè потешко.
На крај на ден и јас сакам да верувам дека луѓето се навистина добри во срцата.
Твоја Драгана