И во оваа јубилејна година за турската драма, 40 години постоење, на игрите „војдан Чернодрински“, ансамблот се претстави со „Живко што живее, не живее“ од азизнесин, во режија на кенан ишик. и за оваа претстава театарската критика е единствена. во списанието „екран“, ванчо каранфиловски забележа дека „најнова- та претстава на турската драма спаѓа во редот на еден од најинтересните театарски зафати видени на сцените во републикава во последно време. не толку поради самиот текст на познатиот турски сатиричар азизнесин, текст во кој темата за чове- кот што погрешно е заведен во матичните книги како умрен е искористена за соз- давање остра сатира, колку поради приодот на режисерот кенан ишик и авторска- та екипа во градењето на претставата“. кога се говори за забележливиот подем на турската драма, неизоставно се наметнува ангажманот на Мустафа асим со сцено- гра фиите, осмислениот пропаганден материјал, плакати и програми, што на теа - тарот му го даваат препознатливиот имиџ. со комедијата со горчлив вкус „Живко што живее, не живее“ за луѓето загрозе- ни од бирократската машинерија, режисерот од турција, со поддршка од ансамблот, создал заокружена, возбудлива претстава што може да се смета за една меѓу најдобрите во Македонија. атила клинче во насловната ролја, потоа салаетин Билал, Мустафа јашар, Зекир сипахи, Зиба радоњиќ и други се екипата која ја поне- се оваа блескава оцена. во годината на јубилејот, ансамблот прикажа само две премиери. втора е дуо- драмата „остров“ од јужноафриканскиот писател адхол Фугарт, во режија на гости- нот од турција јуџел ертен. проектот извесно време се подготвувал и во турција. тоа е возбудлива приказна за двајца арестанти кои и по морничавите тортури и работата во каменолом, не се откажуваат од желбата да ја подготват софоклеовата „антигона“ за да се победи стравот, за да се блиску до надежта и љубовта, за да не се подзастане пред тешките искушенија и омрази. сето тоа режисерот го направил „ненаметливо, згуснато, слоевито“. Дејството е сместено во главниот товарен лифт на театарот, без каков било друг декор, а на сцената се наоѓала публиката. тоа се покажало како интересна и оригинална идеја на режисерот и убава досетка. актерското дуо атила клинче и елјеса касо на мошне уверлив начин успеале да ги доведат гледачите во интимата на луѓето, кои сакаат да сонуваат, да љубат и да меч- таат и во тоа ништо не може да ги спречи. во првите денови на 1990 година се одржа проширен состанок на кој се гово- реше за потребата од издавање на монографија на турскиот театар. имаше повеќе излагања со трудови на поединци за дотогашната работа на театарот. изминатиот период од 1980 до 1990 година донесе неколку премиери од антологиско значење за театарот и не само за него. „Злосторство и казна“ од Достоевски во режија на Бранко ставрев се одржа на новоотворената сцена, под т.н. подрум сцена, која соз- даде услови за настан, а режисерот, актерите, сценографот „го ставија гледачот во состојба на соучесник со долготрајно значење“. Бранко ставрев направил претста- ва „карневализација“ со елементи на авантуристичко социјален аспект. Блескавата игра на Фирдауз неби е градена ненаметливо, низ знаци извлечени во динамична линија. претставата ги покажа огромните можности на ансамблот. улогите беа одиграни синхроно, со единство, со прецизни реплики и точна реак- ција. тоа беше претстава на Фирдауз неби, како и на Мушареф лозана, салаетин Билал, Љутви сејфула, Џемаил и сузана Максут, Бедија Беговска, Мејди Бајрактари и сите други учесници. Изминатата деценија ја донесе и претставата „Кавкаски круг со креда“ од Брехт, во режија на гостинот од Турција Јуџен Ертен. Создадената визија за светот во кој се победници моралот и правдата на луѓето, е одиграна „низ текови- те на паралелните приказни во кои актерите, движејќи се и меѓу гледачите дока- жаа дека создале претстава на раскошна, колоритна палета“. Претставата е на Бедија Беговска (Груша), Салаетин Билал (Аздан), Мушареф Прекиќ Лозана (Шаво) и на сите други актери. Во 1980 година репертоарот беше составен со неколку мошне квалитетни премиерни изведби што ги надминуваа просечните стандарди. Такви беа пре- тставите „Дневникот на стравот“ од Џевад Карахасан, „Магбет“ од Шекспир во режија на Рахим Бурхан, а еден од плодните турски драматичари Хасан Мерџан беше претставен со детската претстава „Насмевките подарете им ги на децата“. Во 1989 година беа премиерните изведби на „Клементовиот пад“ од Драго Јанчар, „Слугинки“ од Жан Жене, како и пиесата „Клинч“од Горан Стефановски. Да ги спомнеме и претставите „Веселите жени Виндзорски“ од Шекспир, „Проклета авлија“ од Иво Андриќ, „Хурмуз“ и „Приказна што зборува за патува- њата“, како и „Женички“, кои заедно со другите претстави ја претставија Турската драма и ја поставија на врвовите на македонското глумиште. ансамблот на турската драма подготви две премиери, од кои критиката за поуспешна ја оцени „картонска кутија“ од поранешниот член на турската драма ирфан Бељур, во режија на Бранко Брезовац – гостин од Загреб. на театарските игри „војдан Чернодрински“ оваа претстава предизвика двочасовна дискусија. срдечно примена од публиката, беше оценета како врвно достигнување што носи сопствена естетика, која се темели на препознатливиот режисерски приод на Бранко Брезовац, како и на прекрасните актерски остварувања што со професио- налноста се издигаат далеку над дотогашниот начин на разбирање на актерскиот ангажман во текот на игрите. втората премиера беше биографската драма за турскиот поет јонус емре, воед- но и наслов на пиесата од реџеп Белгинер, во режија на гостинот од турција раик алниачик, која беше проследена со голем интерес од публиката, иако не може да се говори за проект со повисоки сценски вредности. оваа година за децата беше прикажана претставата „орхан“ на неџати Зекирија, писател од турската националност. авторот порано се занимавал со глума, а подо- цна и со театарска критика. критиката забележала дека Димитар Христов направил уште една мошне шармантна и гледлива претстава. во овогодишниот репертоар е и претставата од современиот турски писател Динчер сумер „стари фотографии“, во режија на Душко наумовски. на игрите „војдан Чернодрински“ претставата триумфира, а театарскиот критичар иван ивановски ја оквалификува како претстава која може да се означи како антологис- ка, дури и во македонскиот театарски простор. текстот се вбројува меѓу најзна- чајните настани од седумдесеттите години. на тркалезната маса на критиката пре- тставата беше оценета со многу ласкави оценки што, пред сè, се однесуваше на играта на Бедија Беговска, која ја толкуваше главната улога, на колоритниот и инвентивен режисерски ракопис на Душко наумовски, како и на вонредниот владимир Георгиевски, кој има голем придонес за претставата со својата сцено- графија и костими, како и на музиката на Љупчо константинов. високи оцени и голем придонес за претставата добија и актерите салаетин Билал, атила клинче, елјеса касо и наџи Шабан.
Турската драма прикажа пет премиери, од кои една за деца – „алаетин“, во ре-жи-ја на кемал лила... позабележителен резултат не остварија ниту гостите-ре - жи сери од турција Мурат карасу и исмет Хурмузли со дела од современите турски писатели тунџер Џеџенаглу („Хеликоптер“) и Халдун танер („ве молиме не до пи рај - те“) и „Шабан спасител на татковината“ во режија на Зекир сипахи, актер на тур - ската драма. според критиката, пренагласено е присуството на пиеси од писатели кои живеат и создаваат во турција, а прикажувањето на два текста од еден писател во иста сезона (Халдун танер) е потврда за ад-хок комплетирање на репертоарот. „Дас капитал“ од Братислав Димитров, во режија на сашо Миленковски, ја отво- ри сезоната на турската драма. праизведбата не беше амбициозен проект, и покрај претенциозниот наслов. текстот во добар дел се создавал на репетициите, а про- цесот го раководел авторот. тоа е приказна за турско семејство од скопје во вре- мето на големите промени што донеле трауми и страдање. Мејди Бајрактари, татко на семејството, и покрај самопрегорноста и пожртвуваноста добива отказ од фир- мата, со што се долева масло во огнот. синот, професор по марксизам, подготвува дисертација на тема самоубиство, која ја елаборира врз самиот себе со оттргнува- ње на „капиталот“ (дебела книга – извонредна метафора). Другиот син е дилер на дрога, препуштен на улицата, кој завршува в затвор. третиот син бил чудо од дете со златен занает од татко му (алатничар) кој е несреќно вљубен во наркоманка, не - ве на, поради која ќе се самоубие со предозирање. овие, условно кажано, супермо- дерни и актуелни ликови, дополнети се со битови слики и сцени и со уште неколку ликови – (Дедото), Џемаил Максут, кој живее од спомените, и (Домаќинката), пе ри - хан туна, со која се заокружува „оваа кревка структура драмска како мелодрама. тат кото ја запалува куќата и прави сè да започне нов живот. новиот живот, крајот на претставата, го завршува со цитатот од Марксовиот „капитал“: Марксизмот умре – да живее марксизмот. сцените се одвиваат на 5-6 пункта. „режијата главно не се „одлепува“ од кревкиот драмски материјал, така што се движи по линија на помал отпор на маргините на нештата... во професионална смисла, се задржува едно коректно ниво кое резултира со определена комуникација со публиката, а бомба- стичниот наслов се поима како мал егзибиционизам“, вели рецензентот тодор кузманов преку брановите на радио скопје. на фестивалот „војдан Чернодрински“, турската драма ја прикажа минатого- дишната премиера „смртта на питија“ од македонскиот автор Маја стефановиќ, а во режија на Доминик Милер. пред почетокот на претставата со едноминутно мол- чење му беше одадена почит на, во меѓувреме, починатиот режисер Милер, инаку голем почитувач на македонскиот театар и култура. претставата беше оценета како култивирано и универзално остварување со интернационален состав на учесници во реализацијата и со прекрасен актерски ансамбл во кој се истакнаа атила клинче, Мејди Бајрактари, перихан ејупи, ердоан Максут и други. За пиесата беше речено дека е вешто, фино и искрено напишана. таа се расправа и се справува со открива- њето на лагата и невозможноста да се избегне вистината. темата на претставата „ве молиме не допирајте“ е историски настан, претпоста- вена средба на турскиот војсководец Балтаџик и руската царица катерина, видено од денешен агол. останатите две – „Хеликоптер“ и „Шабан спасител на татковината“ – се совре- мени и актуелни пиеси во смисла на времето во кое се одвива дејството. „Хеликоптер“ е скромно, театрално остварување, за разлика од „Шабан спасител на татковината“, музичко-кабаретска претстава која успеа да оствари комуникација со публиката и донесе значајни актерски остварувања, како она на Бедија Беговска, Мејди Бајрактари и други.
Оваа година за прикажување се предвидени два драмски текста од македонски автори – „тетовирани души“ од Горан стефановски и праизведбата на „Балерина“ од владимир плавевски, првата во режија на васил Христов, а втората на Бранко Брезовац. третата е пиеса од класиката „Женидба“ од Гогољ, во режија на ацо алексов, четвртата современа турска драма „Ќелавиот Мехмет“ од улку ајваз во режија на кемал лила, додека петтата премиера е за најмладите, по текст на актер- ката Бедија Беговска – „Будење“ во режија на Душко наумовски. сите овие тексто- ви турската драма ги прикажа како премиери во текот на годината. владимир плавевски во пиесата „Балерина“ се определил за приказ преку виви- секција на лудилото по примерот на една балерина, поточно се работи за живот на граничната линија на лудилото. Главните елементи, кои содржински и суштински ја определуваат драмата, се дрогата и огледалото, дрогата како средство за занес и бегство од грдата реалност, а огледалото како симбол на потрага по сопствениот идентитет, што во случајот на балерината е постојано во прашање. режисерот Брезовац користи видео-бим, со што ја разиграл и збогатил претставата, ја спречил монотонијата „и постигнува соодветен ритам и темпо во прилог на нејзината глед- ливост со проектираните балетски нумери и со музиката. режисерот како да прави свесно контрапункт на жестокоста на одделните сцени и жестокоста воопшто како доминантна одлика на целокупната постановка, а потенцирајќи ја поетичноста на приказната содржана во текстот“. насловната ролја, Балерината, ја толкуваше актерката Мукерем Билал, а сите други ролји елјеса касо. обајцата презентираат висок степен на „естетизирана игра со академски пристап во градењето на ликовите, игра низ која градат врска, глав- но успешна, преку движењата и говорот. Мукерем Билал се претстави со макси- мална издржливост и концентрација, не само кога ја прикажува и доживува дла- бочината на страдањата, туку и во ретките моменти „на занес и мечтаење, кога повеќе говори за себе и со себе отколку со или за другите... елјеса касо понуди забе- лежителна координација на гестот и говорот и умешноста за трансформирање во повеќето улоги. еднаш тој е кореограф, другпат сопруг, па дилер на дрога итн., при што е убедлив во својот настап, одмерен и смислено воздржан, играјќи ги паузите што ја држат драмската тензија“. За успешноста на претставата значајно придоне- сува и кореографијата на јагода сланева, ќе заклучи театарскиот критичар тодор кузманов. на театарските игри во прилеп, турската драма настапи во конкуренција со претставата „Дас капитал“, а во придружните манифестации со „Балерина“. во „Женидба“ на Гогољ режисерот ацо алексов внел елементи како што се говорницата и лебот, стаклени гласачки кутии кои ја илустрираат намерата на алексов претставата да коинцидира со изборите. агафја врши избор помеѓу четво- рицата кандидати. тој преку слајдови ги претставува кандидатите, користи голем број музички нумери, танци. режијата на почетокот инсценира свадбена поворка од која поткаљосин бега. сите главни улоги во претставата се успешно вајани, со чисти и јасни карактери, со средствата за карикирање и гротескност. со своите актерски креации доминираа: салаетин Билал (поткаљосин) – „бравурозен кога цврсто ќе решеше дека се отстранети сите дилеми околу неговата женидба, за потоа неочекувано да почне да го гризе црвот на сомнежот“ – и перихан ејупи (агафја тихоновна), која донесе лик интересно замислен и реализиран. За помнење е сцената кога таа мечтае за својата идна среќа. ејупи е актерка „која многу уверли- во ги преживува траумите, но притоа таа има многу наивност, така што сето тоа изгледа и смешно, и жално, истовремено“. успешни беа и остварувањата на елјеса касо, наџи Шабан, сузана Максут, ердоган Максут, ријад тахир и други. како пример за извонредна актерска креација, критичарот на радио скопје тодор кузманов го апострофира настапот на ријад тахир, кој во улогата на поморецот Жевакин „одигра брилијантна сцена на комична трогателност, изнудувајќи аплауз на отво- рена сцена“. оваа година се прикажани три премиери. состојбата со падот на продукцијата станува алармантна. во двата ансамбла веќе подолго време тлее проблемот на избор, поточно на назначување на челните луѓе, директори на турската и на албанската драма. единствено е подготвена детската претстава „Мустаците на генералот рококајко“ од ристо Давчевски. одраз на кризата и во двата ансамбла е нивната неможност да ја пријават, односно да ја изведат пријавената претстава за учество на театарскиот фестивал „војдан Чернодрински“ во прилеп. актерката Бедија Беговска ја изведе монодрамата „Мајка храброст – супер до - ма ќинка“, авторски проект на Бранко Брезовац, која не успеа да се одржи на репер- тоарот. на Фестивалот „војдан Чернодрински“ се говореше за Бранко Брезовац, за него- виот чуден театар. претставата „крал Хамлет“, според текстови на Шекспир и виткиевич, а во изведба на турската драма, беше невообичаена претстава, збуну- вачка, тешка, практично слика на неговиот нов стил. се играше во „тунел“ со мал број публика, организирана мизансцена, кореографија, претстава со деструктивна естетика во која актерите се спојуваат во стоглав организам. во официјалниот дел на програмата со по две претстави беа застапени Бранко Брезовац и сашо Миленковски. Брезовац не го изневерува својот познат режисерски ракопис, кој подразбира модерни сценски постапки, мултимедијалност, тотален теа- тар, жестокост, суровост, прецизност и одвојување на големо место и простор за кореографија и играта на телото. на претставата „кралот Хамлет“ како драматурзи се потпишани Брезовац и владимир плавевски. таа понуди прекрасна визуализација, кореографија и асоцијации во чија основа ни се сугерираше приказната за данскиот принц Хамлет, но не со неговата животна дилема за одмазда на својот татко, туку со една друга вистина – дека по смртта на татко му не му останува ништо друго освен да посака да биде крал. ова решение останува прилично дискутабилно по гледањето на овој во суштина мошне експресивен театарски чин. во претставата доминираат костимските решенија на елена Дончева со футуристичките назнаки и со својата рас- кошност, вели театарскиот критичар тодор кузмановски. во улогата на Хамлет наста- пиле Мустафа јашар, атила клинче, елјеса касо, салаетин Билал, Бедија Беговска, перихан ејупи, Зиба Беќир, Мукерем Билал, Мерита ејупи, а како Фортинбрас Хисни вила, абдурахман рахман, суат рахман и Зекирија авди. оваа година турската драма имаше вкупно три премиери: „како да се спаси асие“ од васиф онгонер, „итрата жена на улавиот маж“ од танер Халдун и „празна колевка“ од неџати Џумали. првата претстава „како да се спаси асие“ и како текст и како режија дејствувала како нешто депласирано, и нешто под стандардите на турската драма, позната по далеку поуспешни претстави. асистент на режијата бил ердоан Максут, сценограф Беди ибрахим, музиката била на сарпер озсан, а костимите на олџај појраз. во пре- тставата „како да се спаси асие“ учествувал целиот ансамбл, како и млади музича- ри и девојки. во 1996 година турската драма не пријави претстава за Фестивалот „војдан Чернодрински“.
во годинашната продукција беа прикажани пет премиерни изведби. едната од нив е „вон колосек“ од томе арсовски, во режија на Горан тренчовски. тема на пие- сата се аномалиите од времето на транзицијата. иако проблемите во неа се нави- стина актуелни, сепак сценската обработка не го надградува туку попрво го рела- тивизира текстот и поради колажната структура на постановката резултатот и впечатокот се занемарливи. Бледо и недоволно уверливо, вели македонската кри- тика. улогите во претставата ги толкуваат салаетин Билал, сузана Максут, Зиба радончиќ, Мустафа јашар, Бедија Беговска. турската драма честопати има соработувано со авторот владимир плавевски, па и оваа година го постави неговиот текст „каста дива балкански провев“ (праиз- ведба). во неа повторно се среќаваме со подлошка која поаѓа од актуелните состојби токму на балканскиот простор. во центарот на вниманието е судбината (несреќната, како да се подразбира) на замислената оперска примадона каста Дива, која боледува од рак на гласните жици и копнее за оживување на својата утроба. околината е сурова во лицето на тројца мажи кои таа ги сакала. За режијата на Бранко Брезовац е карактеристичен неговиот пресврт. наместо мултимедијал- ност на широки потези, тој овде се определува за една интимистичка претстава која ги истакнува длабоките психолошки фуги, во прв ред, на носителот на насловната ролја, актерката перихан ејупи. во другите улоги настапија атила клинче (Мажот), салаетин Билал (Докторот), Мустафа јашар (Бизнисменот), абдурахман рахман (прв човек), Хисни виља (втор човек), суат рахман (трет човек), Зекерија абди (Четврти човек). по подолго време, турската драма оваа година учествува на Фестивалот „ох - рид ско лето“ со „Федра“ од расин, во режија на Љубиша Георгиевски. претставата донесува едно автентично толкување на страста, на грешната љубов на главната Хероина кон својот посинок Хиполит. тој, пак, оваа љубов ја одбива за друга жена. во насловната улога со веќе осведочената актерска супериорност настапи Бедија Беговска, а во другите улоги успешно се претставија Мустафа јашар, салаетин Билал, Зиба радониќ, Мушареф лозана и други. премиерно беше прикажана и пиесата „прекрасен луна парк“ од улку ајваз во режија на кемал лила и асистент на режијата елјеса касо. сценографијата беше на Беди ибраими, костимите на елена Дончева, музиката на Џенгиз ибраим, корео- графијата на тони Баталаков, а улогите ги толкуваа елјеса касо, перихан туна ејупи, атила клинче, ријат тахир, сузан акбелге, Фунда ејуп и наџи Шабан. петта премиера беше пиесата за деца „прекрасен подарок“ од улку ајваз, во режија на салаетин Билал, кој истовремено е и режисер и костимограф. улогите ги толкуваа Мустафа јашар (раскажувач), елјеса касо (Метин) атила клинче (октај), Мукерем Билал (бабата лејла)перихан туна ејупи (девојката ајла). турската драма во тековната година ги презентираше премиерите „трагачи по виножитото“ од владимир плавевски во режија на салаетин Билал, втората „прекрасен подарок“ од улку ајваз и „идиот“ од Ф. М. Достоевски во режија на Бранко ставрев, со која турската драма настапи на Фестиовалот „војдан Чернодрински“ во прилеп. иако и „идиот“ од Достоевски во изведба на турската драма, и „Љубовна врте- лешка“ од артур Шницлер во изведба на велешкиот театар беа прикажани во ист ден на Фестивалот, и за двете претстави салонот беше исполнет до последното место. За претставата „идиот“ имаше полемични дискусии околу тоа колку теоретизирањето придонесува во читањето на една претстава. се зборуваше и за тоа дека конечно мора да почне да се разговара за претставите, а не за литературните дела. се дискутираше и за функционирањето на симболите, како и за тоа колку сце- нографските назнаки комуницираат со претставите и слично. во текот на оваа година премиерно беа изведени премиерите „лудиот ибра хим“ од туран офлазоглу во режија на владимир Милчин; „р.р.р.“ од јордан плев неш во режија Мехмет улусиј и „За мир, да“ од улку ајваз во режија на салаетин Билал. од она што кај нас се случуваше на театарските сцени, премиерата на турската драма „лудиот ибрахим“ дојде како значајно освежување. Драмата, иако поаѓа од историски факти, не е историска драма туку автентична уметничка визија и раз- мисла за некои аспекти на власта и моќта и за нивното прекршување во индиви- дуата. во постановката на владимир Милчин таа се „фокусира на психолошко- филозофските размисли во кои историјата е само дискретен фон – „таа се одлику- ва со јасни и прецизни линии во обликувањето на мизансцената и со насочување на вниманието кон внатрешниот емоционален наплив, особено во главните лико- ви“. режисерот Милчин „создава цврста структура која консеквентно се развива и расте за да кулминира во последната сцена на убиството на султанот. притоа, тра- гичното дејство се преточува низ благи ’меки’ форми на дворските интриги“. елјеса касо во насловната улога понудува лик кој се бори и актуелно гине меѓу своето лудило и здравиот разум. тој се плаши од власта и се тетерави под одговор- носта што таа му ја носи. неговата борба е главно борба со самиот себеси. сложен лик остварува и Бедија Беговска во улогата на Ќосем султана, мајка на ибрахим, која конците на власта ги држи во своите раце. таа и во оваа ролја уште еднаш го манифестира „својот талент и широк актерски дијапазон. од другите актери се издвојуваа салаетин Билал, атила клинче, Зекир сипахи, сузан акбелге, Мустафа јашар и наџи Шабан. сценографијата на крсте Џидров „е импресивна со своите димензии и монументалност и приемчива со своите бои“. претставата го актуализира прашањето за односите меѓу моќта на власта и кревкото човечко суштество. ибрахим, занесен од моќта што му ја овозможува вла- ста, минува низ фази на регуларно владеење, опивање од привилегиите и свртува- ње против мајка му, која го носи на престолот. потоа следува нејзината одмазда. власта убива, зар не? – се прашува и одговара рецензентот тодор кузманов преку брановите на радио скопје. За реализација на претставата, покрај нашето, учествуваше и Министерството за култура на република турција. претставата „лудиот ибраим“ турската драма ја прикажа на Фестивалот „вој дан Чернодрински“ во прилеп кога кај нас се водеше војна. во претстава- та, режисерот и сценографот го ставаат гледачот во санаториумски стерилна сцена со малку средства, за да го симболизираат празното. во претставата ва - жен аспект беа и актерите, преку користење на телото во мошне студиозната креација на лудилото кај елјеса касо и извонредно истолкуваниот лик на Бе - дија Беговска како доминантна мајка и вистинска императорка која во свои раце ги држи конците на власта. во претставата режисерот ја скратил драм- ската предлошка за да ја избегне доминацијата на вербални знаци... режис - ерскиот концепт подразбира дозирано оформување на симболите преку кои претставата добива семантички силна сликовитост. иван Додовски на тр ка - лезната маса во прилеп говореше за актерската игра, а на крајот праша зошто се поставува претставата сега и овде, по промената на власта? премиерата на „р.р.р.“ од јордан плевнеш се одржа во Марсеј, Франција, а потоа и во скопје. во реализацијата на претставата значителна помош даде Градскиоттеатар од истанбул, кој ја изработи сценографијата, а која воедно е и најуспешен сегмент на оваа изведба заедно со некои од актерските креации. претставата е под- готвена како копродукција на турската драма, Градскиот театар од истанбул – турција и театарот од Марсеј – Франција. ликовите ги толкуваа 14 актери на турската драма и двајца од француското глумиште во Марсеј – ришар Мартен и тања суриева, ја режираше Мемет улусој од париз, а негов асистент беше ердоан Максут од скопје. Градот Марсеј во 1999 година одбележа 2600 години од своето постоење, а пре- тставата ја пречека како духовен и естетски чин во кој се одбележува балканската крвава хронологија во последната деценија од ХХ век. претставата во себе го имаше елементот на вечното во театарот, кој ги обединува историјата, политиката и осаменоста на актерот на празните сцени на сите светски театри. турската драма беше доживеана како сценска форма на слевање на јазиците, турскиот, албанскиот, францускиот. како жесток театарски протест кој на сцената започнува со тоталниот хаос на времето и особено на настаните на Балканот, дејството воспостави ред кој сепак заврши со непознаници: зошто и до кога луѓето ќе се разбираат само преку оружјето и војните? Во јубилејната 1990 година Турската драма со премиерите на „Антигона“ од Софокле и „Живко што живее, не живее“ ја најави можеби најплодната деценија, би рекле и најуспешната. Се проширува листата на режисери: Спасе Стерјо, Мејер Доминик, Ертен Јуџел, Ишик Кенан, Бранко Брезовац, Алниачик Раик, Сашо Миленковски, Хурмузи Исмет, Карасу Мурат, Васил Христов, Зекир Сипахи, Олџој Појраз, Горан Тренчевски, Владимир Милчин и други. На репертоарот на театарот има претстави од класиката и од современата драма, со кои Турскиот театар на фестивалите во земјата и надвор од неа е присутен и наградуван. Пред крајот на 1990 година Турскиот театар подготви две премиерни изведби „Р.Р.Р.“ според текстот на Јордан Плевнеш, подготвена заедно со Градскиот театар од Истанбул, Националниот театар од Марсеј и театарот „Турхунда“ од Париз. Во пиесата зедоа учество 14 актери од Турската драма, двајца од Марсеј, со режисер од ПаризМемет Улусој во асистенција на акте- рот на Турската драма Ердоан Максут. Како што пишуваше критиката, пре- тставата била пречекана „како духовен и естетски чин во кој се обединува балканската крвава хроника во последната деценија на дваесеттиот век“. Претставата била доживеана како величина на јазиците, македонскиот, тур- скиот, албанскиот и францускиот. Турскиот театар гостуваше во повеќе држави, на повеќе фестивали, на кои неговите претстави беа пречекувани со големи аплаузи и задоволство на пуб- ликата и со мошне пофални зборови на театарската критика.