Ова е година во која некогашниот Театар на народностите во Скопје би ја одбележал 65. годишнината од формирањето. Како пред помалку од една деценија ансамблите во него се поделија на самостојни - Албански театар и Турски театар - така и годинава секој од нив одбележува шест и половина децении од постоењето.