ДВА СВЕТА
удобен салон
светол и чист
два брачни пара
два света
нивниот дијалог е мачен
во салонот се распостила тегобноста
Африка – мизерија, војни, глад
Западот – лицемерство, декаденција, егоизам
сцената соборува со контекстот изречен од актерите
дијалогот продолжува со шамарање
по бурата емоции
нема промени
„... тоне се во фарисејство...“ (Б.Пастернак)
најпосле, тука е пластичната Пеги Пикит и дрвената фигура од Африка
повторно два света кои се разминуваат
да, Пеги гледа во лицето на Бога
но, Бог не гледа ништо
актерскиот квартет е умен и убав
ама еманира гнилеж и реа...
ах, тој несовршен свет
сепак, западот и африка, нешто ги поврзува
СИДА –та
зборот во пиесата авторот го споменува само еднаш
Тодор КУЗМАНОВ
МАКЕДОНСКО РАДИО
(Роланд Шимелфениг „Пеги Пикит го гледа лицето на Бога“; продукција, Турски театар – Скопје; режисер, Ивана Ангеловска; премиера, 2016 г.)