Живото си поигра.
Заминување. Жена сум на воин и војвотка сум твоја.
Водењето љубов низ тивката водена врелина, која се слизгаше врз мене, беше убавина од игра меѓу светлата од небото, месечините многу, што ткаеа месечева галаксија, таа ноќ беше посебна, како секоја кога сум при тебе, знаеш?! Посебна и последна, Ноќ во денот.
Мигот, не бира игра, кога може една жена да се разниша во љубовта. Иако се заколнала на љубов вечна, на чекање долго за навек. Тагата е болка, која не боли. Те тера само да бидеш во молк, и полека, те тера да полудуваш. Да ги собораш солзите во чаша, а солзата да има звук. Да дојде до тебе, да го чуеш, заробен во кругот, меѓу јажињата. Таа солза е тага, болка, пелин, отров, страст, љубов… Желбата да те вратам. Ти ја подарив чашата извагана од солзи, точно колку што треба. За да знаеш, за да почувствуваш, како жената љуби и молчи, во болка. Не е вкусна солзата матна, нели? Во неа е ставена цела една љубовна болка. Цел еден мој живот откако замина. Болка. Солза за која ти не знаеше. А би сакала да знаеш, додека ме нишаш на нишалката која не прави деца, а ти, и понатаму тонеше во гнев.
Ме направи тажна .. па полека се некако течеше, па повторен удар ми зададе. Мигот кога ме распна, ме закова со бакнеж, болен, бескрвен. Боли, болеа капките со кои врз мене закована ги истурав, ги истураше, ме камшикуваше, прочистуваше, а молкот, бурата животна ме земаше низ твоите тешки раце, сакаше да ми покажеш, дека не е лесно.
Капка до капка, болка до коски ме болеше, а молкот продолжуваше. За крај, за да ме добиеш. Дојде ударот. Голем, овој пат ми го пукна малку повеќе штитникот, ме разниша, паднав, но повторно се кренав. Војувам сеуште!!! А штитот никако да се залепи кревок е, од добар челик е… Од твоите раце е, твое дело е?! Во црвено ме потопи ме удави, во твојот воден, врел бакнеж. Смрт ми подари.
Штитникот! Да ти го пратам да ми го залепиш, да ми го поправиш, да се обнови. Ти знаеш тоа да го направиш тоа, нели?! Зошто ме сакаш многу, и знаеш дека на секој удар, паѓам ама не до дното. Таму штом стигнам, жена грешна од овој свет. Наместо камења. Вода фрлаа по мене. Но, и тоа ќе мине, погрдните зборови силно ги трпев. Зборот. Капките врз мене кои ги фрлаа. Уште посилно р‘теше во мене ркулцот кој ти со раѓањето си ми го ставил и тивко нечујно цвета. Тоа што ме уби, повтроно ќе ме роди и читај ми од усни Слава Твоја!
( инспирирано од претставата ” Отело ” на Турски театар )
Катерина Грозданова
Наше Театарче
http://teatarce.mk/