Актуелно

75 години гордост и радост за почеток на новата година со награда

75 години гордост и радост за почеток на новата година со награда

Оваа година, нашиот театар кој го слави 75-от јубилеј, со своето длабоко наследство кое се приближува кон еден век, продолжува со својот пат на посветеност и поврзување на уметноста и културата со општеството. Додека уживаме во гордоста да го пренесеме ваквото значајно наследство на новите генерации, сакаме да ја споделиме со сите љубители на уметноста, радоста на започнувањето на 2025 година со вредна награда.

Оваа значајна награда што ни ја додели Театарскиот весник- ,,Tiyatro Gazetesi”, кој има голем придонес во театарската заедница на Турција, има посебно значење за нас. Ова признание не е само за нашиот театар, туку и за напорната работа на целиот наш тим. Ние им благодариме на сите наши уметници, вработени и на нашата верна публика која секогаш не поддржува.

Возбудата од новите претстави, радоста од учеството на фестивали и подготовките за нови проекти, ја прават оваа година уште попосебна. Ние го славиме нашиот 75-ти јубилеј не само со гордост за минатото, туку и со надежи и цели за иднината.

Покрај тоа, една од најубавите вести по повод нашата 75-та годишнина е и потврда за нашите меѓународни успеси.  За нас претставува голема возбуда заради тоа што во 2025 година, добивме специјални покани од владите на  
Р. Унгарија и Р. Турција, да гостуваме со нашите претстави.Овие покани уште еднаш покажаа дека уметничките дела на нашиот театар имаат универзална вредност. 

Нашиот театар, како и во изминатите 75 години, продолжува да ја величи уметноста да влијае на општеството и да ја одржува магијата на театарот. Ова признание и нашите меѓународни успеси се важни показатели што нè мотивираат да достигнеме поголеми цели во 2025 година.

Се заблагодаруваме на сите љубители на уметноста и на нашата публика која нè поддржува во ова долго патување и им посакуваме на сите 2025 година исполнета со уметност.